Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Слобода на молчење

Даниела Трпчевска

„Најголемите гафови на Буш - богато наследство што не е за потценување“. Со ваков наслов во понеделникот осамнаа медиумите пренесувајќи текст на германската агенција ДПА, која „до коска“ ги анализира изјавите на поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Во текстот не само што се изнесуваат делови од неговите говори во кои тој се исмева за неговото непознавање од сферата на образованието, туку и се пренесуваат и поговорки, кои тој милувал да ги менува на свој начин. Неговите гафови за преименување на ОПЕК во АПЕК или најавите дека ќе го „прислушува Интернетот“ долго време забавуваа милиони граѓани.

Дали Буш ги тужи сите оние што препраќале мејлови со негови карикатури или си прераскажувале вицови за Џорџ по телефон? Не само што не е за верување дека Буш се загрижил за текстот со неговите гафови, туку може и да замислиме колку гласно се смее прелистувајќи ги угледните весници, кои четири години буквално му ја „извадија маста“ со своите критики.

И додека во светот се прифаќаат „добронамерните критики“ и мајтапења со политичарите, во земјава фрчат пријави за нарушен углед, навреди, клеветење. На отстрел може да биде секој што ќе се дрзне да си даде оддишка на душата и да напише десетина реченици во кои ќе изрази несогласување, револт, поинакво мислење или анализа на тоа што ни се случува.

Тензијата и притисокот како зараза се шират не само врз медиумите кои, рака на срце, веќе одамна заборавија кои се границите на објективно и професионално информирање, туку и врз сите останати сегменти каде што треба да опстојува слободната мисла. Сите како да сме во еден магичен круг од кој не гледаме излез оти, преплашени да не му стапнеме на некого на нерв, се претворивме само во неми набљудувачи на она што се случува, без право на глас да се побуниме или, пак, да кажеме дека нешто не ни се допаѓа.

Како за’рѓан котел што виси над огнот, така интелектуалните пера се' повеќе отапуваат во страв да не се изгорат од судски процеси, во кои како од самиот старт да се прогласени за виновни. Експертите, на кои медиумите често се повикуваат, сега се' подалеку бегаат од телевизиските камери. Колумнистите на кои им е престиж еднаш неделно да имаат свој простор во пишаните медиуми, како што тргнало, двапати ќе размислат пред да напишат текст за кој ќе треба да искешираат илјадници евра по судски процеси.

Дојде време кога секој зема сила дека може да поднесе приватна тужба против секого, знаејќи од старт дека и не мора многу да се мачи да докажува дали има основа за тужење или не.

По последната пресуда на судот, кој одлучи дека професорот Фрчкоски тр��ба да плати 32 илјади евра за навреда на премиерот, медиумите ја поставија токму оваа дилема. Професорот Фрчкоски не успеал да докаже дека поранешниот министер за финансии потпишал спорен анекс од договорот со „Окта“ ниту, пак, тужителот го докажал спротивното.

Ако гледаме објективно, тогаш секој новинар, секој колумнист, експерт за буквално секоја реченица, секој збор изнесен во медиумите може да биде предмет на тужба. Секогаш постои ризик некој да биде навреден, да се почувствува оштетено, јавно понижено или наклеветено.

Но, зарем во тој случај нема да навлеземе во една друга крајност: новинарите да почнат да пишуваат само за гулабите и пеперутките или за штрковите кои секоја пролет доаѓаат од југ, од пусти страв да не ги закачи некоја тужба.

Но, тоа никако пак, од друга страна, не им дава право на новинарските пера да штракаат се' што ќе им падне на памет, без ни трошка одговорност за тоа што го објавуваат во јавните гласила.

Македонија мора да ја најде мерката, онаа средна црта што нема да се премине, но во меѓупросторот ќе им се даде доволно шанса на многумина да пишуваат, известуваат, коментираат и анализираат за прашања кои се важни за општеството, за евентуалните аномалии на институциите, неправилностите во работењето, злоупотребите со кои се нанесуваат огромни штети... Ако соседна Србија донесе одлука да ги декриминализира клеветите, тогаш и земјава може да смогне сили и да му даде шанса на слободното изразување. Колку тоа и да боли некогаш.


Статијата е прочитана 901 пати.

