Број 2871  четврток, 25 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

ТЦ „Гетро“ најдобро архитектонско дело

Автори на наградениот објект се Ѕвонко Тасевски и Ирина Бојаџиева

Билјана Ангеловска

Архитектите одлучија годишната награда за реализирано архитектонско дело да им ја доделат на архитектите Ѕвонко Тасевски и Ирина Бојаџиева за трговско-деловниот центар „Гетро“ во Гостивар. Големото признание, кое Асоцијацијата на архитектите на Македонија годинава традиционално го доделува по 14. пат, на авторите на делото завчера им го врачи покровителот на наградата, претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски.

„Ова признание го доделуваат колеги на своите колеги во професијата која важи за една од најреволуционерните во доменот на осмислувањето на квалитетот на живеењето, но и една од најкритичните во однос на проектирањето и градењето на животниот простор“, рече Црвенковски при врачувањето на наградата, потенцирајќи дека со тој чин се заокружува успешната година за македонската архитектура како плод на посветеноста на Асоцијацијата за домашна и меѓународна афирмација на македонското архитектонско творештво.

Изведениот објект ја освои наградата во силна конкуренција на седум исклучително квалитетни градби: комерцијален центар во Скопје (познат како „Лумикс“ - н.з.), едносемејна куќа во Битола, комерцијален објект во Ѓорче Петров, административна зграда на регионален катастар Скопје, „Супер Тинекс“ - Скопје, спортска сала „Борис Трајковски“ и наградената „Гетро“ во Гостивар.

„Заслужни за овој објект се повеќе луѓе. Зад носителот на идејата стои цел тим ’борци‘ - архитекти кои се справуваат со многу проблеми, но и со позитивни работи кои, за среќа, ги има се' повеќе и претставуваат се' поголема можност за докажување. На Запад секогаш се наоѓа некој што ќе го оствари сето што ќе го замисли архитектот, додека кај нас е сосем друг случај. Тука мора реално да се сонува, па секое докажување и ваква награда носат поголема заслуга за себе“, вели еден од авторите на наградениот објект, Ѕвонко Тасевски.

Трговско-деловниот центар „Гетро“ е со површина од 9.000 квадратни метри и е силен објект што отскокнува од околината. Висински не е доминантен, има приземје и четири ката, но, како што вели Тасевски, со својата форма и облик го поведува целиот град со себе. Се наоѓа на простор помеѓу три големи сообраќајници.

„Во почетокот се двоумевме која страна би била примарна, кој агол би бил доминантен, зашто локацијата е таква што речиси сите три агли влечат на своја страна. Објектот е различен по големата слобода што е внатре. Инвеститорот не инсистираше на традиционални ходнични системи, венци и традиционални излози. Не' остави слободно, со слободни форми да ги водиме луѓето низ објектот и движењето да биде поинакво“, појаснува Тасевски.

За објектот се користени таканаречени вентилирани фасади познати под името титаниум. Објектот е малку потемен и подоминантен од целата околина со поголеми застаклувања од сите типови трговски центри, многу повеќе стакло и многу поголеми пространства пуштени внатре, со цел посетителите да се чувствуваат слободно. Авторот објаснува дека, покрај голем број дуќани, во внатрешноста има и фонтани, прекрасни скали кои се наизменично делумно застаклени со расвета, а делумно од цврст материјал, додека холовите се искршени и централно распоредени за да се пополни внатрешноста. На последниот кат има ресторани и две киносали.

Наградените архитекти Тасевски и Бојаџиева, како дел од проектантското биро „ДСЦ дизајн“, исклучително се задоволни од соработката со инвеститорот на објектот, Насер Идризи, кој искажал голема доверба кон нив и кон нивните идеи. Заедничката соработка, за која Тасевски вели дека претставува „среќна паралелна двојка“, всушност, и им ја донесе наградата за најдобро архитектонско дело во 2008 година.


Статијата е прочитана 2096 пати.

Испрати коментар

Од: ulpiana
Датум: 25.12.2008 01:03:57
dali zirito zelo vo obzir deka objektot od 3 strani izlaga direktno na ulica ( nema troroar) a od cetvrta se granici so dvor . toa znaci nema pristap do objektot ili e predvideno ednata strana od ulicata ( bukevarot da se napravi pesaka zona . sramota >>>>
Од: Jeton
Датум: 25.12.2008 10:04:31
Потполно се согласувам со Улпиана. Дали некој виде дека објектот има зафатено сел тротоар , така што пешаците имаат само 10цмна располагање. Срамота да се наградува објект кој претставува парадигма на урбана мафија.
Од: Димитар
Датум: 25.12.2008 11:35:34
Двата влеза на трговскиот центар излегуваат директно на улици кои се можеби најфреквентните во Гостивар.Нема тротоари, што можеби е потенцијална опасност и з�� сообраќајот и за граѓаните.
Од: petar
Датум: 25.12.2008 12:26:27
Jas pomisliv deka ona T.C. e termo centrala
Од: jeton skenderi
Датум: 25.12.2008 12:36:37
neka im sluzi na cest na branko,nevzat,i campanijata
Од: federalist
Датум: 25.12.2008 12:44:50
urbanata mafija e dlaboko navlezena vo kriminal. Se nagraduva eden objekt koj protivzakonito e graden, objekt za koj vo moderni opshtestva se robuva i toa so mnogu godini.Za ovoj objekt gradonacalnikot Bejta treba da se goni krivicno oti dozvolil da se prisvoi del od narodno zemjishte objekt koj trotoarite gi uzurpiral a narodot treba da pesaci po ulica. So ova se pokazha deka i Crvenkoski i Bejta poteknuvaat od isto shkolo zatoa vo mestoto kade Crvenkoski tepashe i ubivashe nedolzhni Gostivarski gragjani Bjta go drzheshe vo pregratka. Ova e sram za Makedonija ,ova e sram za arhitektite i nivnoto zdruzhenie
Од: sande
Датум: 25.12.2008 12:45:07
Prestizni nagradi, golemi priznanija, revolucionerna profesija (!!??) , svetsko nivo... a ima 10 cm trotoar pa izleguva na ulica. Kraj !
Од: Nuri Bajrami Gostivar
Датум: 25.12.2008 13:22:00
Vo Gostivar se ruseni nad 700 objekti gradeni na divo i po toa se dozvoluvase da se gradat kapitalni objekti pak na divo. Mnogu raboti okolu ovie objekti ne se jasni i transparentni. Sega veke po dodeluvanje na ova nagrada absurdot e pogolem.? Dali nagradenite arhitekti ja projektirale i uzurpacijata na javnite trotoari okolu ovoj objekt??? Koj bil vo Gostivar go znae ova.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Две Македонки загинаа во сообраќајка во Грција
Хеликоптерот паднал поради редица пропусти
Слобода на молчење
Балканските национализми ја јавнаа Европа
Вацлав Клаус сака да и' стави кочници на Европа
Зденко
Изрезилена љубов
Вербатим
Кумот на Јоцо Амстердам го подготвил убиството на Пуканиќ
Совршени губитници
Буџетот останува во истите рамки
Спотот „Македонија вечна“ од денеска на Си-Ен-Ен
Ќе ја биде ли Македонија
Економската криза најави мрачен Божик во Лондон
Карикатура