Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Мислења

Ќе ја биде ли Македонија

Исмет Рамадани

Не е доволно само да ја сакаш својата земја, треба и да знаеш да ја сакаш! Најодговорните луѓе во државата, по се' изгледа, не знаат да ја сакаат својата земја!

Во деведесеттите години, со голема мотивација и предизвик влегов во новокомпонираната политика, во демократски плурализам, искрено надевајќи се дека работите во тек ќе се редат и решаваат на задоволство на сите граѓани кои живеат во Република Македонија. Знаев дека нема да биде лесно, но волјата и желбата во новиот демократски свет, што значеше и послободен и подобар живот, ме правеа да верувам од година во година, од една до друга власт, од надеж до надеж. Но, никако да го достигнеме барем минимумот од еден нормален и достоинствен живот на нашите граѓани.

Сите овие осумнаесет години граѓаните кои веруваа во мене, веруваа во нас, повеќето од нив ме прашуваа љубезно и загрижено, ќе ја биде ли оваа наша држава Македонија? Мојот одговор секогаш беше надежен, затоа што верував и сам, ќе ја биде, како не! Колку години само трае истото прашање и истиот одговор! Тие искрено мислеле дека зависи и од мене, и биле во право. Вината беше во мене затоа што не се помирив со фактот дека сум немоќен пред тие што беа моќни и клучни во донесувањето на одлуките во вистинско време, пред да не' стигнат и престигнат другите.

Кога Бадинтер го проучи уставното распаѓање на тогашната Југославија, меѓу другото, официјално објави дека Словенија и Македонија ги исполнуваат условите за независни и суверени држави. Тоа значеше дека за Македонија пример за развој на една вистинска демократска држава требаше да биде Словенија, како најразвиена република во рамките на тогашната СФРЈ. Но, за жал, поради опкружувањето и ненавременото поставување приоритети во внатрешното уредување на меѓуетнички и економски план, како и еквидистанцата и селективниот однос со соседите, државата речиси континуирано е во некаква политичка или безбедносна криза. Аспирациите за поголеми права, човекови и колективни, посебно на Албанците, како и другите предизвици за подобар и подостоинствен живот, се претворија во барања и молење до тие што одлучуваа и одлучуваат да даваат или да не даваат права.



Тоа што најдобро ни одеше, барем декларативно, беше определбата на сите, со партиски и национален консензус, за зачленување во евроатлантските структури. Со една ваква определба, верувам дека потсвесно мислевме дека полесно и побрзо ќе ги решиме нашите внатрешни и надворешни проблеми. И тогаш, а и денес, треба да бидеме свесни дека со сите соседи имавме и имаме спорни прашања кои во билатерала тешко се решаваат, имајќи ја предвид нашата политичка, дипломатска и економска моќ.

Да ги анализираме по некој редослед нашите односи со соседите, почнувајќи од Република Бугарија. Проблемите со историските личности, идентитетот, јазикот, и македонското малцинство во Република Бугарија секогаш се предмет на недоразбирања. Но, за доброто на двете страни, заедничката определба за евро-атлантските структури овозможи во еден период интензитетот на тие недоразбирања да спласне, па следствено на тоа, Република Бугарија стана членка на НАТО и ЕУ, а ние добивме статус на земја - кандидат за ЕУ. Со Република Србија спорот со признавањето на автокефалноста на МПЦ и понатаму постои, но се' додека не изградиме позиција која ќе го олеснува дијалогот, не треба да форсираме. Има знаци на европеизација и на Србија, што ќе донесе нешто заедничко, а тоа е определбата за интеграција во ЕУ и во НАТО. Таму ќе се сретнеме во други околности и критериуми за заемно почитување, оттука и решавањето на спорот со МПЦ е можно. Со Република Албанија во континуитет градиме добри односи, но одвреме-навреме имавме недоразбирања, а главна причина секогаш беше статусот на Албанците во Македонија и нивните легитимни права. Вреди да се спомне дека и со Албанија ја делиме определбата за НАТО и ЕУ. Со Република Косово, по признавањето на независноста, постои историска шанса да се разбие континуираниот негативен став спрема Албанците во Косово, а наедно да се развијат добрососедски, политички и економски односи. Патем, треба да го спомнеме фактот дека Албанија и Косово, односно сите Албанци секогаш имале фер однос спрема националниот идентитет на Македонците.



