Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (20)

Софија уцен��ва со гробиштата во Македонија

Не можеме да возобновуваме споменици на окупаторски војски што војувале на македонските простори, вели д-р Тодор Чепреганов

Виктор Цветаноски


Бугарски европарламентарци подолго време бараат Европскиот парламент да го отвори прашањето за бугарските гробишта во Македонија, користејќи притоа разни поводи, дури и гласишта како што беше наводната изјава на владиката Петар дека ќе ги прекопа. Се тврди дека во Македонија постоеле 470 локации каде што почивале коските на бугарски војници. Држејќи ја постојано актуелна оваа тема тие сакаат на Европа да и' покажат дека Македонија е недемократска држава, која не дозволува да им се оддаде почит на тие што загинале во изминатите војни. Ваквите нивни настојувања беа поддржани и од поранешниот шеф на дипломатијата на Софија, Иван Калфин, кој се закани, ако Македонија сака да влезе во ЕУ, ќе мора да ги реши нерешените проблеми со соседите, очигледно алудирајќи на бугарските гробишта кај нас.

Иницијативите за возобновување на бугарските гробишта потекнуваат од Божидар Димитров. Тој подолго време бара обновување на споменикот на полковникот Константин Каварналиев во близина на Дојран, кој е целосно разурнат и од него речиси нема никаква трага. Костадин Кајдамов, кој го истражува минатото на овој крај, вели дека споменикот на бугарскиот полковник бил подигнат крај патот Валандово - Дојран. Загинал во Втората балканска војна кога Бугарија започна војна со дотогашните сојузници - Србија и Грција незадоволна од поделбата на Македонија.

Македонија не може да возобновува споменици на офицери на туѓи војски што војувале на нашите простори за да ја окупираат. Човечки е, цивилизирано и христијански на загинатите војници да им се одбележи местото каде што паднале и да им се оддава почит од нивните држави, меѓутоа недозволиво е хуманоста да се користи за други цели, нешто што го прави бугарската држава, сметаат повеќемина македонски историчари по ваквите барања на бугарски европарламентарци нивните споменици во Македонија да станат услов за прием на Македонија во Европската унија.

„Загинатите војници во Македонија се бореле за интересите на тогашните балкански држави. Сигурно определени воени личности од нивното минато на Бугарите им значат многу, но не и на македонскиот народ. Ниту балканските ниту Првата светска војна за него не биле ослободителни. Напротив, со балканските војни Македонија е поделена, а Македонците насила мобилизирани и користени како топовско месо на соседните држави. Затоа барањето на Бугарите за возобновување на споменици, гробови и чешми, на се' што граделе во годините кога војувале за да ја присвојат Македонија, не може да се протолкува поинаку освен како настојување да покажат дека тоа била нивна територија“, вели д-р Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.

Тој посебно нагласува дека во Македонија сите војски што ја окупирале воспоставувале своја власт и граделе свои споменици за да покажат дека таа била нивна. На нејзините простори се воделе многу битки, а најмногу за време на балканските војни и Првата светска војна. Меѓу себе се пресметувале Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Црна Гора и големите европски сили. Токму и поради тоа постојат многу гробишта на француски, британски, српските, германски, грчки војници. Тој смета дека е цивилизациски и хумано таму каде што постојат бугарски гробишта тие да се обноват, зашто и за тие војници плачеле нивните мајки, но во никој случај загинатите да се претставуваат само како Бугари, зашто во битките загинале и многумина Македонци. Најголемиот број од нив биле мобилизирани, а еден помал дел се јавил доброволно со надеж дека се борат за слобода на Македонија, а не за нејзино парчосување и делење меѓу Србија, Грција и Бугарија.

„Бугарите бараат да се возобноват споменици на некои нивни загинати офицери кои не се бореле за слобода на Македонија, туку за нејзино присоединување кон Бугарија. Што имаме ние заедничко со нив? Со тоа Софија сака да каже дека територијата каде што тие загинале е бугарска. Дали со тоа не сака да се одбележи границата до каде што, наводно, била бугарската држава?“, прашува д-р Чепреганов. Тој вели дека во Македонија свои воени гробишта имаат Французите, Британците, Германците, Србите, Грците, но тие никогаш не поставиле слични барања како Бугарите. Тие се грижат за нив и секоја година им оддаваат почит на загинатите. Тоа треба да го прават и Бугарите, а не да бараат возобновување на спомен-обележјата во секој град и село каде што стапнала нивната нога.

