Лидерот на ДУИ ја разреши дилемата: не размислува за напуштање на коалицијата
Александра М. Митевска Гојко Ефтоски
Сега се' зависи од ДУИ! Таква фама подолго време се создава околу владејачката партија од албанскиот блок, на која, од друга страна, постојано и' се забележува дека е во подредена позиција во однос на ВМРО-ДПМНЕ.
Според тоа, од маргинализирана партија се очекува да изврши притисок врз премиерот Никола Груевски за решавање на спорот со името и да ја принуди ВМРО-ДПМНЕ на порационално дејствување за прашања што ги допираат меѓуетничките односи. Послабиот коалициски партнер се претставува и како фактор што може да предизвика политичка криза, да ја напушти власта и да иницира предвремени избори.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов делумно ја разреши дилемата што повторно почна да кружи низ јавноста кога коалициските партнери влегоа во нова етапа несогласувања - околу уставните измени, селективната употреба на албанскиот јазик во парламентот и хашките случаи. Најлесно е ДУИ да ја напушти власта, рече Ахмети, посочувајќи дека владејачката коалиција е стабилна и дека неговата партија не размислува за излегување од неа, бидејќи тоа би било штетно за државата.
„Наша желба е да бидеме корисни и заедно со партнерите во власта и со меѓународните фактори да работиме за што побрзо да ги надминеме проблемите и да продолжиме кон евроатлантскиот пат“, одговори Ахмети на новинарските прашања дали коалицијата ќе се растури ако до јуни не се најде решение за спорот со Грција.
На прославата во тетовско Желино, по повод годишнината од победата на ДУИ на локалните избори, Ахмети наведе дека постојат разлики меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, но дека во демократијата тоа се смета за природно. Според него, основно е дека се почитуваат главните принципи на спогодбата за формирање на коалицијата. Сепак, ДУИ нема намера да се откаже од барањето најавените уставни измени да го опфатат и Уставниот суд, покрај иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за промени во персоналниот состав на Судскиот совет.
„Уставните измени се повеќе од оправдани. Не може се' да се содржи во Рамковниот договор. Измените во Уставот што ги предлагаме се во согласност со духот на тој договор. Бараме во Уставниот суд законите да се поништуваат со двојно мнозинство. Ќе продолжиме да ги образложуваме нашите предлози и ќе се бориме за нивна примена по правен пат“, нагласи Ахмети.
Прашањето за статусот на ДУИ во рамките на власта, всушност, може да се постави на два начина: Дали оваа партија, навистина, е толку моќна како придружник на владејачката композиција, чија „локомотива“ има дури 63 пратеници во парламентот? Или дали интегративците реално се толку слаби за да не може да се справат со каприците на подоминантниот партнер?
Аналитичарите коментираат дека работите не треба да се набљудуваат во црно-бела комбинација, особено ако се има предвид апсолутното мнозинство со кое располага ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, што е позиција со која теоретски може да се владее и без коалициски партнер од албанскиот блок. Друга работа е што таква влада не би имала политичка поддршка од партиите од албанскиот камп и што ДУИ има речиси двојно повеќе пратеници од другите парламентарни партии на Албанците, така што е тешко да се замисли нормално функционирање на власта со друг партнер. Освен ако не се ризикува враќање на тензичната ситуација кога ДУИ остана во опозиција, и покрај тоа што доби најголема доверба од албанскиот електорат.
Од друга страна, пак, по растурањето на традиционалното сојузништво меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА во 2008 година, Мендух Тачи во неко��ку наврати потенцираше дека не би коалицирал повторно со Груевски. За Нова демократија, која почна да ја губи силата на терен, пак, се зборува дека се' повеќе ги затоплува релациите со ДУИ, дури и дека е во оптек заеднички настап на двете партии контра ДПА на следните парламентарни избори.
