Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
3421

ЕДИТОРИЈАЛ

Ибарска магистрала

Љупчо Поповски

Во некои други времиња најавата на Жозе Баросо дека ќе има позитивен извештај на Европската комисија, за Македонија би била вест на неделата. Сега тоа не може да биде ни вест за половина ден. Не е вест ни дека Никола Груевски се среќава по втор пат за кусо време со Баросо откако Португалецот четири години избегнуваше дури и погледите да им се сретнат.

Поплавата што ја донесе „Ибар“ ја прекри земјата и ги остави во калта сите прашања за името, за сиромаштијата, за економскиот колапс, за слободата на медиумите. Во пајаковата мрежа на политиката се заплеткаа сите. Во една невидена акцелерација на улично лиферување досиеја наместо лустрацијата да биде прочистување (како што се преведува овој збор од латински), таа се претвора во гладијаторска битка во која не се знае кој е императорот, од чии школи доаѓаат борците во арената, во кои битки се заробени робовите...

Љупчо Георгиевски, премиер кога беше конфликтот во 2001, сега вели дека бил шокиран кога го прочитал досието за „Ибар“, па дури и дека тогашната влада била соборена со воен удар. Неговата љубопитност била огромна да се открие вистината.

И нашата љубопитност и загриженост беше огромна во февруари 2001 година кога кај Танушевци се појавија првите албански вооружени бунтовници и кога неговата влада и министерката Доста Димовска не' убедуваа дека тоа биле залутани ловџии што биле случајно облечени во маскирни униформи. Љубопитноста не е ништо помала кога повеќепати овие денови е споменат фамозниот состанок на Георгиевски со Зоран Ѓинѓиќ во предвечерјето на конфликтот и кога српскиот премиер го информирал оти неговите тајни служби откриле дека се подготвува голем бунт на Албанците во Македонија. И денес сме љубопитни да дознаеме зошто државата тогаш не реагираше соодветно со сите нејзини механизми.

Не е само Љупчо Георгиевски љубопитен што ќе се случи натаму со „Ибар“, „Вујко“ или „Мама“. Љубопитни се јавноста, политичарите, нивните налогодавци. Љубопитни се сите да дознаат како во претходно добро монтирани телевизиски прилози се појавуваат поранешни врвни разузнавачи на УДБА, кои зборуваат во суперлативи за „Ибар“. Љубопитни се да слушнат некој збор од премиерот Груевски за сиот овој шпионски калабалак, во кој главни актери се разузнавачите, кои во странство работеле за заштита на државата и за тоа добивале убави пари.

Во овој македонски круг со креда најмалку е љубопитна Комисијата за лустрација. Тие може и да одморат малку откако ја завршија главната работа оваа година – го ставија претседателот на Уставен суд на столбот на срамот. Сега ќе чекаат некој што ги има досиејата на полици да им достави филтрирани списи. А и така Комисијата за лустрација не беше формирана за да го прочисти валканото минато на општеството, туку да остварува политички агенди.

Клучното прашање во оваа политичка-шпионска сага е кој извор ги лиферува овие загадочни списи во овие турбулентни времиња за Македонија и со кои мотиви. Некои велат дека тоа е дел од наводното „востание“ што го подготвувала опозицијата, други дека Груевски сака целосно да ги ничкоса ДУИ и нејзините лидери како поразени самураи да извршат колективно харикири, трети го вперуваат прстот кон ДПА зборувајќи за нивна слатка одмазда кон интегративците, четврти се убедени дека преку Ибарската магистрала патот води директно во Белград.

Многу прашања, малку одговори. Едно е сигурно – политиката е главниот играч во оваа шпионска игра со минатото. Од походите по Мала Азија и Персија пред 2300 години се префрливме на европскиот континент во многу блиско минато. Оваа игра со минатото, која на Груевски пред две години му послужи триумфално да ја освои Македонија, може да и' ги скрши нозете на владината коалиција. За Груевски ќе биде исклучително тешко да ја контролира целата оваа ситуација доколку и натаму остане да гледа на арената од својот кабинет од коцката крај Вардар. Освен ако не е запознат со некој од чиновите во оваа драмолетка.


#
Статијата е прочитана 1868 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.10.2010 17:46:55
Невешто Ибар се префрла во дворот на власта од страна на независните опозициски медиуми.Ако имаме ваков пристап зошто па да не се има и поинакво гледање на работите во духот на подметнувања,правење сценарија и др.Па така може да се каже да можеби ова е освета на опозицијата за неизлегување на ДУИ од коалицијата и создавање политичка криза.
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 29.10.2010 18:08:47
Одлично ѕамислено,напишано и пакОДЛИЧНА ПОРАКА,со еден збор супер статија. крсте поп-стефанија
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 30.10.2010 00:47:12
@ Felix.Znaci site se neobavesteni okolu DUI ,samo Felixs ne upatuva sto e celta na Opozicionarskata NEWS MEDIA za DUI.Ovde se raboti za:Voeni Zlostorstva i Treason-Veleizdaja! Ova e seriozna optuzba na smetka i politikata na Vrhovnicite od DUI i nivni Qvislinzi!.Ne sum bil vklucen vo komentarite na Felix za DUI, kogaj bile vo opozicija. Veruvam, togas Felix bil ogorcen kritizer na DUI,a sega branitel i eve, kade go najde krivecot vo opozicionarskata NEW MEDIA

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Гордана Дувњак
Поглед
Снежана Калабакова
Мислења
Слободан Најдовски
Ќе се расветли ли мистеријата за убиството во „Биг фиш“

Која е Александрија Милс, најубавата жена во светот?






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries