Број 3328  петок, 09 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Магазин

Неделен хороскоп

ОВЕН

Имате можност да завршите низа корисни и практични работи што ќе ви донесат големо психолошко олеснување и добра материјална сатисфакција. Здружете ги своите деловно-финансиски интереси со екипата што ветува успешна и долгорочна соработка. Бидете доволно отворени за нови идеи и решенија. Во љубовниот живот проверете дали партнерот има искрени намери и дали ве врзуваат слични желби и потреби. Некој ќе ве изненади.



БИК

Нарушените деловни односи или интригантни ситуации дејствуваат негативно врз заедничките резултати, како и врз вашата ангажираност. Размислете за конкретни промени или некој нов облик на соработка. Се уште немате доволно храброст да преземете одреден ризик. Очекувајте изненадување во партнеровото однесување, а големиот прилив на емоции може да предизвикаат ново сомневање во вас. Ќе се обидувате да дознаете зошто е незадоволен партнерот.



БЛИЗНАЦИ

Во преговорите што ги водите деновиве посебно ви е важно точно да ги дефинирате заедничките односи, правила или поделби. Значи, без стеснување или лажна скромност подготвени сте на соработниците да им диктирате нови правила. Сакате да се изборите за подобри деловно- финансиски интереси и услови. Ве радуваат новите информации што ги добивате. Водите активен друштвен живот и драго ви е да се појавувате на јавни места или во елитно друштво.



РАК

Наидувате на недоразбирање во својата околина, а на повидок се нови проблеми што ги компликуваат вашите деловни планови. Тековните проблеми може да ги поднесете на полесен начин, под услов да не сте дополнително оптоварени од некое семејно случување. Доколку се случува нешто необично со вашиот љубовен партнер, детаљно испитајте ја ситуацијата. Не реагирајте на основа на првиот импулс, туку почекајте зовриените страсти да се стивнат.



ЛАВ

Потребни ви се екстра-енергија и трпение за да го решите финансиското недоразбирање. Не можете да ги игнорирате барањата кои ви ги наметнува една постара и влијателна личност. Сепак, секој труд се исплати на крајот. Ве очекува и парична награда. На полето на љубовта, не критикувајте без потреба и не преувеличувајте ги партнеровите недостатоци. Мудро почекајте го партнерот прв да проговори или да ви се довери.



ДЕВИЦА

На основа на нечии мерила, вашите идеи или приказна не наидуваат на позитивен прием. Затоа, резултатите на деловен план стасуваат со задоцнување. Не дозволувајте да се појави недостиг од оптимизам и волја во моментите на соочување со сериозни проблеми. Во љубовниот живот, имате впечаток како партнерот да ужива во некои ситуации што вие ги доживувате на сосема поинаков начин. Обидете се да се ослободите од емотивната тензија.



ТЕРЕЗИЈА

Земете активно учество во новите случувања кои се однесуваат на вашите деловни и стратегиски планови. Треба да реагирате брзо и снаодливо на секоја добра деловна понуда. Не форсирајте ја наметливоста и дозволете вашите резултати на најдобар начин да го илустрираат знаењето или способностите што ги поседувате. Следете ги чувствата во љубовниот живот. Заборавете на разумот. Нема потреба да позирате во друштво на љубеното лице.



СКОРПИЈА

Се соочувате со нови дилеми. Некој ве наговара да продолжите со почнатите проекти и да не потпаѓате под влијание на туѓи зборови или предупредувања. Чувствувате недостиг од волја и концентрација во извршувањето на некои рутински задачи. Не сакате да ги преминете своите овластувања и затоа ја одложувате конечната одлука. Во љубовниот живот ви недостасува вистинска емотивна поддршка. Потајно посакувате да се оствари една средба.



СТРЕЛЕЦ

Информациите што ги добивате ја потврдуваат материјалната добивка или успех во деловната соработка. Се ќе биде полесно доколку изгледате убедливо пред лицето кое се сомнева во вашите способности. Не дозволувајте поради ситни интереси да загубите нечија доверба или поддршка. На полето на љубовта сакате да направите некои промени, а партнерот не е подготвен. Обидете се да ги задржите сопствената самодоверба и оптимизам.



ЈАРЕЦ

Упорно се обидувате да промените одредени околности или да влијаете врз нечие туѓо мислење. Меѓутоа, тактиката на која инсистирате носи негативни резултати. Некој ќе ве стави пред свршен чин и нема да ви дозволи ново одложување на обврските. Одбегнувајте ги финансиските позајмувања и намалете ги потрошувачките афинитети. Немате големо влијание на партнеровото мислење. Не ви одговара сознанието некој друг да решава во ваше име.



ВОДОЛИЈА

Однесувајте се промислено пред лицето кое може да ве окарактеризира на погрешен начин или да ги употреби вашите изјави во своја корист. Деловната стратегија што ја спроведувате носи само делумни резултати, а тоа почнува да ве загрижува. На крај тешко може да се заклучи - кој добива, а кој губи?! Во љубовниот однос доживувате ново емотивно несогласување, зашто тоа што го правите, дефинитивно, не е по вкус на саканото лице.



РИБИ

Во околината провејува професионална недоверба или чести расправии поради различни деловни интереси. Притоа, некој се обидува да ве спречи во остварувањето на вашите намери и затоа трпите извесна загуба или неправда. Не изговарајте ги погрешните зборови пред соработниците. Бидете воздржани. Посветете го слободното време на рекреација, која дејствува позитивно на вашата психофизичка рамнотежа. Очекувате премногу од партнерот.






#
Статијата е прочитана 862 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Магазин
Бермуда-парти
Два века ексцентрична гардероба
Интервју
Ненадминлив музички ген
Најтело на најжена
Веселото семејството „Тротоар“