Нафтата падна на 33 долари
ЊуЈорк - Цената на нафтата вчера забележа пад поради стравувањата дека светската економија ќе западне во уште поголема рецесија од сегашната, што се смета за најголем во изминатите четири и пол години. Лесната сурова нафта за испорака за јануари на Њујоршката стоковна берза се намали на 33,44 долари за барел, што е најниска цена од 2 април 2004 година. Цената на нафтата е намалена за околу 77 проценти во однос на јулскиот рекорд од 147,27 долари за барел.
Европскиот брент за испорака за февруари, пак, се зголеми за 81 цент и достигна цена од 44,17 долари за барел.Економски аналитичари велат дека цените на нафтата може да бележат уште поголем пад поради глобалната финансиска криза. (МИА) |