Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Грузија ги погреба мртвите и гледа нови борби

Грузија го анализира својот пораз од Русија и се надева дека ќе ги обнови вооружените сили

ТБИЛИСИ - Раководството на Грузија, само неколку недели откако нејзината војска панично падна пред руската армија, почна да го анализира својот пораз и се надева дека ќе ги обнови и обучи вооружените сили, како да е речиси неизбежна уште една војна со Русија.

Уште пред армијата да ги идентификува и погребе сите загинати, високи грузиски претставници ги формулираа нивните планови на провокативниот јазик што и' претходеше на војната. „Наша мисија е да ја заштитиме нашата земја од руска агресија“, рече 29-годишниот министер за одбрана Давид Кезерашвили, на прашањето кои мисии би ги организирала војската за извршување. „Руска агресија од големи размери. Најголемата агресија уште од средината на 20 век“.

Опциите што се разгледуваат се движат од враќање на војската на нејзината сила пред војната, до изградба на многу поголема сила со пософистицирана опрема. Сето тоа претставува нов и отворен предизвик за Кремљ, кој е мошне сомнителен околу намерите на Грузија и нејзината поддршка од Запад. Тие, исто така, наметнуваат тешки прашања од надворешната политика за САД. Причината, делумно, е што грузиската одлука да ги нападне Јужна Осетија и руските сили на 7 август, и последователното бегство на нејзината војска, наметнува прашања за вредноста и мудроста на една поголема инвестиција. Причина, исто така, се ризиците за веќе влошените односи со Русија.

Руските претставници повеќе пати изразија загриженост поради можноста САД да преземат голем обид за консолидирање на грузиската војска. „Американците ќе влезат во Грузија“, вели Дмитриј Рогозин, претставникот на Русија во НАТО. „Верувам дека наскоро ќе има американска воена база во Грузија, официјално. И не само советници - ќе има знаме, тенкови, артилерија, авијација, па дури и маринци“.

Официјални лица на Пентагон, Стејт департментот и Белата куќа потврдуваат дека администрацијата на Буш почнала да испитува што би било потребно за обнова на оружените сили на Грузија. Но, високи креатори на политиката велат дека не се донесени никакви одлуки.

Досега администрацијата на Буш свесно избираше да привлече внимание на хуманитарните напори во Грузија и да избегне јавно дискутирање за обидите да се испита како на најдобар начин да се консолидира војската.

Официјалниот молк ја одразува загриженоста во Вашингтон околу тензиите меѓу САД и Русија, јавуваат официјални лица, и објаснува зошто креаторите на политиката од администрацијата на Буш и воените офицери кои ги разгледуваат тие обиди, го прават тоа само под услов да останат анонимни. Куса, јавна дискусија за американските напори беше обелоденета кога адмирал Мајк Мулен, началник на Генералштабот на здружените американски сили, изјави на конференција за печатот дека Грузија е „многу важна земја за нас“ и дека САД имаат намера да ги продолжат односите војска-војска. „Ќе биде многу важно владата на Грузија да донесе некои одлуки околу тоа што сака да прави и тогаш мислам дека САД ќе бидат во позиција да одговорат на тоа“, рече тој.

Прашањето е уште повеќе компликувано од политичкиот календар. За воено консолидирање се потребни години, што значи дека долгорочни одлуки за американско воено насочување и поддршка на Грузија ќе паднат на товар на следната претседателска администрација.

Но, се јавува чувство за грузиските амбиции. Претставници на одбраната од Тбилиси велат дека тие минимално се надеваат дека ќе ги доопремат четирите постојни бригади на армијата со софистицирана опрема, и ќе го зголемат бројот на воздухопловните сили. Претседателот Михаил Саакашвили вели дека планира, исто така, да стави акцент на обуката на офицерите во наредните години. „Немаме проблем со индивидуалните вештини на војниците. Истото тоа треба да го направиме со офицерите“, рече тој во еден разговор.

Грузија, исто така, се надева дека ќе добие интегриран систем за воздушна одбрана што го покрива целиот воздушен простор на земјата, дека ќе ги вооружи копнените сили со современи противоклопни ракети и ќе изврши ремонт на опремата за комуникации на војската, од која поголем дел беше неупотреблива поради руското придушување за време на кусата војна. Покрај тоа, сака да им достави голем број парчиња опрема за ноќни услови на своите сили, што би помогнало да се создаде паритет на теренот против бројната супериорност на руските оклопни единици.

Една од опциите кои се разгледуваат, вели Кезерашвили, би опфаќала создавање на уште четири борбени бригади. „Се' заедно, обуката и опремувањето на новите бригади, доопремувањето на постојните сили и инсталирање софистицирана противвоздушна одбранбена мрежа би можело да чини од осум до девет милијарди долари“, истакнува Кезерашвили. „Заедно со Европејците и САД, треба да ја обновиме нашата армија и да ја направиме посилна, бидејќи тоа е во заеднички интерес“, рече тој, додавајќи дека Русија би можела да нападне друг сосед и мора да биде одвратена. „Кој ќе биде следната жртва? Никој не знае“.

