Измените на Законот за работни односи ги скараа синдикалците
Додека ССМ најавува протести, КСС ги брани владините потези
Маја Томиќ
Конфедерацијата на синдикатите на Македонија (КСС) и Сојузот на синдикатите (ССМ) ги конфронтираа своите ставови околу најновите измени на Законот за работни односи. Додека ССМ повторно оцени дека со измените на ЗРО драстично се намалуваат стекнатите права на работниците, од ККС сметаат дека непотребно се крева паника кај работниците со изнесување само на делови од Законот.
Според Драги Јовановски од ССМ, не постојат никакви оправдани аргументи зошто Владата го менува ЗРО. Дојчин Цветановски, пак, од КСС потенцира дека ССМ создава неповолна клима кај работниците. „Создадовте исклучително лоша клима кај работниците и кај јавноста, читајќи само еден став од одреден член, намерно испуштајќи го другиот“, потенцира Цветановски на завчерашната тркалезна маса за ЗРО, во организација на КСС. Тој додаде дека КСС останува на ставот дека треба да биде донесен нов закон за работни односи, како и закон за минимална плата, за штрајк, за синдикатот и за колективно договарање. И Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавците смета дека ваков закон треба да биде донесен со консензус на сите социјални партнери. И според заменик-министерот за труд и социјална политика, Спире Ристевски, ССМ тенденциозно и само делумно ги толкува измените од ЗРО и потсети дека Законот е донесен според европските директиви и во функција на подобрување на бизнис-климата.
Инаку, ССМ за денеска најави прес-конференција на која ќе ја изнесе одлуката за организирање протести поради донесените измени во ЗРО. Уште пред Собранието да ги усвои измените ова лето, ССМ реагираше во јавноста за законските новини кои уште повеќе ги скусуваат правата на работниците. Синдикатот ги достави забелешките до Собранието во форма на 13 амандмани и инсистираше да има расправа за нив, но не се случи тоа и пратениците без расправа го усвоија законскиот текст.
ССМ бараше договорите за работа на определено време да бидат најмногу две години, а не пет, како што стои сега во законскиот текст, да се брише членот со кој работодавците ќе можат да ги отпуштат работниците од деловни причини, а на нивно место да вработуваат други. Според сегашните измени, на работникот веќе нема да му се плаќа за работа во неделите, а тој ќе може и неограничено да работи во ноќната смена, на што, исто така, реагира ССМ. Со усвоените измени во ЗРО, минималното траење на годишниот одмор е 20 дена, но не е дефиниран максимумот и просекот на деновите, а на работодавецот му се дава право и да не го пушти работникот на одмор.
За скратување на бонусот на царинските работници кај јужниот сосед во еден месец се случија два протести, а КСС кај нас го фали законот за да се подобрела бизнис климата ???каде работниците ке бидат како робови каде работникот ке работи 1 месец трета смена, каде може да биде отпуштен од работа а следниот ден да биде примен друг ,без да може да го обжали ова рашение ,да работи 5 год. со договор на дело??а овој брадестиов претседател во блиско минато организираше штрајк 1 месец на штета на учениците и родителите кои се снавоѓаа како знаат за да бидат на своите работни места и сето ова било во согласност со европските закони???Брука ....