За еден шиткање пица - 22.300 евра
(03.11.2010г.-09:16ч.) Американскиот синџир пицерии "Домино" во Јапонија распиша оглас во кој се бара продавач на пици кои за еден час би заработил 22.300 евра. Во огласот е наведено дека не е потребно работно искуство.
Огласот е дел од рекламната кампања по повод 25-годишнината од присуството на компанијата во Јапонија, при што се организираат низа промотивни манифестации.
Лицето кое ќе биде избрано ќе мора да исполни само еден услов - да биде постаро од 18 години, а сумата од 2,5 милиони јени (22.300 евра) ќе биде исплатена за еден час работа во декември.
Детали за огласот ќе бидат објавени на 10 ноември.
За еден час работа во "Домино" работниците се платени 1.000 јени (8,9 евра). (МИА)
|