Но, како што Грузија и Запад почнуваат да дискутираат за идните воени соработки, пристигнуваат информации за настаните од минатиот месец во кои грузиската војска се распадна во нападот. Сопствената анализа на Грузија е директна: нејзината главна ранливост, за која вели дека се покажала пресудна, е нејзината компаративна слабост соочена со руската воздушна моќ и нејзината неспособност ефективно да комуницира откако започнала борбата. Двата проблема, според Кезерашвили и Бату Кутелија, првиот заменик-министер за одбрана на Грузија, би можеле да бидат надминати со инвестиции во одбраната.

Меѓутоа, разговорите со западните воени офицери кои имаат искуство во работата со грузиските воени сили, вклучувајќи офицери од Грузија, Европа и САД, сугерираат дека воените недостатоци на Грузија се премногу сериозни и тешки да се коригираат само со подобрување на опремата. Во неодамнешната војна, што траеше неколку дена, грузиската армија побегна како што напредуваа Русите, вртејќи им го грбот и оставајќи ги грузиските цивили на патот на непријателот. Нејзините авиони не летаа по првите неколку часови од контактот. Нејзината морнарица беше закотвена во пристаништата, а нејзините патролни чамци беа извлечени со руски камиони на приколки. Многу од нејзините складишта за муниција беа напуштени, освоени и уништени.

Информациите до сега сугерираат дека од почетните моменти на војната до нејзиниот крај, Грузија, земја чие раководство има аспирации да се приклучи кон НАТО, ја водеше војната лошо и на начин што ги поткопа нејзините напори да се прикаже како потенцијален сериозен воен партнер или сила. На пример, Саакашвили вели дека дал наредба да се нападне Цхинвали, главниот град на Јужна Осетија, од неговата канцеларија преку мобилен телефон. На теренот има докази, од голем број очевидци, дека за 30 минути од наредбата на Саакашвили, грузиската војска почнала да напаѓа цивилни делови од Цхинвали, како и руската мировна база во тој град, со жесток ракетен и артилериски оган. Баражниот оган речиси обезбедил руски воен одговор, велат неколку дипломати, воени офицери и очевидци. Откако руските колони пристигнале преку тунелот Роки, а ��орбите брзо се смениле во полза на Русија, Грузија вели дека нејзиниот напад бил неопходен за да се спречи руски напад, кој веќе бил во тек.

Сепак, до денес нема независни докази, надвор од инсистирањето на Грузија, дека руските сили нападнале пред грузискиот баражен оган. За време на борбите, вели еден западен воен офицер, беше очигледно дека логистичките подготовки за Грузија се слаби и дека нејзините единици си попречуваа меѓу себе на теренот. Делумна причина за тоа е ограничената комуникација меѓу копнените сили и командантите, но, исто така, и што речиси не постоеше координација меѓу полициските и воените единици, кои често пати имаат задачи што се преклопуваат, и се притискаа едни со други на ограничената патна мрежа. Резултатот брзо прерасна во хаос и страв, што достигна такви димензии што армијата се повлече се' до главниот град, напуштајќи го градот Гори без да подготви сериозна одбрана и пред да стигнат Русите со целата сила. Своето повлекување го оствари со неупотреблива муниција.

Засега Грузија инсистира дека нејзината армија претрпела мали загуби и успеала да скрие голем дел од опремата за идна употреба. „Армијата може да се бори уште утре“, вели Кутелија. Висок западен воен офицер, со искуство во Грузија, има поинакво мислење, за кое вели дека веројатно ќе влијае на одлуките во иднина. „Едноставно не можам да верувам колку многу пропушти Грузија“, вели тој.

(„Интернешенел

хералд трибјун“)


Статијата е прочитана 830 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 11.09.2008 00:50:29
na sakasvili izgleda ne mu bese dosta...saka uste :)))).samo neka gi slusa amerikancite.,,daleku,,ke stigne.
Од: citatel
Датум: 11.09.2008 13:09:43
neli sfaka salikasvili deka rusija i zapadot si igraat majtap so nego, ustvari rusija e nukleana sila i dovolno e samo edna bomba da frli i gruzija ke ja nema, site drugi igracki, tenkovi, topovi, avioni, komunikaciski, sredstva, generali, voeni edinici, se samo edna obicna vosliva detska igracka

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Фијаско на процесот против осумте британски терористи
Лидерот на Северна Кореја има здравствени проблеми
Британскиот премиер го поддржа Обама
Застрелан грузиски полицаец
Владејачката МПЛА победи на парламентарните избори во Ангола
Петмина кандидати во трката за јапонски премиер
Руските војници демонтираа пунктови