Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Петмина кандидати во трката за јапонски премиер

ТОКИО - Петмина кандидати вчера беа номинирани за иден премиер на Јапонија, при што поранешниот министер за надворешни работи Таро Асо е фаворит да победи во трката и да свика предвремени избори во скоро време. Владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) се надева дека динамична дебата, фокусирана на прашањето како да се балансира потребата за издигнување на несигурната економија на Јапонија, а во исто време да се заузда зголемениот јавен долг, ќе го подобри нејзиниот рејтинг кај гласачите, пред општите избори кои новиот премиер би можел да ги свика во ноември. Отворениот Асо, кој се наоѓа на врвот во гласачките и партиските анкети пред изборот на раководство на ЛДП на 22 септември, укажува на потребата за намалување на владините трошоци, приходи и други даноци, за да зајакне економијата која се тетерави на работ на рецесија.

„На јапонската економија и' се потребни три години за да се излечи. Таа ќе се обнови на краткорочен, сконцентриран начин“, истакна Асо (67) во неговата политичка платформа. „Она што е сега потребно се реформи за иднината. Јас тие решително ќе ги продолжам“. Другите кандидати, меѓу кои министерот за економија Каору Јосано, сакаат да ја задржат целта за балансирање на јапонскиот буџет до 2012 година. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 62 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Погребувајќи ги мртвите, Грузија гледа нови борби
Фијаско на процесот против осумте британски терористи
Лидерот на Северна Кореја има здравствени проблеми
Британскиот премиер го поддржа Обама
Застрелан грузиски полицаец
Владејачката МПЛА победи на парламентарните избори во Ангола
Руските војници демонтираа пунктови