Број 3668  понеделник, 29 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Најнови вести

Насловна








Site Meter
Свет

Кој ќе му се спротивстави на Саркози?

Шестмина кандидати на опозиционите социјалисти влегуваат во трка за претседател

ПАРИЗ - Социјалистите од Франција се борат да го остават зад себе скандалот на Доминик Строс-Кан и да најдат претседателски кандидат кој ќе може да го порази претседателот Никола Саркози, охрабрен од успешната либиска кампања. Шестемина кандидати започнаа клучна годишна „летна универзитетска“ конференција - последен собир пред внатрепартиските избори во октомври - во крајбрежниот град Ла Рошел на западниот брег.

Партиските верници извикуваа „сите заедно“, „сите заедно“, а слоганот на конференцијата беше „Заедно, промена“, но пукнатините во тоа единство беа евидентни од по��еток, кога фаворитот на внатрепартиските избори Франсоа Холанд не се појави на церемонијата на отворање на конференцијата.

„Ла Рошел е шанса да се демонстрира дека сме обединети“, рече кандидатот Мануел Валс. „Тоа, исто така, е почеток на внатрепартиските избори, на добар демократски натпревар“. Друг кандидат, Арно Монтебург, инсистираше дека сите се таму за да разговараат „само за политика“, но тензиите меѓу таборите се опишуваат како „електрични“. Партијата очајно се обидува да излезе од сенката на скандалот на Строс-Кан, чие апсење во мај под обвинение за силување ги збуни социјалистите.

Ослободувањето на поранешниот шеф на ММФ неделава повторно го одвлече вниманието од потребата партијата да стави крај на внатрешните клеветења и ќе најде лидер зад кој ќе застанат сите по отпаѓањето на поранешниот фаворит. Четворица од петмина Французи не сакаат 62-годишниот Строс-Кан да има каква било улога во претседателската кампања на левицата, покажа анкета во почетокот на неделава. Иако преостанатите кандидати не се извалкани со скандали како Строс-Кан, им недостига харизма и општа привлечност. Повеќето се нереструктуирани левичари кои не успеаа да ја искористат актуелната непопуларност на Саркози.

Иако мнозинство Французи се изјаснуваат дека сакаат левоориентиран кандидат да победи идната година, тие не се убедени дека социјалистите имаат реална политика да ја извлечат Франција од економска криза.

Двајцата фаворити на партијата сакаат да ја вратат возраста за пензионирање на 60 години, бидејќи неодамнешното зголемување на 62 предизвика улични протести, и да отворат до 300.000 работни места за младите во јавниот сектор. И двајцата ги поддржуваат целите на Саркози за намалување на дефицитот, но одбиваат да го поддржат неговиот план да внесе правило за дефицит во уставот. (Телеграф)


#
Статијата е прочитана 744 пати.

Испрати коментар

Од: slartibartfast
Датум: 29.08.2011 19:49:16
Koj ke mu se sprotivstavi? JAS

Најди! во Утрински
Свет
Ураганот „Ајрин“ во Њујорк
Гадафи сакал да преговара за предавање на власта
Глобална војна против дебелите
Саркози не ја дава Нова Каледонија?
Компјутерите, мобилните телефони и другите електронски производи имаат кус рок на употреба
Ѓул загуби доверба во Сирија
Запленет имотот на Мушараф
Хуго Чавез сака да живее
Убиен вториот човек на Ал Каеда

"""