Роби Вилиамс
Својата жена ја сметал за луда
Пејачот Роби Вилијамс, кој пред неколку дена на тајна церемонија се ожени со долгогодишната девојка, пред медиумите откри како, всушност, ја запознал својата љубов Ајда Филд. Иако многумина очекуваа Британецот да раскаже некоја романтична бајка, реалната приказна е многу поинаква. Имено, Роби и Ајда се запознале на куќна забава која ја организирал пејачот во Лос Анџелес.
„Веднаш штом влезе во мојата куќа, помислив - трудна е! Тогаш, се напи неколку чаши вино и бев прилично сигурен дека сите жени од Лос Анџелес се ужасно лоши. Мислев дека е луда штом решила трудна да пие алкохол“, кажа Роби, додавајќи дека првата средба била претходно испланирана, односно пријателите се обиделе да ги спојат. „Подоцна седнавме еден покрај друг на каучот и, во тој момент, се случи магија - љубов на прв поглед“. |