Екипи на „Гранит“ го подготвуваат градилиштето за триумфалната порта, висока 21 метар
Деспина Трајковска
Најоспоруваната градба од проектот „Скопје 2014“, дефинитивно, ќе се гради и покрај острите критики на дел од обичната, а особено на стручната јавност. Просторот меѓу плоштадот „Пела“ и легендарната сендвичарница „Чичко Стоилко“ од вчера се претвори во градилиште. Екипи на „Гранит“ го оградуваат местото каде што треба да никне мермерно-бетонска реплика на триумфалната капија висока 21 метар, а вредна дури 4,4 милиони евра. Нејзин автор е Валентина Стефановска, по чиј терк се леат и спомениците на Александар Македонски и на Филип Втори.
Портата ќе има мултидимензионална функција. Освен што на неа ќе има релјефи со мотиви од историјата на македонскиот народ, таа ќе се користи и за одржување изложби и за други културни настани.
Од Министерството за култура, кое е носител на проектот, објаснуваат дека во објектот се предвидува да постои атрактивен галериски простор на две нивоа. Дотаму ќе се стасува со скали и лифтови распоредени од двете страни на портата. На последното ниво, пак, ќе има отворена тераса, која, според надлежните, ќе овозможи визура на централното градско подрачје.
Кога почетокот на изградбата ќе биде и официјално означен, од Министерството вчера не информираа. Единствено потврдија дека се вршат подготвителни работи за реализација на проектот.
„Моментално на теренот се оформува градилиштето. Откако ќе завршат сите подготвителни работи, изведувачот ќе биде воведен во работа. Рокот за изградба на објектот е 12 месеци од воведувањето во работа“, информираа вчера од Министерството за култура.
Според нив, триумфаланата порта ќе има мултидимензионална функција во служба на културата во Македонија воопшто. Од Министерството потенцираат дека визуелниот приказ на портата претставува историско обликување. На неа ќе има мотиви од длабок релјеф изработени од мермер на површина од 193 квадратни метри, а нејзината височина ќе изнесува 21 метар. На релјефите, кои се изработуваат во државава, ќе бидат прикажани прикази од богатата историја на македонскиот народ.
Aj so sreka,ovaa porta ke bide simbol na triumfot protiv fasizmot!
Од: Oskar
Датум: 02.11.2010 13:03:53
Ako Vladata imase iskreni nameri da prifati idei od graganite, togas sigurno ne ke se odlucese za gradba na Triumfalnata porta kako naj kritikuvan-osporuvan objekt od kontroverzniot proekt Skopje 2014 i toa od golem broj na gragani, strucnata javnost i asocijacii, nevladini organizacii i mnogu javni licnosti. Site kritiki bea dobronamerni so edinstvena cel parite da se upotrebat korisno vo interes na narodot, nikako od ljubomora, inaet ili licen interes.
Zalam sto nie kako narod neznaeme da se izborime za sopstvenite interesi, kako toa nekoj drugi uspesno go postignuvaat, se razbira po miren no odlucen pritisok.
Од: Vasko
Датум: 02.11.2010 14:14:10
Grcija frla tolku pari na lobiranje niz Evropa i svetski ramki za sporot so Makedonija, a nie gradime triumfalni kapii, ne razbiram samo po povod koja pobeda i vrz kogo? Namesto da se iskoristat tie pari korisno i racionalno , barem kontra kon Grcite, za lobiranje i slicni raboti koi sega mu se najpotrebni na nashata drzava, barem do stignite do taa kapija na Nato i EU, pa posle neka gradat kakvi saka kapii, a vaka ......danocite se pogolemi, standardot se nadolu i nadolu, a vestacki se pumpa granicata na sredni mesecni primanja, carinskite davacki bea pljacka letovo, posebno so polovnite avtomobili,da ne kazam zakon tezok kriminal,od kaznite od policijata se polni edinstveni budzetot na RM, pa sega koja kapija bre i za sto? aj neka objasni nekoj realno?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.11.2010 14:31:37
Со ова докажуваме дека сме спремни на се и сешто што ќе ни сервира власта...Е така не се создава демократска држава...а и народот...сепак требе да се цени себеси...и умот свој....Катастрофа не очекува со вакво однесување...поточно - никакво...срамно....
Од: macedon777
Датум: 02.11.2010 14:37:33
Ех, Еразмо, Еразмо, колку си бил ти пред своето време, и колку сме ние далеку назад во времето кога во 21 век градиме вакви небулозни Капии на глупоста.
Од: jovan
Датум: 02.11.2010 14:51:30
Gluposta definitivno triumfira nad razumot.
Од: Луда Мара
Датум: 02.11.2010 15:36:08
Еве,сонувам иста таква лоцирана во одделот во Бардовци!Мислам,на капијата,не на Бладата!:)Сега и јас со моите другарки се протнуваме гордо под неа,како на детско игралиште!Иако пишува:„не е за деца под...“:)Одеднаш,нов сон: триумф-порта и пред влезната врата од зградата на бившиот ЦК!Уште една порта,многупати поголема од онаа кај „Чичко Стоилко“и од таа во Бардовци.Огромна е!Затоа и ја нарекуваат „наша“Потриумфална порта.Секојдневно под неа минуваат и Чобанот,и Шерифот,дури и Старата Баба-Грда Убавица,онаа што секогаш доцни.Секако,со оваа нова,поголема и потриумфална,најпосле им се овозможи да го доживеат својот сон како особена самозадоволувачка катарза.Низ неа можат да се протнат и лавовите (Симба и Скар)и сите останати „херојски“градби.Тежнее кон античките височини.Всушност,оваа е волшебна,лековита и е специфичен еквивалент на нивната неизмерна Глупост.Затоа народот ја нарекува милно: Енормна Капија!
