Број 3359  понеделник, 16 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Македонија чекор поблиску до Литванија

Кошаркарската репрезентација ја совлада БиХ со 70:56 во квалификациите за ЕП 2011

Позитивата од 14 коша (26:12) што ја стекна по првата четвртина, македонската кошаркарска репрезентација успеа да ја задржи и до крајот на средбата со БиХ, во саботата во Скопје, за конечни 70:56 и за трета победа во четвртиот меч во групата Б во квалификациите за Европското првенство во Литванија во 2011 година.

Играч на натпреварот беше центарот на белградски ФМП Железник, Предраг Самарџиски. Го имаше насекаде на теренот. Мечот го заврши со дабл-дабл ефект од 15 поени (4/8 за два, 7/8 слободни фрлања) и 10 скока, по пет во офанзивна и дефанзива, кон кои додаде по две асистенции и „банани“, а во меч статистиката запиша и две украдени топки.

„Голема благодарност до фановите за поддршката што ни ја дадоа. Не' бодреа и во моментите кога работите не одеа како што посакуваме. Одигравме агресивно во одбрана и разликата од 14 поени на крајот е реална слика на онашто се случуваше на теренот. Остваривме важен триумф во борбата за место на шампионатот во Литванија со кој остануваме во трка за првата позиција во групата со селекцијата на Велика Британија“, истакна, Самарџиски.

Најефикасен кошаркар во натпреварот беше Бо МекКејлеб кој во вториот меч за нашиот национален тим имаше ефект од 19 коша (7/11 за два поена, 5/6 слободни фрлања), пет скока (два офанзивни, три дефанзивни) и украде три топки од гостите од БиХ. Со двоцифрен број поени (11) беше и Тодор Гечевски. Хенрик Домеркант беше прво име во селекцијата на БиХ со 13 коша, по 11 уфрлија Варда и Бавчиќ, но победата на Македонија во саботата не беше доведена во прашање во ниту еден момент.

„Одигравме фантастично во првиот период од мечот, во вториот направив неколку измени со намера да го зголемиме притисокот врз противничката одбрана. Се соочивме со мали проблеми за пробивање на дефанзивната зона на гостите во второто полувреме, но не дозволивме да го загубиме тоа што го градевме дотогаш. Имавме доволно енергија да осигураме мирен финиш во овој, за нас, важен натпревар. Водевме од првата минута до последната и ја заслуживме победата“, изјави по мечот Марин Докузовски, селектор на репрезентацијата на Македонија.

Зонската игра на БиХ во второто полувреме можеше да го внесе мечот во неизвесна завршница. Како резултат на тоа гостите се доближија на минус 5 од нас (53:48), но повеќе не им дозволивме. До крајот направивме серија од 13:5 за заверка на успехот.

„Немавме решение за играта на Македонија, посебно во воведните 10 минути. Мало резултатско враќање имавме во второто полувреме, но, за жал, не успеавме да направиме целосен пресврт. Мислам дека со овој пораз ја загубиме и последната шанса да останеме конкурентни за една од позициите кои водат на ЕП во оваа квалификациска рунда“, изјави Сабит Хаџиќ, селектор на БиХ.

Македонија моментно е втора во Б групата со седум бода, еден помалку од лидерот Велика Британија која оствари максимален ефект во првата половина од натпреварите во конкуренцијата. Наредниот меч нашите најдобри кошаркари ќе го одиграат утре како домаќини на селекцијата на Украина (сала: „Борис Трајковски“, 20,45 часот).



МакедониЈа - БиХ 70:56

По четвртини: 26:12, 13:12, 12:21, 19:11. Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 7.000. Судии: Миливое Јовчиќ (Србија), Никола Лепетиќ (Црна Гора), Харалампос Каракацунис (Грција).

Македонија: Мираковски 9, Соколов 6, Караџовски, В. Стојановски 2, Д. Стојановски, Костоски, Гечевски 13, Антиќ 5, Симоновски, Чековски 1, Самарџиски 15, МекКејлеб 19. Селектор: Марин Докузовски.

БиХ: Нешовиќ 8, Којадиновиќ 3, Хоџиќ, Милошевиќ 2, Бавчиќ 11, Јазвин 2, Варда 11, Домеркант 13, Дедовиќ, Бајрамовиќ 6, Дурасовиќ, Халиловиќ. Селектор: Сабит Хаџиќ.


#
Статијата е прочитана 1283 пати.

Испрати коментар

Од: Гуто
Датум: 16.08.2010 19:25:23
Првите две четвртини беа уживање за гледање, треттата гледање под стрес и четврттата, по серијата (6 коша) на Сколовски, се беше како што посакувавме.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Манастирот Бигорски добива автентичен лик
Морален помор
Иванов и Рамковниот
Својата жена ја сметал за луда
Загубената среќа
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (10)
Посложенa процедура до бебе од епрувета
Aпсолутистички развој
Божидар Димитров фатен во корупција
Наезда од муви во Црвени Брегови
Карикатура
Пеколна пустелија
Стил
Магазин