Број 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Струмичани, сепак, ги продадоа доматите

СТРУМИЦА - Струмичките земјоделци попуштија и ја прифатија понудата да ги дадат доматите за преработка во конзервната индустрија по цена од 4,5 и 5,5 денари за килограм. Иако, како што велат, производствената цена на доматите од оваа реколта изнесува 20 денари за килограм, тие немале друг избор освен да го дадат родот по багателни цени колку што им понудија преработувачите на заедничката средба во Министерството за земјоделство.

„Решивме да попуштиме и да ги дадеме доматите по овие цени на конзервната индустрија. Но, бараме откупот да се изврши на наш терен и исплатата да биде веднаш, бидејќи земјоделецот е веќе на работ на егзистенцијата. Очекуваме и интервенцијата на Владата преку субвенции да биде во рок од 10 дена“, изјави вчера Ристо Велков, претставник на земјоделците од Струмичкиот регион.

Една од причините поради која земјоделците решија да попуштат е и слабиот квалитет на доматите од оваа реколта, кои поради стопираниот откуп се презреани, а дел од нив почнале и да скапуваат во пластениците поради високите температури. Земјоделците се заканија, ако во наредните денови преработувачите не се појават на откупните пунктови, доматите ќе ги фрлеле на селските депонии.

Според нив, моментално за откуп има околу 5.000 тони домати. За десет пати повеќе родот ќе се зголеми до крајот на сезоната, бидејќи доматите биле насадени на површина за 30 отсто поголема во споредба со лани. (Е.П.)


Статијата е прочитана 567 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Државата бара поскапување на струјата за 38 проценти
Узурпаторите не им ја даваат земјата на новите газди
Бизнисмените задоволни од Владата
Комората сака пивото да не се третира како алкохол
Пријава на екоштети на „зелениот телефон“
МАТ може да биде приземјен
Од вчера не важат договорите за концесија на операторите
Комерцијална со филијала и во Кавадарци