Мадона
Совет за Деми и Ештон да посвојат дете од Малави

Поп-кралицата Мадона се обидува да ги убеди Деми Мур и Ештон Качер да посвојат дете од Малави. Мадона е долгогодишна пријателка со славната глумица и сака Деми и Ештон да тргнат по нејзините чекори, па семејството да го прошират со дете од африканска држава.
Мадона го посвои синот Давид од Малави, а неодамна ќерката Мерси.
Извор близок на пејачката изјавува дека Мадона се обидува да ги убеди Деми и Ештон прави уште кога го посвоила синот Давид.
Деми Мур (46) се омажи пред пет години со Ештон, кој е помлад од неа петнаесет години, а од бракот со Брус Вилис има три ќерки.
Иако Деми и Ештон имале обиди за да добијат свое дете, тоа не им успеало. Деми имала спонтан абортус.
|