Комората сака пивото да не се третира како алкохол
Стопанската комора го поддржува барањето на пиварите пивото да се изземе од забраната за продажба на алкохол од 19 до 6 часот изутрина, што почна да се применува од 1 септември.
„Пивото не треба да се третира како алкохол, бидејќи како производ тоа не е ставено ни во Правилникот со кој се забранува продажба по 19 часот, а исто така е различно третирано и во делот за квалитет. Имаме правилник за квалитет на алкохолни пијалаци каде што се опфатени алкохолните пијалаци и виното и имаме правилник за квалитет на пиво. Со самото тоа пивото е изземено од алкохолните пијалаци, што значи дека одредбите за забрана за продажба на алкохол по 19 часот не се однесуваат за него“, изјави вчера Стојмирка Тасевска.
Комората како асоцијација, како што посочи таа, веќе реагираше во смисла пивото да се изземе на теренот од третирањето како алкохол. (МИА)
se e relativno; ima pivo so visok % na alkohol a pomalku faka od pivo so < % na alkohol no so pogolema sodrzina na fermentot
Од: БК
Датум: 06.09.2008 11:34:28
Дали пивото кое се продава кај нас содржи алкохол? - ДА.
Дали со консумирање на пиво може човек да се испијани? - ДА.
Дали после консумирање на пиво може да се регистрира во крвта на човекот одредена количина на алкохол? - ДА.
Ако содржи алкохол, ако може човек да се испијани од него, ако неговата конзумација се регистрира во крвта дали тогаш станува збор за алкохол? - ДА.
Тогаш и за пивото МОРА да важи забраната за продажба од 19 до 06 часот.
Од: vlatko
Датум: 06.09.2008 14:23:17
zaloznici na maloletnite ke bideme sramota e voa sto se pravi, utre moze neneadejno da mi se najavat gosti nemam kaj da kupam ova samo vo Mk go ima sramota ova li e demokratija pocnavme ko na filmovite kontroliran zivot eve i toa dojde!
Од: pravda
Датум: 06.09.2008 23:50:10
Ne ke moze gospoda od komorata,nasite deca ne pijat viski tuku bas pivo koe vo sebe sodrzi dovolen procent na alkohol za da posle pet piva se vo alkoholizirana sostojba,ako vladata popusti na nivnite baranja znaci deka zakonot povtorno ke bide obicna farsa
Од: gish
Датум: 08.09.2008 14:41:34
DECATA SE ODGOVORNOST NA RODITELITE A NE NA DRZAVATA. NIE TREBA DA SI GI STEGNEME MALKU POVEKE NASITE DECA.GOSPODATA OD VRVOT KOI GO NOSAT ZAKONOT MISLAM DEKA TREBA DA POGLEDAAT VO DRUGI DRZAVI I DEKA SEKADE SEKOJ PIJALOK SO TAKA MAL PROCENT NA ALKOHOL SE PRODAVA DURI I VO SUPERMARKET. EDNA RAZLIKA E STO SE PRESTANUVA SO PRODAZBA NA POLNOK ,A SE OTVARA VO 10 NAUTRO VO PRODAVNICI OTVORENI 24H.