Аналитичарот Ризван Сулејмани вели дека од формално-правен аспект можна е влада без ДУИ. Според него, отсуство на партнер од албанскиот политички блок, сепак, би претставувало преседан во плуралната историја на земјата. Но, тоа отсуство би можело да се надомести со вклучување министри - Албанци на експертско ниво, бидејќи ДПА и НД тешко дека би се нафатиле да влезат во власта, имајќи го предвид искуството од периодот 2006-2008 година. Но, прашање е, објаснува Сулејмани, колку време би функционирала една таква влада.
Според него, погрешен е пристапот со постојаните лицитирања дали и кога ДУИ ќе излезе од коалицијата и дали тоа ќе значи вовед во нови вонредни избори.
„Изборите не би го смениле драстично распоредот на силите на политичката сцена. Затоа прашање е што ќе се добие со избори, освен што ќе се изгуби многу време“, вели Сулејмани.
Тој оценува дека позицијата на ДУИ во власта не е толку слаба, како што се доживува во јавноста, бидејќи оваа партија успеала да амортизира многу проекти на ВМРО-ДПМНЕ што наишле на неодобрување меѓу албанската заедница. Во тој контекст ги спомнува повлекувањето на енциклопедијата, непримената на одлуката сите првоодделенци да учат македонски јазик, стопираната изградба на црква на плоштадот...
„Проблемот е во тоа што тие проекти фуриозно се најавуваат, а потоа власта се повлекува од нив чекор по чекор, така што се создава привид дека ДУИ е во подредена позиција“, забележува Сулејмани.
Комуникологот Петар Арсовски, пак, во колумна во нашиот весник посочува дека на ВМРО-ДПМНЕ и' одговараат избори во што побрз рок и дека изборната позиција на владејачката партија би била посилна ако се настапи без „свиткан ‘рбет“ за името. Затоа, како што посочува Арсовски, на ВМРО-ДПМНЕ дури и' одговара ДУИ да ја напушти Владата, бидејќи тоа е најбезболна увертира за посакуваните вонредни избори. „Наспроти овој процес, ДУИ е во сериозна спрега со меѓународната заедница, која, меѓу другото, ја доживува како посериозен партнер за решение со името. Затоа ќе биде многу тешко да се ’избрка’ ДУИ од владината коалиција и да се спроведат избори без решение за името“, заклучува тој.
imaat edna zaednicka rabota koja od se poveke gi vrzuva edni so drugi TENDERITE!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 19.04.2010 00:21:41
g-dine Ahmeti podrska za vas i ako Gruevski prodolzuva so vakvi losi,iracionalni so somenie za kriminal kako proekti ,,Skopje-2014,, bi vi preopracal da razmislite izlez od kolacijata. Nemojte da bidete vo podredena uloga vo odnos na VMRO-DPMNE koj ne raboti vo imeto na site gragani na Makedonija. Za toa so vasiot izlez ke so dobie uste pojasna slika preku izbori da se dokaze deka VMRO-DPMNE loso ili dobro raboti i dali ke dobie podrska. Vo podrskata na DUI vo albanskiot blok ne somnevam kako najjaka partija i sugurna pobeda na DUi. Izleguvanjeto na DUi od ovaa podredena uloga samo ke ja zajakne ulogata na DUI i vo interes na Makedonija. A Gruevski da se razmisli kade odi so svoite potezi kako premier dali e na site gragani ili samo na onie koi go podrzuvaat...a drugite dali se od vtor red.???
Од: mehmed
Датум: 19.04.2010 00:22:35
Gladna kokosska proso sonuva. So meseci go ubeduvate DUI da izleze od vlada. A zossto da go napravi toa.SSto bi smenilo toa za DUI. Sega ke go ubeduvate da ostane. Boooring. Ahmeti e odliccen politiccar. On e good cup, a Ermira i Teuta bad cups. Ha ha ha,
Од: nacional-patriot
Датум: 19.04.2010 02:34:07
VMRO-DPMNE se odnesuva onaka kako sto treba da se odnesuva mokna partija so apsolutno mnozinstvo vo parlamentot i mnogu visok rejting.Se sekavate kako se odnesuvase SDSM koga bese na vlast so DUi,podanicki i so stravopocit kon DUI.Zatoa gubi izbori i ponatamu ke gubi opozicijata izbori.Nabroenite proekti od vlasta ne se otkazani,tuku odlozeni,a nikoj javno ne se otkazal od niv.Vo vrska so imeto,DUi sakal -nekel ke mora da prifati deka dodavka na imeto na drzavata nikogas nema da ima.Patem da mu se izvinam na vonzemjaninot od crnata vselena,bidejki mu go smeniv imeto.Nevnimatelno go procitav negoviot potpis,no takvite kako nego so svitkani kicmi za sreka se malcinstvo vo Makedonija.
