Аукција
Четири милиони евра за Бондовиот „астон мартин“
Најславниот автомобил во светот го купи Американецот Хари Јеги, кој ќе го изложи во својот приватен музеј во Охајо
Американски бизнисмен го купи славниот автомобил „астон мартин ДБ-5“ што го возеше Шон Конери во улогата на тајниот агент Џемс Бонд во 1964 година. Хари Јеги, колекционер на возила, беше најубедлив во понудата дадена на завчерашната аукција во Лондон, одвојувајќи 4,6 милиони долари од својот буџет за најпознатиот автомобил во светот.
„Ова е автомобил што сум го посакувал отсекогаш. Најпосле, то�� е и најславниот автомобил во светот“, изјави Јеги. „Планирам да го изложам во мојот приватен музеј во Охајо онаков каков што е“.
Прв сопственик на специјално дизајнираниот сребрен „астон мартин“ беше американскиот продуцентски магнат Џери Ли, кој во 1969 година го купи за 12 илјади долари директно од фабриката „Астон Мартин“.
Шон Конери го возеше автомобилот играјќи го тајниот агент во филмовите „Thunderball“ и „Goldfinger“. Возилото е опремено со најсовремени шпионски уреди и е познато по својата оригинална регистарска табличка, UK, а доаѓа во комплет со неколку модификации, како што се блиндиран штит и димна бомба, кои обезбедуваат вистинско 007- чувство. Автомобилот, кој пред 46 години го замени дотогашниот „бентли“ на агентот 007, има и два митралеза „браунинг“ зад предните трепкачи, седиште за катапултирање до возачот, непробојно задно стакло, уред за следење...
Митралезите не се вистински, но другата опрема функционира. |