Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

МАЈКЛ ЏЕКСОН

Неофицијално - погребот денес на гробишта во Лос Анџелес

Единствената полуофицијална индиција дека семејството на Мајкл Џексон ќе го испрати за последен пат на лосанџелеските гробишта Форест лон дошла од полицијата на Лос Анџелес. Помошник-шефот на полицијата Џим О’Донел изјавил дека вработените на тие гробишта соработуваат со семејството Џексон во планирањето на последното испраќање, но не е потврдено дека кралот на попот навистина ќе биде погребан во Форест лон.

Погребот во кругот на најблиските ќе биде само еден дел од денешните случувања, кога е планирана и голема комеморативна свеченост во Сетјплс центар во Лос Анџелес, каде што ќе присуствуваат 8.750 обожаватели, кои освоиле влезници на интернетска лотарија, но и милиони луѓе од цел свет, бидејќи тој настан ќе го пренесуваат најголемите светски телевизии. За влезниците се пријавиле еден милион и 600 илјади обожаватели.

Семејството на пејачот не потврдило официјално каде ќе биде закопан Џексон. Само се знае дека најблиските ќе се простат од него во вторник наутро. Исто така, според изјавите на официјалните лица од компанијата „АЕГ лајв“, која ја планира јавната комеморација, не е предвидена процесија со посмртните останки на Мајкл Џексон низ улиците на Лос Анџелес.


Статијата е прочитана 967 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Совет за Деми и Ештон да посвојат дете од Малави
Главна ѕвезда на лондонската геј-парада
Новата девојка - клон на Ријана
Болен од свински грип