За жал, со една соседна држава која најмногу ја посетуваат нашите граѓани, Република Грција, имаме најтежок проблем. Логички гледано банален, но никако да се реши спорот со името. Република Грција има јака позиција во меѓународните институции, со години е членка на НАТО и на ЕУ. Затоа, приодот кон овој чувствителен проблем треба да биде рационален, со политички и дипломатски такт. Секогаш треба да се остава впечаток дека го почитуваме древното античко минато на Грција, брендирано од поодамна, што не значи откажување од својот идентитет и историја. Треба да градиме кооперативен однос кон спорот со името не оставајќи простор за кавги и провокации, бидејќи со негативен пристап од двете страни се отвораат проблеми кои се однесуваат и на македонскиот идентитет. Се' уште мислам дека токму во овој сегмент ја промашивме работата пред НАТО - самитот во Букурешт и плативме скапо за тоа - останавме надвор од НАТО. Да настапевме пред тоа помудро и да ги разберевме нашите стратегиски партнери и пријатели, ќе имаше компромис кој немаше во целост да задоволи ниту една страна, но во перспектива придобивката од тој компромис ќе беше огромна. Ние сега сме надвор од НАТО, се' подалеку од компромисот со Република Грција, почнаа да не' одбегнуваат и пријателските држави. Полека, но сигурно се (само)изолираме. Не е доволно само да ја сакаш својата земја, треба и да знаеш да ја сакаш! Најодговорните луѓе во државата, по се' изгледа, не знаат да ја сакаат својата земја! Штета! И понатаму ќе ни се поставува прашањето, ќе ја биде ли Македонија...

(Авторот е поранешен пратеник и потпретседател на Евроатлантскиот совет на Македонија)


Статијата е прочитана 1489 пати.

