Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Ковертирана недоверба

Гордана Дувњак

Власта јасно стави до знаење дека не и' е по волја ни новиот кормилар во Уставен суд. Само неколку часа по изборот на Бранко Наумовски за претседател, од седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ беа упатени силни партиски плотуни за негова дискредитација.

Поранешниот омбудсман сигурно уш��е ја немаше испиено ни првата голтка вино на заедничкиот ручек со своите колеги, кога партијата на Груевски целосно ја доведе под сомнеж неговата независност.

„Бранко Наумовски не е независен, туку е кадар на СДСМ. Во повеќе наврати тој е личен кадровски избор на Црвенковски и на СДСМ“, гласеше првичната реакција на оваа партија. Не беа заборавени ни неговиот син Александар, кој според информациите на оваа партија, на локалните избори во 2005 година бил носител на советничката листа на СДСМ во Општина Ѓорче Петров. А, во 2009 година бил избран за советник на СДСМ во Советот на Скопје. Сопругата на Наумовски - Мирјана, како што тврдат од владејачката партија, била член на поранешното претседателството на организацијата на жени на СДСМ во Ѓорче Петров.

Од ВМРО-ДПМНЕ се сигурни дека во едно вакво семејно опкружување обоено во „сино“, новоизбраниот претседател на Уставен суд ќе продолжи да функционира во „согласност со партиските интереси на СДСМ, а не во интерес на граѓаните“. Недостигаше уште да го упатат првиот човек на Уставен во матична служба за промена на името. Како што духовито забележа еден од нашите читатели во веб-коментарот по повод изборот на Наумовски на новата функција, на ВМРО-ДПМНЕ сигурно најмногу им пречи неговото име - Бранко. Можеби некако ќе му простеа на Наумовски што бил избран за омбудсман во време на СДСМ, па дури дека бил и прв човек на Управна инспекција во време на владеењето на владата на Црвенковски, но да се биде имењак со шефот на опозицијата... Е, што е многу, многу е!

Шегата настрана.

Доколку се точни ваквите информации (а немаме причина да не и' веруваме на владејачката партија), навистина хипотетички фрла трошка сомнеж врз новиот претседател. Иако крајно дискутабилно е дали некој може да биде ставен на отстрел за политичката припадност на неговите најблиски. Наумовски не ги носи како мираз на новата функција синот и сопругата, туку за своите одлуки и постапки одговора само тој лично. Во крајна линија, неговиот глас е само еден од деветте, а одлуките на Уставниот суд се носат со мнозинство.

Не треба да се заборави дека Бранко Наумовски е избран од своите колеги во легална процедура за претседател. Тој беше единствен кандидат за оваа функција и ја доби поддршката од седуммина од вкупно деветмина судии уште во првиот круг гласање. Судиите сигурно биле свесни кога го притиснале копчето за гласање за кого гласаат и никој не ги натерал на тоа сосила. Секој од нив можеше да предложи кого сака, па дури и да се самопредложи. Наместо тоа, решија да му дадат недвосмислена доверба на Наумовски. Веројатно го процениле како умерен и одлучен човек, кој може добро да менаџира и балансира одвнатре, но и да комуницира со јавноста. Верувале и дека ќе знае да се одбрани од притисоците, но и да ги претстави и одбрани нивните одлуки.

Уште посвесен за улогата што ја прифати треба да биде самиот Наумовски. Но, уште повеќе за ризикот што го презема, зашто доколку се покаже дека не е дораснат за функцијата, ќе биде соочен со професионално самоубиство. Бидејќи неговата работа како претседател ќе биде ставена под двојна диоптрија и ќе се вага и проценува секоја негова изјава. Не е исклучено дека многу брзо ќе почне да се копа низ неговата биографија за да се најдат црни дамки. А, доколку продолжи паѓањето важни владини проекти, повторно да почнат нападите врз Уставен суд. Но, нема подобра и поефикасна одбрана од донесување аргументирани одлуки, ослободени од политички притисоци. Од која било страна.


