Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Наумовски: Уставен нема да седи со скрстени раце!

„Незадолство од одлуките на судот имало и во време на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ“, рече новиот претседател на Уставен суд

Уставен суд нема да седи со скрстени раце и уште посилно ќе ги брани легитимитетот и интегритетот на оваа институција, како и своите одлуки со кои се штитат уставноста и законитоста на актите. Вака гласи пораката на новиот претседател на Уставен суд, Бранко Наумовски, кој вчера и официјално ја презеде функцијата од својот претходник Трендафил Ивановски.

Во своето прво обраќање пред јавноста, Наумовски јавно им се заблагодари на своите колеги и на досегашниот претседател што му дале доверба да ја води и претставува институцијата во наредните три години. Рече дека ќе продолжи со уште посилно темпо во извршувањето на нивната уставна функција и доколку треба ќе преземе мерки за извршување на одлуките. Наумовски е свесен дека доаѓа на челната позиција во исклучително турбулентен период, во кој институцијата, како што рече, е изложена на „неосновани критики, инсинуации и девалвации“ и побара партиите да ги тргнат рацете од судот.

„Не е добро за оној што ги изрекува ваквите инсинуации, бидејќи на тој начин се покажува непочитување на институциите, а со тоа и на државата“, потенцираше новиот претседател на Уставен суд.

Наумовски не го загрижуваат нападите на владејачката партија, која, уште на денот на неговиот избор, изрази сомневање околу неговата непристрасност. Тој смета дека тоа нема да биде товар во неговата работа, бидејќи, како што рече, целата своја кариера ја градел чесно и врз основа на стручност. Наумовски демантираше дека некогаш бил заменик-министер за правда, туку рече дека ги извршувал највисоките функции во администрацијата. Потсети дека кога бил избран за народен правобранител, тоа било направено со ниту еден глас против, а само со еден глас воздржан при изборот за уставен судија.

Во однос на забелешките дека членови од неговото семејство и' припаѓаат на опозицијата, тој рече дека она што се однесува на нивниот приватен живот ниту сака ниту може да го промени.

Рече дека во својот шестгодишен мандат како судија не трпел никакво политичко влијание, а дури и ако има, битно е да не се подлегне на притисоците.

„Реакции имало и ќе има, имало и ќе има и протести, зашто сите не се задоволни од нашите одлуки, но не може да се каже, како што рече еден министер неодамна, дека одлуката на Уставен суд е неаргументирана“, додаде Наумовски. Тој рече дека незадоволство од нивните одлуки имало и во време на СДСМ, но зошто сега толку се изразени критиките од власта, може само да се претпостави.

„Не гледам дека судот правел отстапки кон која било партија, па нема тоа да го прави ниту во иднина“, потенцираше новиот претседател на Уставен суд, при што рече дека смета оти и оние одлуки, кои предизвикале големи реакции, биле доволно стручни и аргументирани. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 926 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 02.11.2010 13:24:49
Не! Човеков не е никакво решение. За ВМРО-ДПМНЕ. Предлагам, Влатко Ѓорчев да е на негово место.
Од: Уште повеќе ќе се ангажирале за СДС
Датум: 02.11.2010 13:33:57
Човекот што промени еден куп фотелји додворувајќи и се на власта, кој не направил ништо вредно досега, сега немал да седи со скрстени раце. Јасно - ќе продолжи да ја спроведува агендата на неговиот ментор - БЦ.
Од: Goran
Датум: 02.11.2010 14:08:41
Alal da mu e!!! Negovata pobliska familija e privatna rabota i nema da vlijae na nego???Kako da ne , lažgi so opaški deka će bide vo vojna so SDSM ili familijata.Ama??? Možno e i da se pokaže kako govori deka će raboti česno i pošteno bez vlijanie od nikogo i će se odlučuva po " lično " iskustvo i znaenje.Ni ostanuva samo da vidime dali će si ostane na zborot.
Од: 3G
Датум: 02.11.2010 19:25:48
Ne sum lud da pocituvam vakva kvazinezavisna institucija instrument na sdsm.Deka ne rabotat za zastita na ustavot i zakonite potvrda e odlukata da go zabranat izucuvanjeto na makedonskiot jazik od strana na Albancite od prvo oddelenie a da go previdat i ostavat izucuvanjeto na angliskiot jazik od prvo oddelenie koe e neustavno a i dvete nesta vovedeni so politicko mesetarenje i pazarenje. So takva nedoslednost ne se vrakia nitu ugled na institucija nitu se gradi avtoritet a najmalku drzava. Zatoa sudii racete daleku od politikata, bidejki ustavniot ne raboti po ustavot tuku po politikata.
Од: Trpe
Датум: 02.11.2010 23:53:48
ајде ако си маж и судија прво прогласи дека е противуставмо испракање на војници во воена мисија во странство, преговори за зачленување вои воена организација.. итн...

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Министрите главни фаци на Собранискиот канал
Македонско-бугарски историски контроверзии (20)
Ковертирана недоверба
Кој ќе ќари пет млн. евра од ЈУ-лотото
Свети крави
Земјотрес во Србија - двајца загинати
Портата триумфираше над критиките
Која е Александрија Милс, најубавата жена во светот?
Владата наспроти народот
Бидете внимателни ако одите во Грција
„Трошка утеха“ за македонскиот Џемс Бонд
Ќе се расветли ли мистеријата за убиството во „Биг фиш“
Зонско паркирање и кај Пасошко
Стил
За еден шиткање пица - 22.300 евра
Пандев и Интер не мдрнаа против Тотенхем
Косовската Влада отиде во аут
Претседателот Иванов на гости кај Ѓукановиќ






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states