Испрати коментар

Од: Simo - Roterdam
Датум: 24.12.2008 22:53:40
Ovoj tolku uziva vo toa Republika Kosovo, i ostanatite hvalospevi na Albanija i legitiimnite prava na Albancite, a siguren sum deka so kjef stoi pred stranskiot barjak srede Makedonija i so rakata na srce na himnata za fljamurot toj istiot shto visi... A naslovot na kolumnata go krstil "Zasto ne ja nejkete Makedonija" - Aman bre Utrinski? Ne daj boze vo vasiov vesnik nekoj da kaze deka e bugarin od Makedonija, bi go nosele niz MAkedonija kako exponat, a gi ima 200000 ne samo bugari tuku i so pasos, pa golema rabota... Ama ovoj se zali deka ja nejkel nekoj Makedonija, a toj pa ja saka... A Utrinski pa istroshi edna stranica za toa?
Од: AD
Датум: 25.12.2008 00:31:47
Imene me interesira - Ke ja bide li ovaa nasa Makedonija? Samo neka se otvorat granicite pa ke ni se razjasni vednas.............................. Koj ke ostane tuka, za da ja bide ??????????? Zalno!
Од: zana
Датум: 25.12.2008 00:51:44
Edna si koza vo shuma gi izgubi ushite barajki gi ushite kutrata gi izgubi i rogovite, vo nashata demokratska Makedonija mesto nadez do nadez nasite "mili" politichari gradat beznadez do beznadez, baravme podobra idnina a dobivme ?????? koj znae.
Од: demokrat
Датум: 25.12.2008 01:38:38
Bre site ja sakaat Makedonija. Aj ve molam ne ja sakajte tolku mnogu kolku sto miluvate da kazete. Aj ve molam samo pocituvajte gi zakonite i tolku. So toa ste napravile se. So toa ke pokazete respekt kon instituciite, sograganite, idnite generacii...Znaci respektirajte ja Makedonija, a sakajte gi lugeto...!
Од: t24
Датум: 25.12.2008 01:59:28
-gospodine ramadani --vmro dpmne sekogas ce znae kako da e saka Maedonija--zatoa sto vmro-dpmne ima obrazovana mladina i odgovorni lideri koi sekogas znaat da donesat odluki vo minatoto, segasnosta i idninata---a kako se saka Makedonija treba daim objasnite na Branko Crvenkoski sto prodadesve st mozese d se prodade duri i imeto
Од: odnikogo
Датум: 25.12.2008 02:52:59
vidi bracka mora da e bide ustvari sega e ama site vie ja kocite te albanci te bugari imame i srbi i so e najzalno grci vo nasava makedonija i site viste tolku infiltrirani nasekade i sve pravite samo drzava da nemame, se znae od pamtivek imalo spiuni pa taka i ovie nasive za nekoj denar sami se se prodavaa i tie devedeseti i site vie so bevte majka i rasplakavte, a sega samo ke si se lazime drugo ne vi ostana, to e prost narod silna drzava
Од: Игор
Датум: 25.12.2008 03:11:59
Добро од денеска сите ке знаеме дека треба да има луге кој што ке ја сакаат оваа земја. Епа во ред тоа ни е јасно вејке долго време. Па дајте тогаш во наредна колумна да ни кажете оти све се уништи во оваа држава за период од 1991-2006.Е зедовне пр.Словенија тие си завршија работа. А ние завршивне со све што и до тогаш располагавне епа браво. Па им текнало некоја илирида или после не па дај ке бојкотираме парламент. Или ке носиме бели лисја напишани со невидливо мастило и после кажи си некој виц. Јасно газот е во комшилук. Е сега да пазиме добро мило ми е што има закон за плукање. Знак дека некој ја сака оваа окована земја и дека неможе секој да плука на неа.
Од: nas'inec
Датум: 25.12.2008 03:45:25
Toc'no kaz'a Simo od Roterdam, ovaj g'omiti ja saka Makedonija, a ja vrti glavata i ja pozdravuva Albanija i Kosovo! Od vakvi "rodoljubi" sekogas' sme stradale. Samo, neka ni e i pouka "dali ja sakame Makedonija site koj z'iveeme vo nea, ili samo nie makedoncite"
Од: rekanec
Датум: 25.12.2008 10:00:30
g.RAMADANI ako ne ja bide MAKEDONIA nema da ja bide od ovie golemi mazi koi makedonia ja sakat samo za svoja koris.ja spomna tuka SLOVENIA e toa e druga prikazna.SLOVENSKITE politicari ne rasprodadoa za da se zbogatat poedinci na sekoj slovenec ot tie privatizaci im bea dodeleni AKCI . dodeka vo MAKEDONIA seto nacionalno bogatstvo se rasprodade za nekoj da si gi napolni dzepovite.sto se odnesuva dali ce ja bide MAKEDONIA ce ja bide no dali nekoj ce saka da zive vo takva MAKEDONIA .crvenoto svetlo e odamna zapaleno no nikoj ne saka da go vidi.
