Крис Браун
Новата девојка - клон на Ријана

Лосанџелескиот насилник Крис Браун изгледа го заборавил срамот околу претепувањето на бившата девојка Ријана. Барем така може да се заклучи според фотографиите на кои ни малку не изгледа дека се покајал за своите постапки.
Крис во последно време постојано е на забави, каде што во друштво на познати девојки ги поминува долгите ноќи, а негова нова девојка е пејачката Тејана Тејлор, која своето ново момче во чекор го следи на сите луди забави.
Освен што се покажа како добар партнер за забави,Тејана, ако се прашува Крис, има уште една непроценлива позитивна страна - иста е како Ријана.
Среќниот пар неодамна се забавувал кај раперот Пи Диди, кој е познат по добрите забави. Иако папараците успеале да фатат неколку жешки фотки од новопечените љубовници, тие и понатаму тврдат дека меѓу нив нема ништо.
Крис Браун и Тејана Тејлор прв пат се видени заедно на безбол-натпревар во Лос Анџелес, во почетокот на минатиот месец, но како искусни во шоу-бизнисот, својата врска се' уште се обидуваат да ја скријат. Меѓутоа, Тејана тогаш за еден таблоид изјавила дека Крис и' е како брат и дека таа е покрај него, без оглед на се' што се случило помеѓу него и Ријана. |