Од: diplomat
Датум: 19.04.2010 02:37:50
Gruevski se plasi od izbori sto nema rejting,sekogas osven 06 dobil izbori kasapanski,(cudno,toa ne se analizira),mk nema slobodni izbori.A od druga strana ne e drzavnik da resava takov spor,za imeto!No se plasi da go napusti vlasta za odgovornosta kako minister za trgovija+finansii:okta.. 98-2002,swedmilk..2006-10;A kako sto se izzema od odgovornost lupco so vladini odluki od sudovite,taka i za branko,zatoa on spokojno predlaga 'nezastaruvanje'.Branko ima rejting,ke gi dobie izborite,no i toj ne e kao gligorov,buckovski drzavnik da go resi imeto,zatoa nesaka predvremeni izbori!!! Imeto mora da se resi,toa e preduslov makedonija da opstoi kako drzava.Toa go bara SAD,EU jasno i glasno!Idzet memeti,m. za pravda 2001+predlagac na zakonot za amnestija tvrdi deka vazi za site slucai,pokrenati od mak sudovi,avtenticna+istorijska interpretacija,koi tek potoa bea prevzemeni od hag,a nemase obvinenie-megunarod pravo ne e povredeno !Drugo e slucajot luboten,pokrenat+procesuiran+odluka od hag!
Од: забеган
Датум: 19.04.2010 07:38:11
Насловот кажува сееееееее.
Од: vaga957
Датум: 19.04.2010 08:50:56
Рака за рака и гитлаааааааааа
Од: petre
Датум: 19.04.2010 09:34:26
nema popustawe Nie sme Makedonci,neka kaze Ahmeti dali bisi go smenil imeto i identitetot na ni treba Evropa
Од: до трпе од градско
Датум: 19.04.2010 10:26:40
Г-дине нас не ни трепа непријател однадвор, сами ке се уништиме одвнатре.
Од: Дураку
Датум: 19.04.2010 10:38:36
Ахмети и Груевски заедно ќе потонат. ДУИ игра истовремено влада и опозиција, но тоа нема да помине.
Од: recenzent
Датум: 19.04.2010 11:57:40
Не се согласувам,Грујо има цифра од над 61 пратеник. Грујо може без Али.
Али пак, може кога сака да си оди од коалицијата, никој не го држи. Ако стварно не му чини нека си оди, да видиме.
Оставето го тоа, Грујо е јунакот кој се изнајде да му дотера ум на Али, за разлика од претходно, кога Али дрмаше на нашата политичка сцена, и кога сите останати (Бранко,Х.Костов,Бучко) плачеа од него немоќни да го стават во ред. Грујо е јунак. Ајде да видам, нека излезе Али од коалицијата.
Од: Artan
Датум: 19.04.2010 12:02:29
Kako Ahmeti edno vreme zborea i Xheladin Murati i Abduraman Aliti, i gradjanite od Albanska nacionalnost mnogu dobro znaat kako ja kaznija ovaa "janicarska" politika - so skoro NULA glasovi na mnogu izbiracki mesta vo zapadna Makedonija za PDP.
Golema sreca e sto ovoj proces na "prosperitetizacija" go ima zafateno i DUI, poleka no sigurno ce isceznat od politickata scena. Sto pobrzo, toa podobro za drzavata - no idealno bi bilo toa da odi vo paket so Grujo !
Од: st5
Датум: 19.04.2010 16:04:34
bravo do premierot, samo so vakvi odluki i postapki ke prodolzime napred od kontekst na eden podobar megjuetnicki zivot vo R.MAKEDONIJA