Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Која е Александрија Милс, најубавата жена во светот?

Осумнаесетгодишната синоока моделка е типична американска девојка од соседството, која од саботата го живее својот сон

l професионален модел на агенцијата „Елит“

l сака италијанска кујна, но без месо зашто е вегетаријанка

l пораснала со кантри и рокенрол-музика

„Ќе звучи како клише, но мојот сон навистина се оствари! Не можам да верувам дека ова мене ми се случува. Моето време дојде и го обожавам!“, изјави возбудено и со солзи во очите Александрија Милс, осумнаесегодишна мис на Америка, непосредно по прогласувањето за најубава жена во светот, на јубилејното 60. издание на најстариот и најголем избор на убавина што се одржа во Санија, Кина.

Која е, всушност, Александрија Милс? И како од никаде стана најубавата жена во светот?

Навистина се' изгледа како сон за синооката Милс, која само што излезе од средношколските клупи. Неодамна матурираше, а веќе в раце ја има најпосакуваната круна во светот. „Победата го смени мојот живот. Тоа е мојата иднина, мојата отскочна штица за натаму и навистина не можам да чекам работите да почнат да се случуваат во мојот живот. Толку многу работи ме очекуваат во наредната година. Можам да го сменам мојот живот, да влијаам врз состојбата дома, да го сменам начинот на живот на моето семејство и мојот... Тоа е неверојатно голема работа“, истакна Милс по прогласувањето.

Александрија е типична американска девојка. Висока е 1,75 см и доаѓа од американската држава Кентаки. Таа е професионален модел на агенцијата „Елит“. За време на дружењето во Санија, на јавноста и' откри дека сака да стане учителка или фотографка зашто има особена страст кон пејзажите. Интересно е што најубавата девојка во светот не зборува ниту еден странски јазик, секако, освен англискиот, но обожава патувања и се опишува себеси како позитивна и спонтана личност.

„Никогаш не сум запознала странец, а уживам да запознавам нови луѓе“, вели Милс, која додава дека на патувањата што ја очекуваат ќе се потруди и да научи некој нов јазик.

„Мојата намера е да патувам низ целиот свет и да направам кариера како фотограф. Обожавам пејзажи и архитектура и планирам да дипломирам на факултет“, објаснува убавицата. Милс за себе вели дека е позитивна, спонтана, отворена личност. Сака кантри-музика и обожава да пее. „Пораснав со кантри-музика и со класичен рокенрол. Сакам да пеам во живо и се сеќавам на својот прв настап пред целото семејство. Тоа беше навистина посебен момент за мене“.

Александрија е вегетаријанка и ја обожава италијанската кујна, особено различните видови паста. Таа е голем љубител на кучиња и секаде со себе ги носи милениците: бостонскиот териер и слепата пудлица, која има 13 години. Свири француски рог и ударалки, а нејзино мото е дека најдобрите работи во животот се вредни за чекање, борба, верба и упорност. (К.Ш.)

Александрија Милс

Години: 18

Висина: 178 см

Јазици: англиски

Омилена книга: „Guess how much I love you“

Храна: италијанска кујна, но без месо

Посебни таленти: пеење

Нешто за родната земја: Америка е земја на многу различни култури, а мојот роден град е познат по трката со коњи „Кентаки дерби“

КОНТРОВЕРЗИИ

Норвешка ја обвини Кина за саботажа

Само два дена по одржувањето на изборот за „Мис на светот“, во јавноста излегоа контроверзии околу прогласувањето на најубавата жена во светот. Најголемите реакции и обвинувања доаѓаат од Норвешка, чија претставничка Маријан Биркедал важеше за најголем фаворит на обложувалниците пред почетокот на изборот, а не успеа да влезе ниту меѓу топ 5. Норвежаните обвинија дека домаќините ги саботирале во освојување на титулата мис на светот.

Одредени извори тврдат дека ваквиот развој на ситуацијата следувал поради однесувањето на судиите, кои подлегнале на притисоците од Пекинг поради дипломатскиот спор што трае извесно време меѓу Кина и Норвешка. Спорот настана откако комитетот за Нобелова награда, кој се наоѓа во Осло, одлучи годинешната Награда за мир да му ја додели на кинескиот дисидент Лиу Ксијаобо што ги налути властите во Пекинг.

А дека изборот е политички обоен потврди и Кетрин Сорланд, норвешка водителка, која и самата се натпреварувала на „Мис на светот“ во 2002 год. „Бев сигурна дека Маријан ќе победи. Изгледа дека политиката и работата се измешаа. Не сакам да донесувам избрзани заклучоци, но сакам да нагласам дека изборот е политички обоен, а односите меѓу Кина и Норвешка моментално се многу затегнати“, додаде водителката. Маријан Биркедал, мис на Норвешка, не сакаше да ја коментира ситуацијата, како ни шпекулациите дека поради политиката останала без најпосакуваната титула. „Малку е глупаво да почнам да мислам дека ако не се случеше ова или она, јас би можела да бидам мис на светот. Верувам дека се' што се случува е со причина“, прокоментира кратко Норвежанката.



 


#
Статијата е прочитана 4057 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Министрите главни фаци на Собранискиот канал
Македонско-бугарски историски контроверзии (20)
Ковертирана недоверба
Кој ќе ќари пет млн. евра од ЈУ-лотото
Свети крави
Земјотрес во Србија - двајца загинати
Портата триумфираше над критиките
Владата наспроти народот
Бидете внимателни ако одите во Грција
„Трошка утеха“ за македонскиот Џемс Бонд
Ќе се расветли ли мистеријата за убиството во „Биг фиш“
Зонско паркирање и кај Пасошко
Наумовски
Стил
За еден шиткање пица - 22.300 евра
Пандев и Интер не мдрнаа против Тотенхем
Косовската Влада отиде во аут
Претседателот Иванов на гости кај Ѓукановиќ






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states