Број 3328  петок, 09 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Магазин

„Сексот и градот“

Два века ексцентрична гардероба

Патриција Филд е креаторката на облеката во филмовите и во сериите „Сексот и градот“

Кога се спомнува стилот на серијата „Сексот и градот“, тој има поставено нови стандарди и собори многу животни и модни табуа. Стилот по кој Кери (Сара Џесика Паркер) стана надалеку позната и почитувана е дело на американската стилистка Патриција Филд. Ексцентричната креаторка ги осмисли облеките за двете филмски продолженија со славната четворка во главната улога.

- Кога излезе првиот филм, сите се интересираа чиј фустан ќе носи Кери на венчавката, а за овој филм новинарите беа најљубопитни во врска со парите - колку чинеше гардеробата за актерки, а дизајнот падна во втор план, што сосема ме разочара, вели Патриција додавајќи дека е најгорда на податокот што паднатото царство, куќата „Халстон“, успеала да ја врати на модната сцена.

- Не разбирам зошто луѓето мислат дека дизајнерите ми ја подаруваа облеката, се' купив, а продуцентите беа од широка рака, вели стилистката отфрлајќи ги обвинувањата дека во филмот ги има ставено креациите на своите пријатели-дизајнери.

- А благодарение на тие продуценти, актерките можеа да ја задржат облеката од филмовите, продолжува таа.

На прашањето дали е свесна дека со серијата, а сега и со филмовите ги диктира модните трендови, Патриција шармантно одговора дека го прави тоа во последните дваесет години. Таа се наврати на стилот на актерките, но најверојатно, и поради договорот што ја обврзува, таа се задржа на приватниот стил на Сара Џесика Паркер.

- Таа и Кери не се од истата модна планета. Сара ја сака удобноста, а Кери уметноста, но многу често тие два поима се неспоиви. Сепак, Синтија Никсон ја сметам за свој најголем успех.

- Од грдо пајче таа прерасна во лебед, особено е добра актерка, но на стилот мораше да се работи, едноставно е родена без тоа“.

На Патриција најтешко и' беше да работи со Ким Картал, бидејќи е многу тврдоглава, а неретко инсистира на изгледот што не и' ласка.

- Сепак, благодарение на ликот на Саманта можев да се играм со облеката што никогаш ниту би ја купила ниту би ја облекла“.

За својот приватен живот дизајнерката не сака да зборува. Но, кога се во прашање модните прогнози, уверена е дека фустаните со пулеки ќе бидат апсолутен хит летово.

На прашањето што е клуч на добриот стил, Патриција одговори:

- Сандали со топуци и тенки коланчиња што се качуваат по нога, се врв на женственоста. Не постои ништо поженствено и позаводливо од убава сандала на негувана нога. (New York Times)


#
Статијата е прочитана 523 пати.

Испрати коментар

Од: bip
Датум: 09.07.2010 15:05:05
Verojatno ste mislele na 'Dve DEKADI (20 godini ) ekscentirchna garderoba", a ne na " Dva VEKA ..."

Најди! во Утрински
Магазин
Бермуда-парти
Интервју
Ненадминлив музички ген
Најтело на најжена
Неделен хороскоп
Веселото семејството „Тротоар“