Македонските историчари сметаат дека Софија иницира непостоен проблем, зашто Македонија еднакво ги почитува сите загинати војници на наша територија. Таа не прави разлика меѓу нив и за неа сите војнички судбини се трагични. Секоја македонска влада, без разлика од која партија е составена, треба да има ист третман кон паднатите војниците на другите држави. А за да нема некакви проблеми, треба да се изработат соодветни стандарди, кои ќе важат за сите држави што војувале на нашите простори и имаат гробови на македонската територија.

Софија настојува проблемот со бугарските гробишта и споменици да го држи постојано отворен, уште од прогласувањето на независноста на македонската држава. Сите држави што војувале си ги собраа паднатите војници на едно определено место. Тие се грижат за своите гробишта и секоја година доаѓаат да им оддадат почит, а Бугарите сакаат многу повеќе од тоа, да го обноват секое спомен-обележје каде што загинал нивен војник. Истовремено, сите Македонци што биле мобилизирани или доброволно се пријавиле во нивната војска ги прогласуваат за Бугари и таа неприфатлива теза ја користат за емоционални цели. Затоа изјавите на бугарските парламентарци и дипломати не можат да се сфатат поинаку освен како предупредување дека Македонија ќе остане надвор од ЕУ ако не им дозволи да си ги возобноуваат споменици таму каде што ќе посакаат.

Сета трагедијата на Македонците во балканските војни и во Првата светска може да се види на малите бугарски воени гробишта во струмичко Ново Село, возобновени пред неколку години. Доволно е да се прочитаат имињата на новите надгробни споменици што ги постави бугарската држава, па да се дознае дека во војната гинеле многу наши момчиња од сите краишта на Македонија. Тука ќе ги прочитате имињата на Стојан Стојанов од Божишче, Битолско, Јордан Митрев и Митре Јакимов од Псача, Кривопаланечко, Мито Ѓорчев од Дојран, Владимир Китанов од Душегубица, Кичевско, Станојко Митков од Трново, Крива Паланка, Паскал Шќерев од Костурско, Иван Петков од Велес, Киро Нацев од Штипско, Савле Митев од Жилче, Тетовско, Костадин Димитров од Радовиш... Во воените гробишта е погребан и младиот новоселец Атанас Иванов. Јасно е зошто тој е погребан во воените, а не заедно со своите предци во селските гробишта, кои се веднаш до нив.

Тоа дека сите овие млади момчиња ги дале животите за интересите на бугарската држава ќе прочитате на малиот споменик на кој пишува: „Бугаријо, за тебе тие умреа“. Новоселци велат дека пораката на овие зборови е очигледна и со нив се сака да се каже дека Македонија била бугарска територија. Нада Поповска, пензионирана наставничка, ни објаснува дека она што се случувало за време на панихидата по повод возобновувањето на гробиштата пред седум-осум години, страшно ги огорчило новоселци. „Беше Задушница и дојде многу народ да ги посети гробовите на своите претци. Кога видоа дека на споменикот пишува ’Бугаријо, за тебе тие умреа‘, ги исвиркаа претседателите на двете држави, Бранко Црвенковски и Георги Прванов, кои присуствуваа на панихидата“, вели Поповска.

Меѓу штипјани бугарската војска ќе остане запаметена по тоа што во минатото таа повеќе уривала споменици отколку што градела. Кога во 1941 година ја окупира Македонија, прва задача и' била да ги избрише сите траги што пред неа ги оставила српската окупаторска власт, уривајќи многу споменици што таа ги подигнала по балканските војни и по Првата светска војна.

Дончо Ефремов, виш кустост во штипскиот Музеј, вели дека Србите тогаш изградиле две спомен-костурници, едната во спомен на умрените од колера, а другата во спомен на загинатите српски војници во Брегалничката битка против Бугарите, кои по неколку децении кога влегле во Штип и двете ги срамнала со земја. Тогаш бил избрзан и споменикот на српскиот генерал Михајло Ковачевиќ, убиен во атентат од луѓе на Ванчо Михајлов во октомври 1927 година. Бугарите тогаш ги собрале сите штипјани што работеле дотогаш во службите на српската власт и ги присилиле да го уриваат со заби. Упатените во минатото на Штип тврдат дека во градот имало и српски гробишта кои, исто така, биле раскопани од Бугарите. А во нив, главно, биле погребани Македонци, мобилизирани од српската војска што загинале на Криволак.


