Дваесет години ПДП
ТЕТОВО - Партијата за демократски просперитет во саботата ја одбележа 20-годишнината од своето постоење. На политичката сцена во Македонија ПДП се појави на 15 април 1990 година како прв политички субјект на Албанците во државава. Свеченостите се одржаа во селото Џепчиште на местото каде што е извршен чинот на формирање.
„Како што се појави пред 20 години за остварување на националните и на политичките идеали на Албанците во Македонија, така и сега имаме нов почеток за решавање на албанското прашање. Повторно почнуваме како гласник на автентичните аспирации на Албанците. Нема да успеат манипулациите за уривање на нашата партија, а ќе им се спротивставиме на сите политички кругови што настојуваат да ја маргинализираат ПДП“, истакна Сефедин Харуни, актуелен претседател на партијата. (Г. Е.) |