#
Статијата е прочитана 1210 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 02.11.2010 13:31:54
Б.Наумовски бил СДСМ-овец. А треба да е, според власта, ВМРО-овец. Го предлагам В.Ѓорчев!
Од: Парламентот треба под итно да избере нов Уставен суд составен од професионалци!!!!!!
Датум: 02.11.2010 13:48:08
Има ли барем еден чесен судија во тој т.н. Уставен суд? Се сомневам. Сите тие се полтрони кои со лигавење дошле на тие позиции. За предходниот претседаел видовме, а изгледа овој новоизбраниот ни малку не заостанува. Тоа се виде уште од неговата прва изјава. Никој не го нападнал, а тој распали по владата.
Од: б
Датум: 02.11.2010 13:58:31
Јас сум против В.Ѓорчев,јас сум за Александар Николовски!
Од: qrov
Датум: 02.11.2010 14:16:46
каков прост народ..
Од: profesionalci
Датум: 02.11.2010 14:48:21
Spored logikata na vmro, ako nekoj e staven na funkcija, a se znae deka e vmrovec, e, togash toj e OK? A, nie naivno mislevme deka na funkcii treba da se stavaat profesionalci.
Од: karokan "gambit"
Датум: 02.11.2010 17:42:13
Da se reagira na vakov nacin dodeka novoizbraniot Pretsedatel na Ustavniot sud seuste ne sednal vo pretsedatelskata fotelja e najblago receno nevkusno,pa bilo od koja strana da doagja (od vlasta ili od opozicijata ili cak duri i od obicen gragjanin). Se cini kasko da se obezbeduva alibi za eventualna intervencija na Ustavniot sud vo odredeni zakonski proekti,kaj del od koi i na obicniot gragjanin mu bese jasno deka se vo sprotivnost so ustavnite odredbi,a kamo li za eksperti kakvi sto gi smetame sudiite od ovoj sud. p.s. G-dine b,ne Vlatko Gjorcev,Aleksandar Nikolovski e "ekspert" za ovaa oblast. Se secavas na debatnata emisija bo koja pokraj nego ucevstvuvase i prof. od Pravniot fakultet Renata Deskosta i sudijkata od Evropskiot sud vo Strazburg,Margarita Caca Nikolovska,na tema svrzana tokmu okolu Ustavniot sud. "Fakt e,fakt e,fakt e"!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Jas taka da se "istoporcev",,nasproti navedenite, roditelite ce se otkazea od mene preku javen
Од: јас
Датум: 02.11.2010 18:17:07
Место да плукаат овие портокаливе и бладата по новиот претседател на Уставен суд, НЕКА земат в рака и нека добро го прочитаат Уставот на РМ , ПРЕД да предлагаат било какви закони ..Па после некој друг му е крив!! УПССС, Заборавив колку се учени пилиштарите , па затоа такви килави закони носат !!!!
Од: koskar
Датум: 02.11.2010 21:02:29
znaci soprugata i sinot na branko naumovski se problem. koga kje gi fatat vmrovcite inflagranti vo nepotizam - oni se branat deka ako nekoj e sin/kerka/zena/snaa/zet na funkcioner - ne treba da bide diskriminiran i deka tie lugje ne se vinovni sto se rodnini so doticnite funkcioneri....

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Министрите главни фаци на Собранискиот канал
Македонско-бугарски историски контроверзии (20)
Кој ќе ќари пет млн. евра од ЈУ-лотото
Свети крави
Земјотрес во Србија - двајца загинати
Портата триумфираше над критиките
Која е Александрија Милс, најубавата жена во светот?
Владата наспроти народот
Бидете внимателни ако одите во Грција
„Трошка утеха“ за македонскиот Џемс Бонд
Ќе се расветли ли мистеријата за убиството во „Биг фиш“
Зонско паркирање и кај Пасошко
Наумовски
Стил
За еден шиткање пица - 22.300 евра
Пандев и Интер не мдрнаа против Тотенхем
Косовската Влада отиде во аут
Претседателот Иванов на гости кај Ѓукановиќ






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states