Број 3328  петок, 09 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Магазин

ТВ-фотелја

Бермуда-парти

Роберт Д. Крстевски

Изреката дека облеката не го чини човекот важи секогаш и секаде, само не на телевизија. Таму и тоа колку е важен изгледот, вклучувајќи ја и гардеробата на тие што се појавуваат пред камерата. Стилот на облекување на одредено лице секако дека не е поважен од тоа што го има во главата или од начинот на артикулирање на мислите, но не е ни помалку битен од квалитетот на изговореното. Таквиот статус на облеката го налага визуализацијата, која често има примат врз аудитивниот елемент на таа комплексна целина што се нарекува телевизија. Тука лежи и моќта на овој медиум, каде што сликата кажува многу повеќе од илјадници зборови, па „лево“ стокмените веднаш паѓаат в очи и го одвлекуваат вниманието од тоа што го зборуваат.

Тоа одамна им е јасно на сите што се занимаваат со радиодифузен бизнис насекаде низ светот, само не кај нас. Ај што се загуби критериумот за тоа кој се' може да излезе пред камера во улога на водител или спикер, што го објаснува напливот на грди физиономии што шират негативна енергија преку малиот екран, но повеќе не се води сметка ни за тоа како се облечени гостите во студио. Така, во неколку пригодни емисии на Македонска телевизија за време на Светското првенство во фудбал се случува соговорниците да носат бермуди. Првиот пат стануваше збор, ако не се лажам, за човек од амбасадата на Италија, а вториот за раководител на Младинска фудбалска школа.

Да се разбереме, намерата не е некому да му се соли памет што смее, а што не смее да облече кога учествува во телевизиска емисија, независно дали снимена или во живо. Уште помалку интенцијата на оваа колумна е да се отиде во другата крајност и да се диктира начинот на облекување по урнек на иранскиот кодекс за изгледот на машките фризери донесен пред некој ден. Не, може да носи кој што сака, ама на телевизија мора да изгледа пристојно. А, бермудите сигурно не се дел од машката гардероба што спаѓаат во оваа категорија. Исто како што нема врска со пристојноста нападно длабоко деколте и супермини здолниште, па уште комбинирани со седење со вкрстени нозе на начин што инстинктивно поттикнува на воајеризам.

При таква глетка, кој уште би ја задржал концентрацијата за некакви с�� економски показатели, политички средби на врвот, културни манифестации или штогоде друго за кое зборува новинарката. Егзибиции од таков вид беа непоимливи за едно минато време во кое постоеше само една телевизија во Македонија, а и денес немаат место во електронските медиуми што претендираат на сериозност.

Бон-тонот, како еден вид прирачник за пристојно однесување, е најдобриот советник при изборот на облеката за пред камера. Треба само да се прочита и да се примени. Просто како грав.


#
Статијата е прочитана 613 пати.

Испрати коментар

Од: ilija
Датум: 09.07.2010 09:24:24
Ne znam zashto avtorot na ovoj tekst se pazi da ne udri posilno po Mtv i nivnite emisii za Svetsko... Toa beshe i ushte e takva sramota i degradacija na televizijata i gledachot da ponekogash imav chustvo od bes,sram i gadenje... Voditelkite oblecheni ko za na bazen,gostite pola nepoznati,neupateni,atmosferata i enterierot na studioto kao selska diskoteka...Pa na shto lichi toa be!!!??? PA SHTO MISLITE DEKA SME NIE,ALOOO,LUGJE OD MTV??? DEKA SITE SME SISALE VESLA??? Vo poluvreminjata gospoza Daniels 10 minuti drzi chas za vladata i pastiror Gruevski(kao nie mora da sme vo dopir so politichkite slucuvanja,iako sme omameni od fudbalot i atmosferata vo studioto)...DNO DNA!!! Edna emisija za Afrika ne dadoa(barem da ukradea),edinstvena drzava sme vo svet sto nemavme ni eden novinar na lice mesto...ova vazi za site televizii...Ne ja pochustvuvavme atmosferata...Ponekogash se imase chustvo deka sme vo backstage na Tetovski filigrani...SRAMOTA!!!
Од: redovna citatelka
Датум: 09.07.2010 14:30:04
Bravo za Robert! Sekogas precizen. Edno e srekata sto ima prenos, drugo e temata za koja pisuva.

Најди! во Утрински
Магазин
Два века ексцентрична гардероба
Интервју
Ненадминлив музички ген
Најтело на најжена
Неделен хороскоп
Веселото семејството „Тротоар“