#
Статијата е прочитана 3130 пати.

Испрати коментар

Од: Esen
Датум: 02.11.2010 13:37:54
Sto e celta na ovoj feljton?Da se dokaze deka makledoncite se bugari ili pak da se ukaze na lugeto deka B.M.P.O nekogasnoto i segasnoto se edno isto,odnosno dvete imale ista cel vo pozadinata a toa e soedinuvanje so "majka B"lgarija".Procenete sami.
Од: pameten
Датум: 02.11.2010 13:46:38
Ako Bugarite vo Prvata Svetska Vojna bile okupatori, koja bila Makedonskata strana? Barem edna konspiracija da imalo.Zoshto po Ilindenskoto vostanie protiv Turcite i Tikveshkoto i Ohridskoto protiv Srbite, Makedoncite masovno, kako prizna i Cvetanovski odele dobrovolci vo Bugarskata armija. Duri Dimitar Vlahov bil Bugarski sluzhbenik. Site porblemi na deneshna slobodna Makedonija doagjat ot neprifakjaneto deka noarodt togash bil na staranata na koja shto se borele generali Ohrigjani kako Protuderov, Kliment Bojadzhiev... Ovie spomenici se ni zaednichki, poshto togash ushte sme bile edno. Po 25 godini se bilo razlichno...
Од: Toa ли е ЕУ демократија
Датум: 02.11.2010 14:07:07
Бугарија бара за гробишта а таа откако влезе во ЕУ ја укина ОМО Пирин. Македонија внесува графа Бугари а Бугарија брише графа Македонци кои веќе се изјаснувале. Цело малцинство непризнато а тие за поедини случаи. Така ли се практикува ЕУ демократијата.
Од: Иван
Датум: 02.11.2010 14:07:57
Бугарите со кого и да се фатат секој пат губат и секојпат се на погрешната страна. Тие се фатија на погрешната страна во Балканските војни и загубија, се фатија на погрешната страна во Првата и Втората св. војна и загубија. сега е на ред да загуби ЕУ. Наравоучение: бегајте подалекиу од Бугарите. Немаат мерка.
Од: VP
Датум: 02.11.2010 14:41:52
Деликатна е темата за гробиштата. И авторот сигурно е целосно во право - тоа може да биде сериозен проблем за Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и Европската унија. Во едно сум сигурен, сепак - Бугарија никогаш немала министер за надворешни работи Иван Калфин.
Од: nacional-patriot
Датум: 03.11.2010 04:04:06
Vo prvata svetska vojna,Sofija videla sansa za prosiruvanje kon tugji teritorii.Nekoi Makedonci od egzistecijalni pricini za nivnite semejstva,a nekoi nasilno regrutirani od sofiskata vojska i nekoi od srpskata vojska,se borele za tugji celi.Podocna imalo masovni dezertiranja na Makedoncite od tie vojski,a najgolem broj vojnici koi dezertirale bile so sila regrutirani.Sto bila druga pricina za dezertiranje osven valkanata vojna.Zatoa sto i togas za Makedoncite,srpskiot narod i takanareceniot bugarski narod bile tugji narodi,razlicni od makedonskiot narod,a togasnite rezimi vo Srbija i vo Sofija za okupatorski.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Министрите главни фаци на Собранискиот канал
Ковертирана недоверба
Кој ќе ќари пет млн. евра од ЈУ-лотото
Свети крави
Земјотрес во Србија - двајца загинати
Портата триумфираше над критиките
Која е Александрија Милс, најубавата жена во светот?
Владата наспроти народот
Бидете внимателни ако одите во Грција
„Трошка утеха“ за македонскиот Џемс Бонд
Ќе се расветли ли мистеријата за убиството во „Биг фиш“
Зонско паркирање и кај Пасошко
Наумовски
Стил
За еден шиткање пица - 22.300 евра
Пандев и Интер не мдрнаа против Тотенхем
Косовската Влада отиде во аут
Претседателот Иванов на гости кај Ѓукановиќ






EU report strongly criticises Serbia's progress
Macedonia begins rally season with little promise of real change
'Enlargement Strategy' criticises lack of media freedom in Western Balkans