Од: openmind
Датум: 25.12.2008 10:18:22
Se prasuvam : Dali ako ja sakas Makedonija imas pravo da postavis prasanje "Ќе ја биде ли Македонија" ? RAZBIRA SE , sekako , i mora toa prasanje da go postavuva!! AMA TOJ STO ODGOVARA NA PRASANJETO so Postoi i KE POSTOI , TOJ JA SAKA MAKEDONIJA navistina. Eh kolku bi bilo ubavo sekoj da odgovori na ova prasanje i da gi znaeme odgovorite, Mojot go znaate
Од: Bitola
Датум: 25.12.2008 11:18:23
Do AD,ne be treba da bidi izoliran avaa zemja,ke ziveeme vo plemenski zaednici.
Од: ismail
Датум: 25.12.2008 11:36:30
so pesni iljadnici od tipot koj ce vleze vo makedonija zivnema da izleze nema bericet visok patriotizam rabota i znaenje za odnosite vnatre vo drzavata i svetot a ovie ce se iskolat za nacalnicki mesta da se pariz london ili brisel vo red ama za konopiste odcacko ne se aka niz sela i gradovi izborite kaj nas se sinonim za opstanog pogotovo lokalnive ce bile smrt ili sloboda.
Од: Nekoj
Датум: 25.12.2008 11:44:23
A be vi gi citam komentarite i mislam.Vo makedonija ziveat 600 000 albanci, 200 000 vidov se bugari, 200 000 se romi, turci se okolu 50 000 vidov deka ziveat i grci okolu 20 000 ima i drugi malcinstva srbi , vlasi, torbesi idrg okolu 200 000. pa ne znam kaj se makedoncite znaci site malcinstva se pogolemi vo broj od kolku se zapisani makedonci.E ako samo makedoncite ja sakaat makedonija a drugite ne togas pogolem broj od graganite ne ja sakaat makedonija.Covekeot si go napisal svoeto mislene ne znaci deka treba da go prifatite negovoto mislene no ne go navreduvajte oti bil i e nekoj dal svoj pridones za ovaa drzava a ti simo sto si dal za drzavata koga zivees vo Roterdam.NISTO ti si nikoj i nisto i zemas pravo da kritikuvas nekoj.Stigni prvo kako nego bidi vo ist stepen pa togas imas pravo na kritika a ne sekoj kllosar od ulica da kritikuva profesor.Ne mi se praite patrioti zname koj ste stignavme i vidovme.Od makedonec nema patriot.Aj dajte mu na narodot da jade ke umrat sirotite.
Од: Wolf
Датум: 25.12.2008 11:52:18
albancite vo Makedonija ja sakat ova zemja toa e tatkovinata tuka se rodeni,a ne e loso sto ja vrtat glavata kon Kosovo i Albanija tie se nivnite braqa go zboruvat istiot jazik i imat ista kultura,nesa albancite krivi sto vie ne gi sakate vasite braqa bugari so koi ste poverzeni i so jazikot i so kulturata tuka nesto ne e vo red treba da sepreispituvate.poz.do nasinec
Од: Sofre
Датум: 25.12.2008 11:56:19
Vo analizata na odnosite so sosedite g-dinot zaborava da spomne deka Albanija ne ja ima priznaeno Makedonija pod nejzinoto ustavno ime, a od druga strana deka Albanija i Kosovo imale sekgas fer odnos kon Makedonija i Makedoncite. Pa da go zaprasame g-dinot Ramadani sto se slucuva so Makedosnkoto nacionalno malcinstvo vo Albanija? Zosto nema ucilista vo koi Makedoncite ke ucat na Makedonski jazik? Sto so Makedonskite Goranci vo Kosovo? Na koj segment na fer odnosi misli kolumnistot koga go definira toa prasanje? Dali mozebi vo staronovite baranja za federalizacija na Makedonija go sogleduva pocituvanjeto na makedonskite albanci kon sopstvenata tatkovina Makedonija?
Од: koj ne ja saka MK
Датум: 25.12.2008 12:15:18
Site nasi sosedi i nivnite vladi koj pomalku koj poveke rabotat protiv makedonskata drzava.A Makedonija kako zemja i narod e postara od denesna Amerika.Koj e krivecot za toa ? komsiskite drzavi,Evropa ,svetot ?Odgovorot site go znaeme ama toa e toa,nema beganje. Po mene makedonskata zemja i narod ke bide sem aku ne padne nekoj golem meteor,a za drzavata ke vidime.
Од: federalist
Датум: 25.12.2008 13:05:29
politicari kako ovoj i slicni na nego ne gi sakaat albancite a kamo ova drzhava.Ovoj tip lugje sakaat samo pari pa i ova ja napishale za pari.
Од: zelezara do t24
Датум: 25.12.2008 13:41:42
