Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Мислења

Предизвици без прашина

Исмет Рамадани

Во НАТО и во ЕУ има правила на однесување кои се во наша корист, посебно во поглед на меѓуетничките релации и националниот идентитет


Кога се размислува за зачувување и унапредување на односите меѓу заедниците, некако индикативно се наметнува општата политичка клима во земјата. Во меѓународната номенклатура овие односи се третираат како меѓуетнички односи и заземаат големо значење во градењето на едно демократско цивилизирано општество. Затоа, секој обид да се градат добри и хармонични меѓуетнички односи надвор од севкупните збиднувања во земјата, се само пусти желби на добрите луѓе.

Македонија како држава е посебен пример и за регионот, па и за цела Европа, за тоа што навистина значи мултиетничко општество. Националниот, јазичниот, културниот и верскиот диверзитет со кој располага Македонија е голем плус за нас во нашето претставување на меѓународната сцена, затоа и без сомнение треба да пристапиме позитивно при негувањето на меѓуетничките односи и нивното промовирање и развивање. Помина времето кога доволно беше да се напишат уставни и законски одредби кои ги регулираат правата на заедниците, а тие никогаш во целост да не се спроведуваат во секојдневјето. Денес кога заедниците се организирани во разни политички и невладини организации, со нивни претставници во органите и институциите на државата, не може никој да ги замолчи во намерата гласно да ги бараат своите легитимни права. Секое замижување и одлагање на остварувањето на националните права на заедниците само ја продлабочува кризата во меѓуетничките односи, а тоа директно влијае во нормалниот развој на демократските вредности. Затоа, никогаш не треба да се помириме со оние кои свесно или несвесно создаваат нервозна политичка клима, ловејќи во матно, божем остваруваат некакви патриотски цели, а во суштина го доведуваат во прашање најбитното - постоењето на државата.



Во едно мултиетничко општество, меѓуетничките односи освен што се регулираат со уставни и законски рамки, кои треба, се разбира, да се спроведуваат и почитуваат, многу важна улога имаат и политичките субјекти. Особено е важно како и колку нивното водство ги афирмира позитивно културните, верските и јазичните разлики во секојдневјето. Да живееш во држава која веќе има статус на кандидат за членство во ЕУ и исполнети услови за НАТО (пречка е само проблемот за името со Грција) и да не промовираш добри меѓуетнички односи, не значи ништо друго, освен нерационално однесување и промашување на патот што води кон демократски и цивилизиран свет. Кога велам да промовираме добри меѓуетнички односи, тоа треба да значи хармоничен и толерантен однос кон разликите кои составуваат еден мултиетнички мозаик, кој е толку видлив во очите на другите. Во спротивно, секој наш обид за лажно промовирање ќе биде само фарса, која нема да биде наше внатрешно убаво чувство да се живее во мултиетничо општество.

Во денешниот свет со толку силна тенденција на глобализација, со толкава фреквенција на блиска и далечна комуникација меѓу луѓето, некој да се прави „важен“ кај своите дека тој ќе им ги скрати легитимните етнички права на другите е чиста глупост. Едно вакво однесување предизвикува ирационална реакција од типот „подготвени сме да гинеме за остварување на нашите етнички права“, што е исто толкава глупост за едно модерно цивилизирано општество. Едноставно, за жалење се тие што не ја разбираат суштината и убавината на тоа да бидеш дел од културниот диверзитет на едно модерно и богато мултиетничко општество.

Ако се искрени нашите стремежи да станеме земја-членка на НАТО и на ЕУ, тогаш треба да ни биде кристално јасно дека таму има правила на однесување кои се во наша корист, посебно во полето на меѓуетничките релации и националниот идентитет. Замислете какво богатство и гордост за една нација е да се биде дел од културниот и јазичниот диверзитет во големото семејство на Европската унија. Не е ли убаво национално чувство и гордост за една земја кога во Европскиот парламент со дваесет и неколку кабини за преведувачи се преведува и говорниот јазик на нашите идни евро-парламентарци, кога тие од говорницата се обраќаат на сопствениот јазик?!



