Убиен вториот човек на Ал Каеда
Вашингтон - Неименуван висок американски претставник изјави дека вториот човек на Ал Каеда, Атијах Абд ал-Рахман, е убиен во Пакистан и оти тоа е „страшен удар“ за терористичката организација.
Тој наведе дека Рахман е убиен на 22 август во племенскиот регион Вазиристан, но не посочи повеќе детали за неговата елиминација.
|