Број 3421  вторник, 02 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Ќе се расветли ли мистеријата за убиството во „Биг фиш“

Истрагата заврши, а адвокатите најавуваат дека судскиот процес ќе фрли новa светлина врз мотивите за трикратното убиство

Љубиша Станковиќ


Истрагата, која изминатите два месеца се водеше за трикратното убиство што беше извршено во ресторанот „Биг фиш“ во скопскат�� населба Аеродром, е комплетирана и сега предметот е повторно во рацете на Обвинителството. Наскоро се очекува да биде подготвен обвинителен акт за осомничениот Тони Денковски, кој се товари за убиство на три лица во Скопје.

Во списите од предметот, како што се дознава, се наоѓа и вештиот наод и мислењето за психичката состојба на Денковски. Според наши сознанија, тројца психијатри го посетиле осомничениот во затворот „Скопје“ и неофицијално, конечното мислење е дека Денковски бил пресметлив во моментот кога пукал. Осомничениот за убиствата во меѓувреме се откажал од услугите на бранителот што му беше одреден по службена должност и ангажирал свој адвокат.

„Пред извесно време семејството на Денковски ме ангажира за негов бранител. Од разговорот што го имав со мојот штитеник, можам да потврдам дека тој во текот на истрагата го користел правото да се брани со молчење и дека врз него било извршено вештачење. Нема дилема дека на главен претрес тој ќе го искористи правото да даде своја одбрана што ќе фрли ново светло на настанот“, вели за „Утрински весник“ скопскиот адвокат Звонко Давидовиќ.

За случајот, кој се одигра во ресторанот „Биг фиш“, се вртат неколку шпекулации околу мотивот за трикратното убиство. Според една од верзиите, Денковски со години се познавал со една од жртвите. Тој, наводно, имал контакти со велешанецот Јордан Јорданов (36) викан ’Ркулот, но кога тој почнал да му се заканува, се случи крвавата пресметка на 2 септември во ресторанот „Биг фиш“ што се наоѓа во Трговиот центар „13 Ноември“.

Според друга верзија за настаните, на Денковски му биле упатувани закани по телефон, но тој не можел да открие кој стои зад нив. Според трета верзија, пак, тој сосема случајно се нашол во друштво на припадниците на „франкфуртската мафија“. Дали на Денковски навистина му биле упатувани закани за неговиот живот и за животот на неговите деца, ќе се дознае на скорешното судење.

Трикратното убиство се случи на 2 септември годинава, околу 20 часот. Осомничениот Денковски влегол во рибниот ресторан „Биг фиш“, а потоа рафално пукал во тројцата што седеле во угостителскиот објект. Од истрелите на самото место бил убиен Владо Милошев, вработен во МВР, додека со тешки повреди во Ургентен центар беа пренесени велешанецот Јордан Јорданов-Ркулот и 26-годишниот Влатко Андревски, кои подоцна им подлегнаа на повредите.

Според една верзија, Денковски сам влегол во ресторанот, но според други сознанија, се појавил во придружба на негов пријател, по што накратко заминал од ресторанот. Потоа се вратил со автоматско оружје в раце и рафално пукал во тројцата. Нападот го преживеала само една девојка што седела со нив на масата. Откако ги застрелал, Денковски го фрлил автоматот пред влезот на ресторанот и заминал. Утредента доброволно и' се предал на полицијата.


#
Статијата е прочитана 2097 пати.

Испрати коментар

Од: граѓанин
Датум: 02.11.2010 13:10:34
„ТРАНЗИЦИЈАТА“ која впрочем не е завршена, ни донесе спрега помеѓу криминалците и политиката.Тоа не е нешто ново. Она шо е вознемирувачки факт е што тие односи станаа секојдневие. Затоа кај нас имате деликвенти кои се обезбедување, па убиват , тепаат секако без казна, рекетари, лихвари и дилери кои никој не ги апси , а народот ги знае.Сето тоа ја убива вољата и вербата кај обичниот граѓанин и таа потоа не се враќа со споменици. Џабе. И на „пилињата“ им е јасно дека криминалците работат „под заштита“.Се апсат само оние кои не се дел од играта.Сетоа ова ја прави државата несигурна, народот разочаран и подготвен на вакви акти, и сето ова е дел од ПРЕДАВСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА.
Од: b
Датум: 02.11.2010 13:29:53
Е па кога ке се расветли, повторно напишете. Може и на парче мраз!
Од: kiki
Датум: 02.11.2010 21:42:22
мислам дека треба да го пуштат тој ТОНИ ДЕНКОСКИшто ги уби тројцата во СОПЈЕ.Зошто да не го пуштат него,а го пуштија ШАНДАЛО ВО ПРИЛЕП,СЕ ШЕТА СО ВИСОКО КРЕНАТА ГЛАВА КАКО ПАУН,а уби невин човек,човек на кого сопругата му почина неполна година пред да го убијат,А НА УБИЕЦОТ ШАНДАЛО ДПМНЕ МУ ЈА ВРАБОТИ СОПРУГАТА И ГО НАГРАДИ СО СЛОБОДА ЗА УБИСТВОТО

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Министрите главни фаци на Собранискиот канал
Македонско-бугарски историски контроверзии (20)
Ковертирана недоверба
Кој ќе ќари пет млн. евра од ЈУ-лотото
Свети крави
Земјотрес во Србија - двајца загинати
Портата триумфираше над критиките
Која е Александрија Милс, најубавата жена во светот?
Владата наспроти народот
Бидете внимателни ако одите во Грција
„Трошка утеха“ за македонскиот Џемс Бонд
Зонско паркирање и кај Пасошко
Наумовски
Стил
За еден шиткање пица - 22.300 евра
Пандев и Интер не мдрнаа против Тотенхем
Косовската Влада отиде во аут
Претседателот Иванов на гости кај Ѓукановиќ






Commission to give green light to Montenegro's EU candidacy
Albania criticised by EU for lack of political dialogue
EU enlargement reports reveal mixed progress for Balkan states