Ако некој мисли дека ваквите размислувања се некаква утопија или премногу идеализирана желба, мислам дека не се во право. Длабоко сум убеден дека земја која веќе има статус на земја-кандидат во ЕУ и ги исполнува критериумите за членство во НАТО, има реални шанси да биде дел од една целина која се нарекува модерно демократско цивилизирано општество. Прифаќам и други размислувања за добри меѓуетнички односи и нивното влијание во процесот на евроатлантските интеграции, но не со алтернатива и замена која натрупува премногу конформизам и декларативност. Предизвиците ЕУ и НАТО бараат многу труд, компромиси, прагматичност и позитивен приод кон решавање на проблемите. Во нашиот случај, проблемот за името со Грција ни создава дополнителни тешкотии да одговориме на овие предизвици, но нема враќање назад, мора да се најде компромисно решение, донесувајќи консензуална меѓуетничка, меѓупартиска и државничка одлука. Ако тргнеме од една мисла на Конрад Аденауер, кој вели „сложеното мора да се упрости за да се реши“, тогаш и проблемот со Грција е едно комплексно прашање кое мора да се упрости со цел да се најде одговор за него. Можеби во дадената ситуација одлуката за промена на името ќе биде малку болна за нас, но не треба да заборавиме дека таа е и единствената можност да го избегнеме наредното ВЕТО на соседот Грција, на нашиот пат кон евроатлантските интеграции.

Значи, прифаќам и друг пристап кон овие размислувања, но никогаш нема да се согласам со тие кои протежираат постапки за нарушување на меѓуетничките односи со отворање рани, создавање конфликти со трагичен епилог за обичните недолжни луѓе. Искрено барам истомисленици и критичка мисла, предизвиците кон кои се стремиме, а тоа се ЕУ и НАТО, да бидат појасни и почисти од разни архивски документи кои обично се покриени со малку прашина и често се и погрешно читани.

(Авторот е поранешен пратеник)


Статијата е прочитана 608 пати.

Испрати коментар

Од: Cane
Датум: 20.12.2008 00:23:46
Nema sto, gospodine Ramadani, potpolno se soglasuvam so vas.
Од: Göran
Датум: 20.12.2008 03:08:18
Promena na imeto? Da ne si preladen pa buncash? Jas nemam problem so imeto, a toj sto ima i mu smeta toa, toa e negov problem. No toa ne znaci deka toj ima pravo da me maltretira so svojot problem. Odi si na lekar i leci se. Makedonija za NAVEK. Pa kako miluvate.
Од: zelezara
Датум: 20.12.2008 11:19:10
Do Goran.Ako nemas ti problem so imeto koj ima Grcka?Pa Grcka e clenka na site megunarodni institucii,cleka na Nato,EU,bas i e gajle na Grcka dali ke go resime sporot so imeto ili nema.Jasno ni poracaa od EU dodeka nese resi sporot so imeto nema itegracii vo Nato i Eu.Najsiromasna drzava sme vo evropa i ti mi kazuvas ne sme imale problem.Zato od pogolemo znacenje e za Makedonija sto pobrzo da se resi sporot so imeto da moze veke ednas da ziveeme kako site normalni luge vo evropa,amo so takvi kako tebe sto razmisluvaat moze da ja sanjame evropa
Од: Pirin
Датум: 20.12.2008 16:32:22
tocno e gos.ramadani da site institucii vo makedonija se vlezeni vo sistemot na zemjata ali sepak treba ednas i zakonot da navleze vo tie institucii zasto ocigledno je vo nekoj institucii kako sto se religiite zakonot vo opste ne se prepoznava,i vo dvete glavni religii vladee apsolutnosta na ne davanje na nikakov otcet pred nikogo.
Од: Velbi
Датум: 20.12.2008 18:00:25
Gospodine Ramadani sakam zamo dva tri zbora da ti kazam, sto se odnesuva na edna vasha rechenica da se PROMIVIRA na globalna smisla mislam, deka sto se odnesuva do albanskite politichati, pratenici, i neznam sto i taka nataka, oni promovirat PASIVIZAM, vo znachenje i motivacija na nezainteresiranost vo smisla na RAZUMOT za pridones vo opstestvoto, lichno Vie kazetemi koga ste napravile edno dobro za lugjeto, i koe e to dobro

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Три години затвор за Кирил Тодоровски
n1
Опозициски жар на претседателот
Каде е Александар?
Србија ја укина казната за клевета на политичари
Прилепските сарми влегоа во Гинисовите рекорди
Судството падна на ниски гранки
Нафтата падна на 33 долари
Бруто или нето-платите се исти
Опасен експеримент
Се бара и политичка одговорност за патриотските сметки