Од: Деда Џоше од Мартиницу
Датум: 02.11.2010 16:23:54
Ајде аирлија триумфалисти!!!!Зашто се питате за какве триумфе ќе гу правев наша влада овуј врата?Па зар нејесу триумф ови зајмови по белосветски банки што ги тражи влада за овуј капиталну атракције на трг ????И наши чукун унуци ќе гу исплаќав ови зајмови ,док с`г наши школовани унуци шамарају чиније по белосветски ресторани! А ја се чудим што моја баба само потпевује коло -среќе ,коло- среќе, а тој ти је било за тркало за панорамско смејање што ќе гу градив влада.Па какој људи да видев одједаре све кипове,бароко кококо и триумф ако не од висину?Штета што не може и КНезо ТангА да се смеје.Прво ќе се смејев млекари,па стечајци ,па земљорадници-винари ,па бранитељи, па блокирани...Сигурно ќе им пукне по једно цревце од смејање затој што влада нема паре за нијну Упомоќ.И моја баба се спремала за смејање,само чекала чанта ,што гу је порачала на интернец од неки кројач ЛуКЕ Витон!Ако је бал ,нека је бал!Ма нека се смејев људи,кратак је овај живот.......
Од: Garibaldi
Датум: 02.11.2010 18:33:19
Od nenormalno do ponenormalno!!!!!!!Kakva Triumfalna Porta???Koj triumf???Na gluposta mozebi???
Site gradbi vo toj stil se praveni pred stotici godini po povod nekoj triumf u nekoja vojna i vo slava na nekoj vladetel-vojskovodec.Kaj nas negledam ama nikakva pricina za toa a zgora nezavidna soc-ekonomska situacija i....neviden kic.O Boze spasija Makedonija od...makedoncite pred se!
Од: milka
Датум: 02.11.2010 18:44:06
slusam po bolnici i spec.zavod dem.kapija drzavata ne im dava pari blagovremenoda nabavat mazut za parno a frlanje pari za triumf kapii ne gledam logika.............
Од: Goce Nikoloski
Датум: 02.11.2010 19:18:31
Aj so sreka da e i Makedonija da se gradi i za na vek da e.
Од: mirjana
Датум: 02.11.2010 19:49:35
Triumfalno ni gi zedoa dnevnicite sto bevme testatori na drzavnata matura vo mesec juni i avgust.
Од: Stara skpjanka
Датум: 03.11.2010 00:40:03
Pusta para, sekogo podlazuva. Ke bese poumno , da napravevme kako sto pravat Grcite i sloznite Atlbanci,tie pari frleni za spomenici i "porti", mozea da odat tamu kade sto ovie prethodno spomnati gi dadoa. I dodeka si rekol"blitva",Grcite ne otfrlija vo Bkures kako partal, a Kosovo,ekspresno bese priznata od 63 zemji, megju koi od Germlanija i Francija. Vikam da sme slozni i vistinski patrioti, ne kako ovie petparackive.Umetnicite ke gi bojkotuvaa site tenderi, ke kazea"ish" na parite i ke go spasea Skopje od nepotreben kic, sebe od sram a Makedonija od podsmev na glas! No za zal, nie ne sme slozni kako nasive" zemjaci" koga se odnesuva za nivnata kauza, a umetnicite ke se pokazea vistnski patrioti . No,im fali muda da se sprotistavat na nefksot na naracitelot na site kic spomenici i bezrsramnata truumfalna porta. Dali ovie lugje ke imaat smelost da se dvizat niz nasiov grad so dignata glava? verojatno DA oti tolku im cuka vo glavata, i ne gi boli "stikla" za Makedonija!
Од: Milka
Датум: 03.11.2010 07:05:08
Vo bolnica odime so lekarstva vo canta, pernici carsafi i kebinja. Na rodilkite im nosime topla voda vo plasticni sisinja, vo VC ne se vleguva....a tie nemilosrdno trosat li trosat pari za......
Од: ivana
Датум: 03.11.2010 09:05:53
ministerke za kultura i vie vo vladata dali znaete sto znaci za roditelot da imas dete bolno od leukemija ,cerebralna paraliza,polio ,multiskleroza i mnogu dr.bolesti za koi sekojdnevno se bara pomos po vesnicite i mediumite za sredstva za operacii, lekovi terapii ,Pa vie presmetajte sto e povazno vasata kapiaj koja ke ja prljaat samo cavkite ,ili zdravjeto na decata i na kolku deca ke im pomognete so tie 4milioni evra.Ke ostanete na vlast ako roditelite ve zapametat deka ste im pomognale koga naveke im bilo potrebno pari za zdravjeto na nivnoto dete ZAPAMETETE i gi frlajte narodnite pari za vasite nezdravi hirovi SVESTETE se.