Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика
Спорот со името е нерационален, но е пречка за влез во НАТО

Приемот во НАТО и во ЕУ се врвни приоритети на македонската Влада, а спорот за употребата на уставното име на Република Македонија со Грција е нерационален, но е пречка за членството во Алијансата, оцени Соломон Паси, владин советник за НАТО-интеграциите, на форумот „Едукација за мир и безбедност“, што се одржа во саботата во организација на неколку невладини асоцијации од областа на НАТО- интегрирањето. „Како што беше речено и на Самитот на НАТО во Букурешт, Македонија целосно расчисти со реформите и единствено што остана е да се реши спорот со името“, рече Паси. Актуелниот претседавач на Комисијата за надворешни работи во парламентот на Бугарија и поранешен шеф на дипломатијата посочи дека бугарската поддршка за приемот на Македонија во Алијансата во последните денови оди дотаму што на сите официјални разговори и средби во НАТО бугарските претставници нагласуваат дека интеграцијата на Бугарија во НАТО нема да биде целосна се' додека во Алијансата не влезе и Македонија. Министерот за одбрана, Зоран Коњановски, кој во рамките на Форумот се сретна со Паси, нагласи дека над 85 проценти од граѓаните го поддржуваат членството на Македонија во НАТО, но не по цена на уставното име. (МИА)

Статијата е прочитана 503 пати.

Испрати коментар

Од: Pero
Датум: 22.09.2008 08:13:51
Dobro be, ako stvarno site tolku sakaat da ne vidat vo NATO, zosto ne insistiraat na primena na vremenata spogodba, zarem nema nikakov mehanizam so koj Grcija moze da se natera da gi pocituva dogovorite koi gi potpisala?
Од: viktor
Датум: 22.09.2008 13:26:40
sporot so imeto nee od vcera isto bese vo 1970eteite godini...nisto novo...a vaka ce bide i po 30g ako sakame da ostaneme makedonci...ako ne prifatime slavjanska mak sto e i najlogicno da ostavime inaet nastrana a albancite e samo znak prasanje na vreme koga ce si odat.
Од: девичанецот
Датум: 22.09.2008 15:51:31
Нерационалностите се пречка само за во нерационални или ирационални организации. Една од нив е и НАТО.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Oд денеска ригорозни казни за фрлање ѓубре
Хипотеките заминуваат од судовите
Измените на Законот за работни односи ги скараа синдикалците
Со медицинскиот отпад несоодветно се управува и контролира
Иницијатива за автентично толкување на Законот за амнестија
Славески
Заеднички портал на приватните новински агенции од регионот
Се бара решение за професионалните војници
ЛДП ја оспори веронауката пред Уставен суд