Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Нуркачите бараат старо оружје

Охрид - Охридските нуркачи до 24 април ќе бараат старо оружје на дното на езерото кај месноста Сараиште. Станува збор за продолжување на проектот од пред две години кога на истиот локалитет беа најдени и препарирани 70 парчиња турски кубури, пушки и сабји од 17 и од 18 век.

„Се претпоставува дека оружјето е фрлено при изведување на акцијата на отоманската власт за разоружување на населението што во охридската каза било изведено на 15 август 1910 година. Акцијата се одвивала три дена во Охрид и седум дена во селата. Биле собрани 400 парчиња оружје“, вели Никола Целакоски , кустос-историчар во Завод и Музеј од Охрид. Според турски документи, акцијата не била успешна, па затоа биле блокирани куќите и дворовите, а подоцна била воведена воена состојба за разоружување на Битолскиот округ. (С.И.)


#
Статијата е прочитана 447 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Борис Стојчев 1924 - 2010, научник
„Бигорски“ го чека обновувањето
Градоначалниците обединети против конфискацијата
Дваесет години ПДП
Црвенковски
Груевски и Ахмети судени еден на друг