Болните се жалат дека се излажани за поевтините лекови
Пациентите реагираат дека Фондот им диктира да се лекуваат со најевтината и застарена терапија
Јасмина Јовановска
Новата месечна пратка на лекови им создаде големи главоболки на болните. Од една страна, мора да чекаат редици по аптеките поради намалените квоти, па лековите брзо ќе се потрошат и можат да останат без месечната терапија. Од друга, болните реагираат дека Фондот им диктира да се лекуваат со најевтината и застарена терапија, а не со онаа што им ја препорачал лекарот. „Од лековите без доплата ни се нудат најевтините, а ако сакаме да се лекуваме со лекот што сме го користеле досега, треба да доплатиме“, е најчестиот коментар на болните. Тие се револтирани на Фондот, бидејќи, како што велат, се излажани дека со поевтинувањето ќе добијат лекови без доплата.
„Какви поевтини лекови кога мора да доплаќаме најмалку по 300 денари“, реагираат болните. Пензионерот Н.Ј. од Скопје, кој е долгогодишен астматичар, се жали дека не знае како ќе го набавува спрејот за неговата болест без кој не може нормално да дише. „Пред поевтинувањето на лековите плаќав 160 денари за лекот. Сега аптекарката ми вели дека треба да платам 160 денари плус 420 денари доплата за да го земам спрејот ’фликсотиде‘ на рецепт“, објаснува 73-годишниот пензионер.
Друга пензионерка, пак, се пофали дека за лекот за притисок, место 20 денари партиципација, не платила ништо. „За ’енап‘ платив околу 90 денари помалку од порано. Но, затоа тие пари, па и повеќе, ми ги зедоа за ’сулфосалазин‘ за ревматизмот за кој морав да платам 300 денари, што е за 210 денари повеќе отколку претходно“, објаснува З.С., 60-годишна пензионерка од Скопје.
Слично реагираат и други пациенти. Така, на една пациентка, која за срцева болест со години се лекувала со лекот за срце „конкор“, во аптеката и' рекле дека без доплата може да го добие само „бипресо“, а за секој друг лек ќе мора да доплати. Така, место 50 денари доплата, сега мора да плати 100 денари, но проблемот е што и со таква доплата, лекот го нема. Друг пациент, пак, вели дека за намалување на мастите во крвта за лекот што му го препишал лекарот и го користи со години, му рекле дека треба да доплати околу 1.000 денари, иако претходно го земал само со минимална партиципација.
И во аптеките ни потврдија дека со новите референтни цени на лековите, од една група лекови на пациентите може да им понудат најмалку по еден лек без доплата. Нивниот впечаток е дека цените се намалени кај лековите кај кои доплатите и претходно не биле големи, односно биле околу 100 денари, но затоа голем број од лековите што имале само партиципација, сега имаат големи доплати што не можат да си дозволат пациентите, особено пензионерите.
Во аптеките и вчера не беа стасани сите лекови од позитивната листа. Недостасуваа и лековите за кои производителите се' уште ја немаат намалено единствената цена, односно цената по која ќе се увезува лекот во државата. Пациентите, освен што се жалеа на високите доплати за лековите, беа револтирани и поради тоа што лекот можат да го подигнат само до 14 часот попладне. Ова оттаму што лековите се' уште може да ги издаваат само фармацевтите со лиценца, а законската измена со која до 2017 година се продолжува рокот за фармацевтските техничари да изда��аат лекови, се' уште не е визирана во Собранието. Дополнителен проблем, велат пациентите, е што рецепти за нивните лекови не можат да добијат ако немаат најново конзилијарно мислење за препишаната терапија, потпишано од најмалку двајца субспецијалисти од клиниките.
Од Фондот за здравствено осигурување велат дека не ги излажале пациентите и признаа дека има лекови со поголема доплата од претходно. Но, за раководителот на фармацевтскиот сектор при ФЗО, Кристина Христова, тие се во помал процент од оние што се нудат без минимална доплата или со минимална доплата, а кои се 209 генерики. „Новите референтни цени се на таков начин дефинирани што од секоја генерика да има најмалку по еден лек без доплата“, вели Христова и додава дека целта била да има што повеќе лекови без доплата и тоа, пред се', основната терапија.
За сите овие проблеми со кои се соочуваат пациентите, вчера состанок со директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева Змејкова, имаше коалицијата на десетина здруженија на пациенти. Од коалицијата прашале кој ќе биде одговорен доколку некој пациент настрада поради тоа што не може да си го обезбеди лекот поради високата доплата или ако го нема во аптеката. Од Фондот им рекле дека тоа не може да се случи зашто од секоја генерика има по еден лек без доплата. Од Фондот уште добиле ветување дека снабденоста на аптеките со лекови ќе се среди за десетина дена и тогаш уште еднаш ќе се сретнат за да го сумираат резултатите, при што им било потенцирано дека износот на парите за лекови што се издаваат во аптеките не е променет во однос на лани.
Pa neli DPMNE gi poaci i platite i penziite, i veli deka ima besplatno zdravstvo???? Glasajte pak za DPMNE togas nema da trebe ni zdravstvo ni lekovi, za golema zal. Sto bi rekol Kimov od Jersey, narodot si go saka Grujo.
