Руските војници демонтираа пунктови
КОБИ - Руски војници вчера демонтираа контролни пунктови во западна Грузија, јавија грузиски официјален претставник и очевидец, два дена откако Москва вети дека ќе ги повлече силите од внатрешноста на нејзиниот сосед. Ројтерс јави дека војниците отстранувале бетонски блокови и дрвени столбови на контролен пункт во селото Пирвели Маиси, во близина на Коби, околу 30 км од де факто границата со отцепената Абхазија. Околу 40 км на запад, во црноморското пристаниште Поти, мајор Вано Сагинаѕе јави дека некои војници и оклопни возила биле отстранети од два контролни пункта на влезот во градот, а со камиони била отстранета муниција. (Ројтерс)
|