Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Узурпаторите не им ја даваат земјата на новите газди

Оние што добиваат државно обработливо земјиште под концесија не можат да стопанисуваат

Иван Бојаџиски



ШТИП - Во Штип и Штипско владее значително интересирање за добивање државно обработливо земјиште под концесија. Но, оние кои добиваат вакво земјиште во старт се соочуваат со неможноста да стопанисуваат со него. Процесот го проблематизираат узурпаторите на истото тоа земјиште кои не сакаат доброволно да се повлечат и да го отстапат на новите сопственици. Ова го потврдуваат и во подрачната единици при Министерството за земјоделство.

Ацо Рамбабов, раководител во Подрачната единица во Штип, вели дека дури 90 отсто од државното обработливо земјиште, кое е предмет на јавен оглас за давање под концесија, е узурпирано.

„Луѓето бараат земја за преку неа да си обезбедат егзистенција за семејствата, но кога ќе ја добијат, на теренот се соочуваат со узурпаторите. Тоа стана голем проблем, но ние имаме решение. Наши вработени и од катастарот ќе излезат на самото место кога ќе им се предаваат нивите на новите концесионери. За да се избегне секаква непријатност или инцидент, ќе побараме асистенција од полицијата. Има закани од типот дека „крв ќе падне за земјата“ кои до концесионерите ги упатуваат узурпаторите. Но, ние нема да подлегнеме на такви притисоци“, вели Рамбабов.

Со првиот оглас на штипјани им беа понудени 1.700 хектари. Се јавиле 85 заинтересирани физички и правни лица, а на 60 од нив им беа доделени околу 400 хектари плодно земјиште. Другите биле одбиени поради нецелосна документација. На вториот оглас, објавен пред три дена, а ќе трае до 19 овој месец, под концесија е понудена површина од 4.707 хектари. Раководителот Рамбабов вели дека интересирањето за ова земјиште е поголем од оној при првиот оглас.

„Мошне големо е интересирањето за 3.300 хектари до кои допираат водите од хидросистемот „Брегалница“, односно за нивите во атарот на селата Долни Балван, Врсаково и Таринци. За 1.400 хектари кои се во атарот на Лакавица речиси и нема интересирање поради непостоење на можност тие ниви да се наводнуваат. Очекуваме проблеми токму во атарите каде што постои систем за наводнување. Таму речиси сите површини кои се предмет на огласот се узурпирани, а дел се засадени и со повеќегодишни земјоделски култури“, укажува Рамбабов.

Дел од кандидатите за државно земјиште кои беа одбиени на првиот оглас тврдат дека земјоделско земјиште било доделено само на 22, а не на 60 физички и правни лица. Тие реагираат на фактот што не им била дадена можноста документите што не ги приложиле дополнително да ги достават и така да останат во игра за земјиштето.

„Сега пак мораме одново да стартуваме, пак да плаќаме по 3.000 денари за нови документи. Имаме впечаток дека тоа е игра чија цел е државната каса да се полни и на ваков начин. Не веруваме ниту во тоа дека подрачната единица, катастарот и полицијата ќе не' воведуваат во владение. Оние кои добија земјиште веќе добиле и совет преку суд да се докажуваат со узурпаторите кој има право на односното земјиште, а кој не. А тоа ќе биде нова голгота за сите кои сакаат да живеат од работа на земјата. Би било добро кога би се оствариле ветувањата на луѓето од Подрачната единица за земјоделство. Тоа е најдобар начин да не дојде до физички пресметки со узурпаторите и ние веднаш да почнеме да ја обработуваме земјата“, коментираат земјоделци кои на првиот оглас биле одбиени поради нецелосна документација, а кои се јавиле и на вториот оглас.

 


Статијата е прочитана 397 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Државата бара поскапување на струјата за 38 проценти
Бизнисмените задоволни од Владата
Комората сака пивото да не се третира како алкохол
Струмичани, сепак, ги продадоа доматите
Пријава на екоштети на „зелениот телефон“
МАТ може да биде приземјен
Од вчера не важат договорите за концесија на операторите
Комерцијална со филијала и во Кавадарци

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.