Во Собранието на Република Македонија вчера беше врачена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката. Годинешни добитници се: проф. д-р Тодор Чепреганов, д-р Ѓорѓи Чакарјаневски, д-р Васил Јотевски и д-р Ванче Стојчев - за колективниот труд „Историски атлас на Македонија“ - прв од ваков вид кај нас, со околу сто карти и хронолошки приказ на историјата на Македонија, доц. д-р Златко Левков за трудот „Амфора во поширока смисла“, прво објавен на англиски јазик во Лихтенштајн, и проф. д-р Тодор Серафимовски за трудот „Генеза на рудни наоѓалишта“.
Наградите им ги врачи академик Георги Старделов, кој во својот пригоден говор укажа на недоволниот третман на науката, посочувајќи дека по одвојувањето од БДП за неа, Македонија со 0,2 отсто е на последно место во Европа. (МИА)
направен е голем пропуст на комисијата што го испуштила др ЗОРАН ТОДОРОВСКИ и што не го наградила,директорот на историскиот архив.Човекот е многу заслужен за Македонштината,а посебно за БУГАРШТИНАТА ВО Македонија
Од: С. Ангеловски
Датум: 05.05.2010 10:26:55
Права наград�� во праи раце. Браво за добитниците.