Земјотрес во Србија - двајца загинати
(03.11.2010г.-09:29ч.) Брачна двојка од Краљево загина во силен земјотрес што ноќеска го потресе централниот дел на Србија. Интензитетот бил 5,6 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот бил на два километри северно од Краљево, на околу 150 километри од Белград. Повредени се петнаесетина луѓе, а во градот, во кој живеат околу 70.000 луѓе, има и оштетени згради, а некои населби немаат струја и вода.
Веднаш потоа, беа почувствувани уште неколку послаби земјотреси.
|