Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

БоJ ЏорЏ

Главна ѕвезда на лондонската геј-парада

Британскиот пејач и текстописец Бој Џорџ, кој во мај беше пуштен од затвор, откако лежеше пет месеци поради киднапирање и претепување на машка проститутка, бил главна ѕвезда на овогодинешната геј-парада во Лондон. Во друштво на останатите хомосексуално ориентирани луѓе, Бој ширел порака на љубов и толеранција. Со нападен изглед, бившиот затвореник не ја симнувал насмевката од лице.

Ова бил негов прв јавен настап откако беше осуден. Бој Џорџ и Норвежанецот, претепаниот Аудун Карлсен, се запознале на Интернет, а нивното прво дружење било во станот на пејачот, каде што уживале во кокаинот. Карлсен му позирал гол на Џорџ, а по фотографирањето пејачот со лисици го врзал за ѕидот на спалната соба. Жртвата се обидувала да се извлече од лисиците, меѓутоа бил спречен од удар со метален синџир. Бој Џорџ извлекол кутија во која се наоѓала цела садо-мазо опрема, а се шпекулира дека во нападот му помогнал и непознат маж. Сега целиот скандал е зад Бој Џорџ, кој со гордост позира со плакати: „Господ ги сака педерите“.


Статијата е прочитана 648 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Неофицијално - погребот денес на гробишта во Лос Анџелес
Совет за Деми и Ештон да посвојат дете од Малави
Новата девојка - клон на Ријана
Болен од свински грип