|
|
|
|
|
|
Глобална војна против дебелите
Потребно е глобална акција против дебелеењето, тврдат британските здравствени експерти
Лондон - Британските здравствени експерти се заложија за потребата од глобална акција, на сите држави во светот, во борбата со дебелеењето на луѓето.
Како една од мерките што би можеле да ја применат сите влади во светот, тие го предлагаат повисокото оданочување на „нездравата“ храна.
Во научен прилог, објавен во угледното британско медицинско списание „Лансет“, експертите инсистираат дека само со заедничка акција, светот ќе може да се справи со проблемот со зголемената тежина на луѓето, што е појава со која се судира најголемиот број држави.
Според британските експерти, с��' уште нема држава која сериозно се зафатила со проблемот на дебелеењето.
Здравствените проблеми, поврзани со дебелината, како што е лекувањето на шеќерна болест, го чинат здравството во државите низ светот и до шест отсто годишно.
Само во Велика Британија, преку 11 милиони луѓе се сметаат дека се дебели.
Во борбата со овој општествен и здравствен проблем, експертите предлагаат покрај оданочувањето и ограничување на рекламирањето на т.н. нездрава храна, но и инсистирањето на драстична промена во начинот на живеење на луѓето, а посебно на децата.
Лекарите предлагаат родителите да им го ограничуваат на своите деца седењето пред телевизори, а на училиштата и на образовните институции измена на храната што им се дели на учениците.
Младите и постарите треба да се вклучат во зголемувањето на физичката активност, што не мора да е поврзана со гимнастички сали и трошењето екстра-пари затоа што може сето тоа да се спроведува во домашни услови, додека државата би можела да се вклучи со издвојувањето помош за семејствата со дебели деца. Здравствените експерти во списанието „Лансет“ сметаат дека хируршките интервенции за намалување на „екстра-тежината“ се една од мерките во борбата против дебелеењето.
Посебно се критикува британската влада, за која се вели дека продолжува само да „дискутира“ околу овој проблем наместо да почне со носењето законски решенија. |
#
|
Статијата е прочитана 795 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 29.08.2011 09:28:45 |
|
Ako jas sakam da bidam debela, sto ke ti e gajle na tebe? Nema nisto drugo da zboruvame na ovoj svet nego kako da gi naterame debelite da kupuvat alatki za mrsavlenje i da otvorime novi biznisi za isto.
Begajte, ostavete me na mir, da si go teram, zivotot, a koj ke plake na moj grob? Tie sto ne mozat da me gledat?? Ha,ha,ha. Ulava rabota. Jas poveke sakam ljuge koji imat pocit na sekoj. Bez obzir kako izgleda. Veke vremeto ne e koga site bevme farmeri.
Obicno debelite se po gradovi. Deka nema rabota.
Nema Korzo. I sto nesto drugo go snema, vo ovoj si moderan svet. Deka da odam, ke me ograbat tie bez rabota. Eve sega kladov pola kila dok pisuvam.
Sto sakate od mene. Istorijata sekogas pisuva da
Bogovite bile debeli. Toa e snaga na videlo.
Eve ti Buda. Debel. Prvata boginja, 15 000 godini, debela. Sakate mrsavi, odite vo Etiopija, za zal, ah
kolku tie sakat da bidat debeli. Ajde sega pa najdite
druga si rabota, |
|
|
|
|
|
|
Од: mrsaviot |
Датум: 29.08.2011 15:44:08 |
|
Jas sum od slabite. Bi sakal za promena barem ednas vo vesnicite da procitam kako covek da se zdebeli. |
|
|
|
|
|
|
Од: Atleta |
Датум: 29.08.2011 18:15:47 |
|
Во Унгарија воведен е тнр. хамбургер-данок со образложение дека ако некој си го оштетува здравјето со нездрава и месна храна таквиот треба да плати повеќе за да има доволно пари во фондот за здравство за негово лекување во иднина. Сите пари од Хамбургерскиот даноксе влеваат во здравството. Паметно! |
|
|
|
|
|
|
Од: Alekso |
Датум: 30.08.2011 08:53:26 |
|
neka napravat metabolichki lekovi, so toa i poveke ke zarabotat otkolku so danoci. ova se samo zalozhbi na proizvoditeli na hrana da ne se troshi mnogu t.e. pomalce rabota i povisoka cena.
vistinsko debeleenje e so bolno prejaduvanje i e retkost, drugo e se do metabolizmot |
|
|
|
|
|
|
Од: Sasho |
Датум: 30.08.2011 13:22:34 |
|
Samo gledaat na neshto danok da stavat :) hehehehe |
|
|
|
|
|
|
|
|