Од: Жарко Арнаудовски
Датум: 05.05.2010 00:44:21
Го гледам на телевизија оној млад портпарол на Фондот за здравство и не можам да се изначудам.Се слуша ли тој што зборува,какви глупости тресе.Вели:ова го правиме за доброто на пациентите!!!!Тоа значи дека поскапувањето на лековите е за доброто на пациентите?!!!Знае ли тој дека оние кои користат терапија подолго време со еден лек не можат да ја прекинат и да користат друг на пр. поевтин лек.Работат ли писмени луѓе во оваа држава.Тешко болниот човек со ваква држава.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 05.05.2010 06:49:02
Не се сеќавате на изјавата на премиерот на чело на владата - најави поевтинување на лековите дури и до 150%.(шста зна дете шта су проценти - да се врати во основно).Оно човекот не мислел на поевтинување мислил на поскапување? Морал да го разубави најавувањето, како и се.Го надмина Амби Бајрам - во процентите.Инаку ништо неможат да направат освен со пропаганда да го замајуваат народот.До кога?
Од: ivona
Датум: 05.05.2010 08:27:21
pa narode makedonski zarem nesto funkcionira kako sto treba vo drzavava samo slusame ako sami sebe cela vlada se fali i nagraduva i veseli ,pa ke se grizi za bolnite,za lekovi,za hendikepirani ,za penzioneri,za platite svoi se grizi vcera pak ja zadolzi zemjava so novi 40milioni EVRA NE DENARI NARODE SA DA SI GI ISPLATI svoite nepismeni funkcioneri i za penziite za koi nema da im stignat samo za lekovi,za zivot niven ne mislat sega moze ke ve pratat na letuvahje po banjite i taka ke ve zamajuvaaat i vas i narodot,AMA DO KOGA EVROPA SE SNIMA BRZO ke ni doleta uste nekoja raketa vo vid na bojler ama dali ima negde na svetot vakvo nesto da se slucuva gospode barem da se utesime.
Од: jovan
Датум: 05.05.2010 09:07:31
Prosto e zacuduvacki kako od petni zili ,potparolot na FZ ,se trudi da ne ubedi kolku ni e dobra snabdenosta so lekovi i kolku se poeftineti.Ili toj covek neznae sto zbori ili misli deka site bolni vo ovaa drzava se totalni IDIOTI od koi treba sto poskoro da se oslobodat.Koj ke prezivee ke raskazuva za ovaa ubavina!
Од: teknuvalo
Датум: 05.05.2010 09:57:29
Нека ме потсети некој кој чекор беше овај и на која страница го пишуваше?
Од: bolen
Датум: 05.05.2010 10:03:27
Ovaa vlada vo dve raboti samo se mnogu dobri . Vo lazenjeto i vo reklamiranjeto na lagite kolku tie mnogu rabotat i mislat za dobroto na lugjeto . Arno ama i na tie raboti doagja krajot . Kaj mene za niv im dojde krajot . Rakata da mi se isusi ako uste ednas glasam za gruevski . Toj zaedno so negovite pajtasi e najgolem apas i lazov vo drzavata .
Од: Zoki
Датум: 05.05.2010 10:15:19
Ова им е единствена шанса да ги "проретчат" пензионерите и да им остане нешто во фондот за исплата на пензиите.
Од: јас
Датум: 05.05.2010 10:54:28
Некој е идиот овде ..Дали овие од фондот , кои од петни жили се трудат да не’ убедат дека лековите ни се поефтинети ?! Или народот ?! А бладава е „царска “ : 2 денари дава ( и се фали на сите звона ) а зема 100 ...
Од: nekoj od EU
Датум: 05.05.2010 11:15:17
Zosto golemite ´patrioti´ gi nema da komenturaat na vakvi temi nikogas? Ta neli e patriotizam da se grizis za svoite graganji? Vprocem ova sto se slucuva gi zasega site makedonci sto ziveat vo Makedonija? Kade ste patrioti? Ili mislite deka vie ne se raboluvate? Ili pak pisuvate od Avstralija i USA, proavate patriotizam a vprocem rabotite protiv MAkedonija. No ajde tie, tuku tie sto vi se tamu i sto se raduvaat na konjite na plostad pa im se ispolnilo srceto .. Primitivizam vladee vo Makedonija, i ke vladee uste edno 50na godini. Tesko na onie pametnite i cesnite...
Од: Антонио
Датум: 05.05.2010 11:50:31
Засрами се г-дине Груевски. Му го истисна воздухот на асматичарите. Наместо 160 ден за Флексотиде сега треба да доплаќаат 580 денари. Како не ти е срам?! Уништи се во оваа држава. Болните ги доведе до смртна постела, а упорно градиш споменици. Свести се!!!!! Народот има право да се лекува со квалитетни лекови, а ти му го земаш тоа право. СРАМ да ти е!!!!
Од: Луда Мара - Сите на Бесплатно Сликањееее!!!
Датум: 05.05.2010 12:12:42
Дефинитивно, болните се целосно неупатени! Па, зарем Не Знаевте?! Новите Бесплатни Лекови, штотуку пристигнаа! Монументални и Грандиозни по својата Глупост, тие, имаат и Исцелителни својства! Ш`оо? Не верувате?! Прашајте ги експертот Вангелчо и грандиозните уметнички величини од „институтот“Павел Шатев! Жива-Пресреќна и со неизмерна радост, ви соопштувам дека слободно можете да одите, и да се фотографирате поред нив, бидејќи, наскоро, уште само тоа ќе ни остане: Ќе може слободно и гордо Да Се Сликаме поред нив! „Насмевкааа МолаАааммм!“ - Клик! -На Здравје!
Од: jas
Датум: 05.05.2010 15:01:44
Pa portparolot si ja naucil pesnickata zadadena od VMRO kako i mnogu drugi, sto mu e gajle sto nie ne go razbirame, go razbira toj sto treba.