Број 3359  понеделник, 16 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Морален помор

Горан Адамовски

Безработица, транзиција, лажни вредности, грешни идоли, распаднати семејства, нефункционални образовни институции, апатија во сегашноста, недоверба во иднината...

Апсолутниот пад на моралните вредности е видлив на секој чекор. Само што од ден на ден станува се' побизарен. Кога ќе слушнете дека 24-годишно момче сексуално злоупотребило 13-годишник во манастирски одаи - единствено преостанува да се прашаме што ќе биде следно?

„Во наше време не беше така. Вие младите гледате многу американски филмови, плус Интернетот и затоа сте станати такви“, е еден од „аргументите“ на повозрасните граѓани. Социолозите и психолозите ќе ви каж��т дека случаи на педофилија, полови напади и силувања имало секогаш, само што во „тоа“ време било срамота да се признае и јавно да се говори.

Како да се најде излез од силуваната сегашност? Според стручните лица, семејството и училиштата се главен играч во решението. Здраво семејство во кое родителите ќе и�� посветат соодветно внимание на своите деца и образовни институции каде што децата ќе бидат научени на моралните вредности.

Но, во голем број случаи, децата се запоставени дома, бидејќи родителите водат битка за преживување на месецот, а училиштата им стануваат полигон за искалување агресија.

Околината им сервира да се воодушевуваат на сомнителни ликови, а изопачени возрасни мозоци им „помагаат“ да се афилираат во зрели личности. А, утре ќе имаат свои семејства.

И потоа, кога ќе ни се случи урнисување на моралот, јавноста ќе бележи, експертите ќе укажуваат, а надлежните ќе се чудат.


#
Статијата е прочитана 1563 пати.

Испрати коментар

Од: Горан
Датум: 16.08.2010 01:26:11
Морален помор е кога авторот зборува за Морален помор, а воопшто не ја спомнува битната улога на медиумите во Моралниот помор.
Од: Сергеј
Датум: 16.08.2010 01:52:59
Би сакал да знам, кога Груевски и неговите гласноговорници ги критикуваат „искривените вредности на претходниот систем“, дали при тоа ги величаат и промовираат „новите вредности“ на сегашниот систем, оние кои толку добро се набројани погоре во текстот?! ( http://otpor.log.ph )
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 16.08.2010 07:41:29
Sto e za cudenje.Vo kapitalizmot egoizmot e dvigatelot na akumulacija i dvizenje na kapitalot.
Од: Јован АН
Датум: 16.08.2010 07:52:00
Во падот на моралните вредности најголем допринос имаат новинарите со своите медиуми.Кои се “глабните“ вести на телевизиите,во печатените медиуми?Во својата глад за ексклузивност,новинарите не се доволно критички за последиците на своите писанија?Да земеме само еден пример - се промовира промена на името на нашата држава заради наводен повисок стандард !?!Демек,хедонизмот поважен од патриотизмот(збор што многу новинари го користат со потсмев).
Од: ivona
Датум: 16.08.2010 08:45:17
Katastrofa vo celiot sistem na vladeenje na ovie nepismeni pilistari koi urnisaa se zdravo i zakonsko,tolku.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Манастирот Бигорски добива автентичен лик
Иванов и Рамковниот
Својата жена ја сметал за луда
Загубената среќа
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (10)
Посложенa процедура до бебе од епрувета
Aпсолутистички развој
Божидар Димитров фатен во корупција
Наезда од муви во Црвени Брегови
Карикатура
Пеколна пустелија
Македонија чекор поблиску до Литванија
Стил
Магазин