Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

МПЦ тактизира со црквата на плоштадот

Иако Македонската православна црква доби десет милиони евра во обврзници за денационализираниот имот, барем засега овие пари нема да бидат искористени за изградба на црквата на скопскиот плоштад. Неспорно е дека на сметката на Скопската епархија отиде најголемиот дел од колачот, меѓутоа не се соопштува кога и за што ќе бидат употребени парите.

Откако идејата на премиерот Никола Груевски за изградба на урнатиот храм „Св. Константин и Елена“ сериозно ја подели јавноста, а Исламската верска заедница излезе со ултимативно барање на плоштадот да се обнови и Бурмали-џамијата, сега власта се обидува да ја одбегне одговорноста. Топката и' ја префрли на МПЦ, која стана сопственик на најатрактривната локација, меѓутоа и таа сега бара начини камен-темелникот за храмот да се одложи. На Црквата и' останува правото на сопственост со земјиштето, кое во меѓувреме и го откупи за симболична цена од 1.800 денари за квадрат, односно околу 45.000 евра.

Не е исклучена дури и замена на оваа атрактивна локација со некоја друга, но во најтесниот центар сите празни простори веќе имаат маркички за некои нови градби. Отпадна размислувањето изградба на разурнатата црква да се помести во паркот кај Поштата, спроти „Сити галери“ или во паркот „Жена-борец“. Дознаваме дека за врвот на Црквата и двете локации биле прифатливи, ама тие веќе се доделени, а трета понуда не се спомнува.

Коста Станоевски, секретарот на Скопска епархија, деновиве излезе со тврдење дека поголемиот дел од средствата добиени од денационализираниот имот ќе бидат искористени за изградба на црквата „Св. Константин и Елена“, меѓутоа добри познавачи на состојбите во МПЦ предупредуваат дека овој службеник е само извршител на наредбите на поглаварот Стефан, а не некој кој одлучува. Ако се има предвид блискоста на Црквата со власта, јасно е дека и евентуалната одлука за поставување на камен-темелникот нема да ја донесе архиепископот, туку премиерот Груевски.

Начелно, на Синод на МПЦ владиците разговарале за спорната локација на скопскиот плоштад, со тоа што одлучувањето целосно и' ги препуштиле на Скопската епархија, со што, практично, сите други се изземаа од последиците што може да ги предизвика овој верски објект. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 1151 пати.

Испрати коментар

Од: flying-monaco
Датум: 05.05.2010 06:51:32
Dobro dojde za predavnicite i za ateistite, koi sakaat da ja urnat vladata i po cena na predavstvo na drzavata i onaka krevko zazdravena od neodamnesnite vladateri a denesna opozicija.Radvajtese na pritisocite, Makedonija ke se spravi i eden den gospot ke navrti da se izgradi crkvata, no za predavnicite nema mesto nitu vo vlada nitu vo crkva.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 05.05.2010 07:14:41
Набрзо ќе се увериме во вистинските намери на МПЦ, најпрестижната локација ќе биде продадена или можеби ,,вратена„ за најмалку десетпати повеќе отколку што плати.
Од: Трпе
Датум: 05.05.2010 07:54:15
Нормално дека МПЦ ке тактизира.Зарем очекувате тие да ја градат црквата.Очекуват бладата,поточно премиерот сами да ја изградат како нивни заштитник.Мора да имат нешто на што ке сакат да си ги опростуват гревовите.
Од: Менка
Датум: 05.05.2010 10:43:11
МПВ “доби десет милиони евра во обврзници за денационализираниот имот“!!!??? Билјана намерно или не, ја дезинформира јавноста. Тој имот не е збирен, туку припаѓа на одделни цркви (црковни општини) или манастириа ,е на оваа или онаа епархија. И треба да се распределат така како што гласи тапијата на имотот: чија е ливадата, шумата, објектот. А кога така ќе се распредели, носителот на имотот ќе има напредок, општината, манастирот ќе има растеж, којшто пак е во функција на односното население, односно верниците. Лешок има имот (паркингот) до Гранд хотел, ама одат ли за развој на дејностите на Лешок парите за кирија од изнајмениот имот? Билјана некако прави кострукции без длабока елабирација на темата, оти во се’ гледа политика, а не дејност. Злоупотребата станува тогаш кога обврзниците добиени за имот во Волково одат за дејности во Бигорски или на друго место. Е, тоа би било кражба!!! А сето тоа нема врска со плоштадот и извиканата неродена црква. Ај да не се надувуваат рабиотите....
Од: tsaki
Датум: 05.05.2010 10:46:22
sramota !!!!!!! parite od denacionalizacijata trebase da i se vratat va lashkata zaednica bidejki crkvata SV. Konstantin i Elena beshe VLASKA CRKAVA !!!!!!! i ako se vozobnovi, a TREBA DA SE VOZOBNOVI , taa treba da se vozobnovi kako VLASHKA CRKVA !!! Sramota i grev e MPC da se pravi stopan na tughi imoti !!!
Од: mihajlo
Датум: 05.05.2010 10:47:41
Nekolku viduvanja vo odnos na ova prasanje. 1.Samiot fakt sto prasanjeto se ostava na skopskata eparhija so koja rakovodi liceto koe se vika Stefan,jasno ukazuva na perenje race na drugite vladici( ne pocituvam nikogo). 2.Crkvata po mene stana nova politicka partija vo Makedonija. 3. Crkva na polostad mislam deka ne treba da se gradi,imame hram samo 200 metri podaledu od plostadot.Ova ne go velam zaradi aspiraciite na muslimanite,tuku sum voopsto protiv toa.Namesto za ovaa crkva parite moze da se upotrebat,pokraj drugoto i zaBigorski.4. Poslednive godini svestenite lica go razocaraa ovoj narod sto prasanje na vreme e dali voopsto treba na niv da se oslonime.5. Stefan se uste ne mu odgovori na NARODOT,za matnite zdelki( Izgrev i drugi).Ako odgovori ce moze da razgovarame,a do togas toj i site kako nego,za mene i za dosta pravoslavni gradjani ostanuva svesteno lice bez kredibulitet.
Од: cicalche
Датум: 05.05.2010 13:18:42
Bog da cuva i brani! Koga vo sekularna drzava, sekularnata vlast e slaba, posegnuva po najintimnite cuvstva na covekot- verskite, preku pogresnite i licemernite pretstavnici na verata. MPC treba da se pogrizi za svojata pastva, koja sto i se osipuva od den na den se povekje. Verata i veruvanjeto ne moze da gi zacvrsti so gradbi, a postoeckite da gi zapostavi i da bara pomos od drzavata.

Најди! во Утрински
Политика
Разрешени директори на четири болници
Сто и седум години од смртта на Гоце Делчев
„Павел Шатев“ во одбрана на спомениците
Медицински стипендии за Роми
Болните се жалат дека се излажани за поевтините лекови
Новиот кеј ја смири реката Луда Мара
Бошкоски го чека Груевски на избори
Врачена наградата „Гоце Делчев“
Наградени провладини новинари