Живеењето во градска средина има свои предности, но и мани. Не се секогаш во прашање доцнењето на градските автобуси, сообраќајниот метеж по улиците и булеварите или градската врева.
За дел од жителите на Скопје, градот што се стреми да стане европска метропола, кошмар се нивните соседи со селски навики. Љубат да чуваат домашни животни, петли и кокошки да ги будат наутро како да се в село. И не само кокошарници со живина туку имаат и штали со крупни говеда, крави, волови и коњи.
А зошто да не им угодат на сопствените желби ако некој им го дозволува тоа и не ги санкционира. Наместо да им замириса цвеќето од својот холтикултурно уреден двор, на овие скопјани им смрдат лепешките од шталата на соседите. И не само што не можат да си го користат дворот туку од животинскиот измет од говедата не смеат ниту прозорец да отворат. На нивните поплаки до општинските комунални инспектори одговор се само опомените до стопанот на животинките и тука приказната се завршува.
Ваквиот епилог ги окуражува оние со селски навики па и натаму тие си го тераат ќефот и си ги чуваат своите крави. Се осмелуваат да ги носат на напасување и во парковските површини пред станбените згради, каде што потоа оставаат лепешки. Сточарите остануваат неказнети и според законот за јавна чистота. Зошто и да не ги шетаат кравите по градот кога нема кој да им застане на патот и да им постави меѓа. Само тогаш ќе разберат до каде им е границата, ако има кој да им укаже какви се и кои се правилата на градското живеење. Вака сточарите си се спокојни кога знаат дека општинарите им прогледуваат низ прсти. Градот вели законски е ненадлежен, како и санитарните и ветеринарните инспектори. Надлежните замижуваат со години, како кравите безмалку да се свето животно, заштитник на градот.
Не знам зошто сите се згрозуваат од животни?Дали авторот е и против мачките,кучињата,папагалите...Некои чуваат дури и гуштери,мајмуни...М.Капор опишуваше една „госпоѓа“ која се залагаше пр��тив полициската коњица во Белград,затоа што тоа ја потсетувало на родниот крај.Проблемот на Градот е што се распослал преку Руралната средина во настојувањето да ја прими цела Македонија,особено онаа „граѓанска елита“од планина која здушно се залага против животните во обид да докажат дека живеат во градска средина.Постоењето на штали во Драчево,Радишани,Маџари,Сингелиќ,Лисиче...не е за осуда.До вчера,тие беа села,кои сега прераснаа во градски населби.Кравите,змиите,мачките,па дури и мајмуни не се случајно Свети во некои земји!Луѓето таму добро знаат дека природата е дел од нив.Постојат многу култури кои животните ги почитуваат и како реинкарнација на човечката душа на нивните најблиски!Да!Во ширењето на градот (поточно,во луѓето) е проблемот,а не во животните!
Од: gjorge zelen germanija
Датум: 02.11.2010 19:26:07
aaaaaa slatko e sirenjeto mozebi nekoj nema pari a onaka nema narodot rabota pa ne e ni cudo veke nema grad selo. avie gradskite sakate slatko eftino ada ne vi smrde hm.
Од: mimi
Датум: 02.11.2010 23:44:56
sneske ti izgleda si prezadovolna od zivotot ne trpis za leb ima luge nemaat sto da jadat pa si molzat od kravite mleko si praat sirenje urda i taka vrzuvaat kraj so kraj