Poglup komentar u zivot nemam videno.vmro znae da ja saka Makedonija?Saka ama da ja vidi pripoena kon Bugarija.Abe vas matricata vi e Bugarska i znaeme kako ja sakate Makedonija.Obrazovna mladina gledam kolku ima ako ti spagas u nif,mnogu umni odluki ste nosele vo minatoto zatoa nikad drzava ne sme bile.Sreka 1945 bea komunistite pa napravifme drzava a da befte vie den deneska ke befme narod bez drzava kako palestincive i kurdite.Na krajot da zaklucime,ne ve biva covek da vi dade dve ovci ke gi izgubite a ne drzava ke vodite
Од: albnor
Датум: 25.12.2008 13:42:25
Ja citav statijata na g. Ramadani i mi se dopadne. svaka cest i na Utrinski Vesnik sto ja objavia, no komentarive me nateraa i jas da si go napisem moeto mislenje so toa deka na nekoi ili mu smeta toa deka eden albanec si go pokazuva svojata lubov i zagrizenie za ovaa makedonia. stvarno se cudam zasto nekoi "makedonci" se custvuvaat neprilagodno koga albancite si go izrazuvaat svojat povrzanost kon Makedonia kako svoja drzava i sakaat da izrazuvaat nesto pozitivno kon nea a nekomu mu smeta toa? Da vi kazam jas sum roden i ziveam vo ovaa drzava, go sakam i Albania i Kosovo kako sto barame i makedoncite sto ziveat vo sosednite drzavi da go sakaat Makedonia. Toa ne znaci deka jas i drugite kako mene mu go sakaat losoto na ova drzava. Naprotiv, Makedonia e po demakratska i po silna so site svoi gragani ramnopravni, otkollku samo so nekoi si "patrioti makedonci"... tollku zasega, i vi go cestitam Novata 2009 na site vas.
Од: commanddevil
Датум: 25.12.2008 14:24:04
na prasanjeto na ramadani ke odgovoram...da ramadani ke ja bide -bidete sigurni sakale vie toa ili ne.ke ja bide vo onoj moment koga ke svataita kako entitet deka ,pukanjeto na ,,svadbi,, e del od praistoriskoto odnesuvanje na covestvoto,koga ke svatite deka na semaforite crveniot signal e za da zastanete ,koga ke svatite deka sekoj kriminal e kriminal pa ne treba da skokate koga ke se sproveduva zakonot -bezobzir dali toa se pravi vrz nekoj od svojopt entitet.koga ke razberete deka sudovite se mesta kade se sproveduva i treba d a se sproveduva zakon a ne maalski cajdzilnici kade se tra4ari. koga ke svatite deka religijata treba da siri tolerancija a ne da tera da zemas oruzje vo raka od petok do petok a vo petok na molitva bog da ti gi prosti storenite grvovi.ke bide koga ke svatite deka drogata nikade ne e semeen biznis. koga ke svatite deka , plakjanjeto danok e obvrska vo sekoja zemja. koga ke svatite deka strujata e nesto koe se prodava i kupuva i deka sekoj treba da plati ,
Од: To.St.
Датум: 25.12.2008 15:13:46
A dali vie g-dine Ramadani sakate da ja bide Makedonija?.Ne veruvam posle izjavata na PDP za federalizacija na Makedonija.
Од: Apostol
Датум: 25.12.2008 15:29:11
Dosta dobar napis. Dali ce ja bide Makedonija? Ova prasanje se postavuva uste od nejzinoto osamostojuvanje, bez malku kaj site nejzini gradjani bez razlika na nivniot nacionalen ili politicki beleg. Slozenosta na odgovorot na ova prasanje moze mnogu ubavo da se vidi vo sodrzinata na gorniot napis.Denesna Makedonija e mnogu opteretena so najrazlicni vnatresni i nadvoresni problemi. Del od tie problemi se stvoreni ( najpovece od neznaenje ) i od samata vlada.Medjutoa da se nadevame deka rodoljubite od site nacionalnosti koi ja sakaat svojata rodna grutka i koi se sposobni da nosat vistinsko resenie vo vistinsko vreme, ce go prevzemat kormiloto i ce ja povedat Makedonija kon celiti za koi se stremi.Pak ce recam deka treba nov impuls, rabotata so opstojuvanjeto e dojdena do kriticna tocka. So optimizam velam : Srecna Nova 2009 Godina do avtorot i site gradjani na RM.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Две Македонки загинаа во сообраќајка во Грција
Трговскиот центар „Гетро“ најдобро архитектонско дело
Хеликоптерот паднал поради редица пропусти
Слобода на молчење
Балканските национализми ја јавнаа Европа
Вацлав Клаус сака да и' стави кочници на Европа
Зденко
Изрезилена љубов
Вербатим
Кумот на Јоцо Амстердам го подготвил убиството на Пуканиќ
Совршени губитници
Буџетот останува во истите рамки
Спотот „Македонија вечна“ од денеска на Си-Ен-Ен
Економската криза најави мрачен Божик во Лондон
Карикатура