БИТОЛА - Министерството за одбрана бара решение за професионалните војници кое би можело да биде преточено во Законот за служба во Армијата.
„На средбите со професионалните војници реков дека не прифаќам разговори под притисок и дека треба да се направи анализа за да се согледа примената на НАТО-стандардите од други земји за оваа категорија“, изјави Коњановски. Возрасниот лимит за професионалните војници во различни земји различно е регулиран. „Според нашите информации, некаде е до 35, некаде до 37 години, а некаде до 30 години. Останувам на тоа да ги разгледаме сите можности да биде променета возрасната граница, но не за сите. Во секој случај, разговорите ќе продолжат. Не знам зошто сега се врши притисок од професионалните војници кои кога ги потпишуваа договорите, знаеја колкави се лимитите“, појасни Коњановски. (МИА)
За воља на вистината, Министерот е во право. Сите тие имаат потпишано договори за професионални војници на одредено време.
Исто ќе биде и со вработените во Агенциите за обезбедување. Што ќе биде со таа плејада сега млади момчиња меѓу 20 и 30 години, кога ќе дојдат на возраст од 50 до 64 години. Дали некој ќе ги ангажира за овие работи денеска, или пак дали тие ќе бидат способни тие работни задачи да ги извршуваат.
А за која работа би се преквалификувале на возраст поголема од 50 години????