Испрати коментар

Од: sandra
Датум: 25.12.2008 00:08:27
samo golemi luge trpat kritika i vakaat deka kritikata moze samo da gi napravi podobri. samo golemi luge mozat da se shalat na svoja smetka kako primerite sto gi spomnuvate. vo rm nema sloboda na molcenje zatoa sto po izrazot na liceto ako ne klimate so glava vednas se znae deka ne ste poltroni -- atoa ne e dozvoleno. sreka sto na malite liderchinja kratok im e rokot na traenje
Од: balkan
Датум: 25.12.2008 01:23:19
Pod balkanskata demokratija se podrazbira se se moze i bilo shto, tova e nasheto podnebje pa vo kraen sluchaj mozebi i na razvieniot zapad i odgovara, rabotata e "udri mujo u tarabe"
Од: Od VMRO- MOJA
Датум: 25.12.2008 02:29:49
Pa vo toa e poentata na ovie GRESKI od vlada. Znaci ili mediumite ke im gi falat i velicaat rabotite koi gi napravile (vo gro slucai teski gluposti) ili ke pisuvaat za peperutki i gulabi. Ova sto ni se slucuva sega vo pogled na sloboda na mislata i slobodno iskazuvanje na istata,vo site segmenti i na sekoe nivo e za sramota, moderen stalinizam.Na ovaa vlada ocigledno ne i se potrebni luge koi mislat poinaku od nea.Djabe im se puni ustite za podobruvanje na skolstvoto za otvaranje na fakulteti koga vo drzavava mozes da napreduvas ako imas partiska kniska, a cela politika im e vo toa da go izlazat prostiot narod i zemjodelcite bidejki procentualno kako glasaci se mnogu poveke od tie sto mislat so svoja glava pa so nivna pomos mislat da vladeat 100 god. Ama mislam deka ke ve procitaat i tie, a omrazata ne znaete kako ke ja izrazat.Moze i so stap,sto znaes prosta rabota.
Од: milco
Датум: 25.12.2008 03:33:39
g-jo daniela kade bese da pisuvas vakvi statii porano,koga obicnite citettateli ve opomenuvaa deka ne e isto obicen citatel i profesor na falkutet da kazat nesto kako sto nee isto novinarskoto kazuvane i kazuvaneto na citatelot. za prof,frckoski krenavte prasina bez potrebno a za hari i branko se sitevte.
Од: ljupco,bitola
Датум: 25.12.2008 05:38:55
Зошто никој досега не го објавил тој фамозен анекс на договорот за купопродажба на ОКТА? Еве ви идеа за уште едно продолжение од сапуницата за ОКТА и поврзаноста на премиерот со неа. Просто,објавете го,во изворна форма,да го видиме. Да постоеше такво нешто сдсм досега не само што ќе го објавеше,ами ќе го делеше по куќи во нивната акција``од врата до врата``Шекерка 6 месеци мафташе со едно ливче пред камери,и на крај никој не успеа да види што пишува во него. Чудно,нели?
Од: анекс
Датум: 25.12.2008 09:49:38
ljupco,bitola- мене ми е најмалку важно а и не морам да го видам тоа "ливче" како што го викаш ти.Но одговори ми зошто судот кој е должен тоа да го види не сакаше.Е куме,куме,заради тоа народот повеќе не верува во ова судство,каде однапред дпмне ги осудува неистомислениците.После велите зошто Заев во судска постапка не докажал дека е невин.Па зарем пред овие судии може некој да докаже нешто спротивно од партискиот суд на дпмне.Тешко веројатно.
Од: do aneks
Датум: 25.12.2008 12:22:07
Sto znaci toa"ne mi treba da go vidam toa livce?"Ti si znaci slepec pri zdravi oci.Toa sto ke ti go kaze tvojot lider,toa e zakon.Glavata ti sluzi samo za strizenje?Pa neka go objavat vo vesnik,pa da diskutirame.
Од: petar
Датум: 25.12.2008 12:50:34
Zarem nee demokratski:jas imam pravo da mavam a ti imas pravo da molcis. Da ne zavrsevte fakultet ka si bevte obicen narod ke si slusavte se sto vi kazuvaat ke im veruvavte kako nie prostosmrtnite ali vie imse smesavte vo fakultetite vo politikite vo zemjodelieto vo nivnite resursi na vladeenje pa ke ve tuzat oti mnogu vistini ke izlezat i ke razbere narodot koj si zivee vo iluzija na lagoden zivot so vredni politicari
Од: zelezara
Датум: 25.12.2008 14:03:36
Poglednete gi komentarive na milco,ljupco bitola i posebno na onoj aneks.Pogolemi slepci u zivot nemam sretnato,od takvi kako vas Makedonija e stignata na ova nivo kaj sto e sega.Tolke ste prosti sto negledate deka veke go doprefme dnoto
Од: ramadan
Датум: 25.12.2008 15:08:30
Ja sakam da bidam tuzen,arno ama za toa treba da ima razlog.Sakam da bidam kolumnist ama ne me biva.Da sum sposoben da pisuvam ,prvo sto ce napisam ce bide da me tuzat za opadnat rejtinfg .Bas sakam toa da se desi i za mene da se pisuva,ce stanam poznat,pa i mene rejtingot ce mi porasne.Posto pari nemam da platam,ama za toa ce lezam vo zatvor.Pa znaete li koi svetski ludje bile vo zatvor.Jas znam deka vo zatvor moze lesno da vlezam,ama jas nesakam da lezam za krazba,za tepanje,za nedaj boze,nekoe ubistvo.Jas sakam da lezam za uvreda, za narusen rejting,za nesonica i slicni kulturni aktivnosti,a ne za nekoi prosti gluposti.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Две Македонки загинаа во сообраќајка во Грција
Трговскиот центар „Гетро“ најдобро архитектонско дело
Хеликоптерот паднал поради редица пропусти
Балканските национализми ја јавнаа Европа
Вацлав Клаус сака да и' стави кочници на Европа
Зденко
Изрезилена љубов
Вербатим
Кумот на Јоцо Амстердам го подготвил убиството на Пуканиќ
Совршени губитници
Буџетот останува во истите рамки
Спотот „Македонија вечна“ од денеска на Си-Ен-Ен
Ќе ја биде ли Македонија
Економската криза најави мрачен Божик во Лондон
Карикатура