Ѓул загуби доверба во Сирија
ИСТАНБУЛ - Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека загубил доверба во Сирија и дека ситуацијата стигнала до точка каде што промените би биле премали и предоцна, јави вчера турската државна новинска агенција Анадолија. Коментирајќи ја ситуацијата кај соседот на Турција, Ѓул изјави во интервју за Анадолија: „Навистина ни е многу жал. Се вели дека инцидентите се ’завршени’, а потоа уште 17 луѓе гинат. Колку ќе има денес? Очигледно стигнавме до точка каде што се' ќе биде премалку и предоцна. Ја загубивме довербата“. Во почетокот на месецот, Ѓул, како и други турски лидери, го зголеми притисокот врз Сирија да стави крај на насилничките мерки за протестите. (Ројтерс) |