Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Хипотеките заминуваат од судовите

Грижата околу хипотеките е префрлена во Агенцијата за катастар на недвижен имот

Од идниот месец, македонските судови повеќе нема да имаат никакви обврски околу хипотеките. Целосната грижа околу запишувањето на хипотеките и водењето евиденција, е комплетно префрлено во Агенцијата за катастар на недвижен имот, каде што во текот на октомври ќе се изврши и физичкото пренесување на интабулационите книги, кои досега беа сместени во судовите.

Со тоа, комплетно ќе се заокружи целиот овој процес и на едно место граѓаните ќе можат да ги завршат сите обврски поврзани со хипотеките. За оние делови од градот, каде што граѓаните имаат недвижен имот за кој не поседуваат имотен лист, најпрво ќе почне процедура за негово добивање, а дури потоа ќе може да се стави хипотека врз имотот.

Со Упатството за начинот за преземање на интабулационите книги од основните судови што го донесе Министерството за правда, се наведува дека предмет на преземање ќе бидат сите интабулациони протоколи, регистри и збирки на исправи за оние податоци, за кои не е донесено решение за бришење од страна на основните судови. Преземањето ќе се состои од нивно физичко преземање и сместување во Агенцијата, како и од електронска обработка на податоците содржани во интабулационите книги.

Директорот на Агенцијата ќе определува кои податоци ќе бидат обработени во електронска форма, почитувајќи го принципот на ефикасност и економичност. Податоците што се во хартиена форма ќе бидат внесени во електронска база на податоци. Судовите се обврзани за потребите на Агенцијата да обезбедат стручна и секој друг вид помош, но не подолго од два месеца. (Г.Д.)

 


Статијата е прочитана 700 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Oд денеска ригорозни казни за фрлање ѓубре
Измените на Законот за работни односи ги скараа синдикалците
Со медицинскиот отпад несоодветно се управува и контролира
Иницијатива за автентично толкување на Законот за амнестија
Спорот со името е нерационален, но е пречка за влез во НАТО
Славески
Заеднички портал на приватните новински агенции од регионот
Се бара решение за професионалните војници
ЛДП ја оспори веронауката пред Уставен суд