НИКОЛИНА ПИШЕК
Од убавица до алкохоличарка
Хрватската водителка Николина Пишек се откажа од својата беспрекорна убавина, појавувајќи се пред ТВ-камерите во една сосема поинаква светлина и како дел од серијата „Најдобрите години“ во која толкува лик на неугледна жена, која е склона кон алкохолот. За своето актерско деби (премиерата е на 3 декември) Пишек направи комплетна трансформација. „Првпат во животот имам вистинска трема од својата појава на малиот екран затоа што е во еден сосема поинаков контекст и опкружување. Никогаш сериозно не сум глумела и мора да признам дека малку ми е страв од критиките“, призна водителката, чија појава во серијата ни малку не личи на постојано средената жена која ја знаеме од екраните. Косата и' е разбушавена, има подочници и носи облека на бездомник.
|