Силвио Берлускони
Секс-скандал со мароканска тинејџерка
Мароканска тинејџерка и моделка, која на медиумите им се претставила како Руби, тврди дека спиела со италијанскиот премиер Силвио Берлускони, пишува дневникот „Ил џорнале“.
Руби, која сега наполнила 18 години, тврди дека присуствувала на неколку забави што ги организирал премиерот на Италија во последната една и пол година. Обвинителството отворило досие за целиот случај, но повело официјална истрага. Од полицијата наведуваат дека исказите што ги дала девојката во некои делови се противречни, како и тоа дека неколку пати го повлекла и менувала.
Девојката ја раскажала приказната откако полицајците ја запреле на улица и констатирале дека нема дозвола за престој во Италија. Руби потоа им раскажала дека лично го познава премиерот Берлускони и дека ќе им раскаже на каков начин. |