Руперт Гринт
Болен од свински грип

Актерот Руперт Гринт, кој се прослави со улогата на Рон Весли во филмскиот хит „Хари Потер“, на снимањето на продолжението на овој филм добил свински грип.
Давесетгодишниот актер пред неколку дена на снимањето на новото продолжение на филмот во Британија почувствувал дека има зголемена температура и болки во стомакот. Набрзо Руперт бил пренесен во болница, каде што било констатирано дека боледува од свински грип.
Гринт бил хоспитализиран, а по добиената терапија, состојбата му е стабилна.
Тој ќе присуствува на лондонската премиера на филмот „Хари Потер и полукрвниот принц“.
„Вистина е дека Руперт Гринт има свински грип. Поради вирусот, тој неколку дена паузираше од снимањето на филмот. Бидејќи навреме ги почувствува симптомите, Руперт успешно е излечен и се враќа на снимањето, а потоа ќе присуствува во Лондон на премиерата на ’Хари Потер и полукрвниот принц‘“, изјавил менаџерот на актерот.
Актерот прв пат се појави пред камерите во 2001 година, кога е снимен првиот дел на „Хари Потер“ во улога на Рон Весли, најдобриот другар на Хари Потер. |