Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Бруто или нето-платите се исти

Даноците се намалуваат за 3,6 отсто, но симболични се заштедите на средства за работодавците

Маја Томиќ


Поголемиот дел од вработените во државата не треба да стравуваат за висината на своите идни плати. Тие ќе бидат исти како досегашните. Со новиот концепт за пресметка и исплата на цела плата, или бруто-плата, кој ќе се спроведе од 1 јануари 2009 година, вкупните давачки за плата се намалуваат, од досегашните 32 на 28,4 отсто. Платата што ќе се добива ќе биде исплатена заедно со износите за храна и превоз кои досега не се пресметуваа со платата со мали корекции. Така, на пример, ако вработен примал бруто-плата од 34.225 денари, односно чиста плата од 22.700 денари, заедно со хранарината и превозот, јануарската плата ќе му изнесува 22.754 денари или таа ќе биде зголемена за 54 денари.

Додека за лицата со просечни и натпросечни плати нема да има промени во примањата, извесни проблеми може да се јават за вработените во текстилната, кожарската или другите дејности, каде што платите се под републичкиот просек на бруто-плата. За овие вработени, кои имаат по 4,5 или 6 илјади денари плата, работодавецот ќе мора да уплаќа придонеси како да примаат просечна бруто-плата. Бидејќи нема да може да се плаќаат придонесите за износи на плати пониски од 50 отсто од просечната бруто-плата што ќе се утврди во јануари. Зголемените трошоци за работодавецот можат да значат намалување на бројот на работниците.

За разлика од оваа категорија вработени, за оние лица што имаат плати поголеми од четири просечни бруто-плати, работодавците ќе плаќаат придонеси за тој износ, а на износот поголем од четирите бруто-плати ќе се плаќа само 10 отсто персонален данок.

Колкави ќе бидат заштедите за работодавецот со исплатата на бруто-платата? На пример, ако досегашната нето-плата на работник била 20.350 денари, сите давачки на работодавецот за придонеси и персонален данок изнесувале 12.526 денари. Отсега тој ќе треба да плаќа 12.351 денар или ќе му останат плус 175 денари. Ако станува збор за нето-плата од 18.700 денари, досега се уплатувале по 11.466 денари, а отсега ќе се плаќаат 11.440 денари или за фирмата остануваат 26 денари. Ако компанијата има 100 вработени, со таков просек на плати, значи на годишно ниво ќе се заштедат околу 31.000 денари. Што се однесува за ниските плати, работодавецот ќе треба да уплатува извесни средства. На пример, за нето-плата од 9.200 денари, без храна и превоз, досегашните давачки биле 5.747 денари, а во иднина ќе се плаќаат 6.191 денар или ќе треба да се доплатуваат по 444 денари за да се постигне минимумот за придонеси од една просечна бруто-плата.

Како ќе се одрази системот на бруто-плати врз вработените во фирми кои не исплатуваат редовно плата или каде што се пријавуваат помали износи, а остатокот се исплатува на рака заради помали давачки или онаму каде што воопшто не се исплатуваат хранарина и превоз, останува да се види. Според Владата, она што е корисно за работодавците е што ним ќе им остане простор за заштеда на средства, кои ќе ги искористат во други намени, како на пример за инвестиции или нови вработувања. Владата најави дека една од главните придобивки од бруто-платите ќе биде намалување на невработеноста.


Статијата е прочитана 1150 пати.

Испрати коментар

Од: gv
Датум: 20.12.2008 09:05:26
Ona srpskata progovorkja pricam te pricu.Aferem za min.Slaveski.
Од: Maja
Датум: 20.12.2008 16:18:19
Vladata najde nov nacin da pere pari. So zdravje.
Од: unishten makedonec
Датум: 20.12.2008 16:49:57
Se shto fati golemiot ekpert po ekonomija po direktiva na magisterot (NG)teshko kje go vratime vo normala!
Од: ljupco,bitola
Датум: 20.12.2008 19:03:59
Математиката е многу егзактна наука,не трпи никакви прескакулици со бројките.Со вака презентираните бројки од ваша страна,са некои нецелосно прикажани пресметки ја постигнавте целта,сега ми е уште понејасно како се пресметува платата.Или баш тоа и ви беше цел?
Од: Toni
Датум: 20.12.2008 19:17:11
Dajte ve molam dosta samo kritikuvate pa sekade se presmetuva plata na ovaj nacin. Svatete ednas i ako si opozicija vo edna drzava , DRZAVNITE INTERESI PRED SE.
Од: vlatko
Датум: 20.12.2008 20:40:36
Alal da mu na prikaskata na Gruevski sega neka potrosi 5.000.000 Evra za reklami da kaze kolku zastedil, kolku e pametena vladata i ubava. Neka ni e zdravje i dodeka ne napravime protesti kako vo Grcija deckoto ke si se rasfrla so narfodni pari i ke si kazuva prikazni.
Од: Трпе
Датум: 20.12.2008 21:05:14
ЕПП владата на РМ , гради алиби.Сакат мегу лугено да створит немири и да фатат џејнем.Наместо нови вработуванја , сигурно работодавците ке вршат намалуванје на вработените.Ако сакале газдине и ако можеле и досега ке давале поголеми плати.Сигурен кар ке има само профитерската влада .
Од: petar
Датум: 21.12.2008 09:31:11
sustinata e vo toa deka i na hranarinata i na prevozot ke namalat po 33% znaci deka dopolnitelno ke ne osiromasat . zosto ne kazuvaat deka iden denesen zapiraat za vrabotuvanje neka gi vidat listite za plata od bolnocite i zdrastvenite ustanovi kade se tie pari i kogo i kade vrabotile ako nee partiski znaci niv gi plaka narodot ako tie nisto ne rabotat posto se od ovaa ili onaa partija .

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Три години затвор за Кирил Тодоровски
n1
Опозициски жар на претседателот
Каде е Александар?
Србија ја укина казната за клевета на политичари
Прилепските сарми влегоа во Гинисовите рекорди
Судството падна на ниски гранки
Нафтата падна на 33 долари
Опасен експеримент
Предизвици без прашина
Се бара и политичка одговорност за патриотските сметки